Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. Се изненадив кога прочитав дел од мислењата дека се „за“ некои работи.

    Кога мислам на традиции, веднаш ми текнува на некои традиции кои се зачувале низ Европските земји. За некои можеби изгледаат смешно, ама за нив тоа е нешто кое дополнително поттикнува туризам и привлекува внимание.
    „Западот“ има толку многу големо внимание бидејќи се многу побројни, па така, нивните работи ги има насекаде. Ќе го земам за пример оној кој прави видеа во природа: номад македонецот (навистина не знам како точно се вика, ако го знаете - супер, ако не ќе се обидам повторно да го побарам). Имам видено само 2-3 видеа, колку да видам за што се работи. Не е мој стил на контент и продолжив понатаму, за отпосле повторно да ми се појават и сфатам дека многу го исмеваат. Да беше некој странец, најверојатно ќе имаше многу поддршка. А бидејќи сме малку, преовладува исмевање.
    Каков е овој феномен што туѓото исто такво го величиме, а нашето го исмеваме?

    Ќе ми текне на неколку смешни традиции: La Tomatina, Шпанија. Фестивал каде што луѓе се маваат со патлиџани.
    Мноогу карневали со страшни маски кои ги има во неколку држави - исто така многу популарни. Дури и бугарија се прослави со еден таков, не само туризам туку и по странски медиуми го имаше.
    А нашиве два такви, македонецот сам си ги омаловажува. Секако дека не може да биде за секој, ама многу ми е чудно како традиција во странство се чува толку цврсто, а слични во Македонија се исмеваат од најголем дел од популацијата.

    Во Македонија порано се маскирале за 1 Април, денот на шегата. Се маскираа и стари и млади, се одеше така низ кафулињата, се бираше најинтересна маска... Откако се дозна на големо за Halloween, традицијата за маскирање на 1 Април се заборави. Хелоуин стана синоним за маскирање, со изоставување на trick or treat.
    Во дел, претежно источна Македонија за коледе се месат коледашки (колачиња) и децата одат од куќа на куќа и собираат коледашки (колачиња). Во последните години таа традиција речиси и да не постои, за жал. А зошто? Делумно е дека снемува деца и семејствата се селат, ама сигурно не е до толку да нема ниту едно коледарче.
    Сурова е исто традиција која се славела (претежно, но не исклучиво низ селата) на стара нова година. Се преправале и оделе од куќа на куќа и пееле песни.

    Ова се само дел од традициите на кои се сетив, а кои во последните години се речиси целосно исчезнати. Од срамење од сопствената традиција, а прифаќање на туѓата.
    Вака се губиме самите како нација, си ги бришеме сопствените обележја, се срамиме од своето.
     
    На nextredstyle, Annath, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Во западниот свет можеш колку ти душа сака да ја критикуваш државата, можеш комотно да практикуваш традиционални вредности, можеш да плукаш по геј луѓе без никаков проблем и во најлош случај (според тебе) ќе се осетиш неприфатено бидејќи не си навикнат на таа средина.
    Во Русија можеш да одиш во затвор ако извадиш знаме со виножито.

    Во Америка си купив приврзок од Трамп со соблечени гаќи и кога ќе го стиснеш му излегуваат ствари од газ. Смеат ли да постојат такви приврзоци од Путин?

    Човечките права, особено правото на слобода на говор е нешто што го земаме здраво за готово кога живееме во земја каде имаме права. Да, капитализмот е измислен од запад и е едно од најголемите зла на светов, ама западот ја измисли и науката и човечките права, што мислам дека многу се занемарува ако веќе сериозно ја сфатиме темава.

    Е сега што е подобро: да имаш основни човечки права или да имаш заедништво и ти нудат јадење на гости, секој за себе си одлучува.
     
    На Pixi5, RespectAndObey, Tanjamm и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.828
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, не сум доволно информирана за што се случило, и како што гледаме никој од нас не знае точно што се случило. Набрзина листав низ мислењата и врз таа основа го напишав тој дел мислењето.
    И да не било со намера децата да ја видат таа 16+ содржина, тој што е должен за нив е одговорен, сигурно не заталкале сосема сами од дома до таму.
    Инаку дека ова ќе се искористи да се плука на големо против ЛГБТ сум сосема свесна, за жал.

    Тоа што можиш слободно да критикуваш и да купуваш гаќи или привезоци со претседателот не значи дека нема никаква цензура и пропаганда во државата. Нема таква држава каде сѐ ми се допаѓа.
    И да, како што кажав, секој слободно може да си ги стави на кантар работите кои му се важни и да одлучи што најдобро функционира за него. Ако не ми чини нешто таму каде што сум и немам моќ да сменам, нема да седам повеќе.
     
    На nextredstyle, sonuvana, ArabellaStarfall и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Секоја ви чест на моралот на тебе и на твоите лајкувачи ако на кантарот ваш повеќе тежи дали ти нудат јадење на гости отколку правото да ја критикуваш државата. :clap:
     
    На staycalm, Ketchup, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.093
    Допаѓања:
    55.828
    Пол:
    Женски
    Да, побитно ми е чувството на заедништво во едно општество отколку можноста да купувам смешни привезоци со претседателот. Не гледам зошто на некој што не го засега би му било проблем тоа. Темава не е за што ставаме на кантар јас и моите лајкувачи. :)
     
    На christinnn, nextredstyle, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.944
    Како западот ја измисли науката и кој запад, која наука ја измислил?:^)

    А за кој што има право да критикува и каде, не ќе биде лошо да се информираш пред да почнеш да продаваш морални поуки. На пример лекција број 1-Трудо и камионџиите https://www.nytimes.com/2024/01/23/world/canada/trudeau-emergencies-act-trucker-convoy.html#:~:text=A Canadian court found that,, and, in some instances,
    За небитни обвиненија и пресуди, на пример на учители, оти рекле ова или она, во ЕУ:!:- во наредната епизода.

    Значи, настрана од интермецото- госпожата Рајт ја фрли темата без контекст, па да пофатиме конци:sweat:
    Прво-темава ми звучи ко да е од 1924, пошто тогаш отприлика мислам почнавме да расчистуваме со традиција, ако е да му се верува на Борислав Станковиќ (тој ваљда ја напиша Нечиста крв:?:).
    Западна култура има влијание на нашата култура па добри децении, откако постои телевизија, се слушале Битлси и се гледало Династија, Мелроуз плејс, Монти Пајтон, итн итн до Кардашијан и јунејмит. Луѓе што слушале Битлси и Монти Пајтон ваљда не играле пајдушко и не учествувале на традиционална пифтијада (пошто не постои таква традиција). Која е западната култура и над која традиција се обидува да преовлада не ми е јасно, пошто не постои една западна култура, а ни традициите не ни се некоја јака страна.
    Тоа што се продава се шарене лажи, па еве гледаме одат како алва. И така тоа.
     
    На Annath, INNERBEAUTY и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Примети ги сите патерни што се прават во последно време и каде највеќе удираат, а тоа е на децата.

    Посочив неколку примери кои протекоа во јавноста, дури и обид за носење на закони, кои беа неуспешни. Но, се гледа преку овакви примери дека гледаат да го опипаат пулсот на народот и да видат што може да помине, а што не, и до каде.

    Ете, уште еден случај што заборавивме беше оној во школо или градинка во Скопје каде им наложуваа на децата да ги сменат облеките, т.е. машките да се облечат како женски, а женските како машки.
    На прва, слатка игра под закрила на инклузивноста и разликите меѓу половите кои се граделе во општеството низ годините.

    Но, во позадина еден тежок социјален конструкт, пропаганда со мрачна цел за усмерување на децата. Тоа, требаше да биде и поткрепено со закон каде што децата ќе имаа право да се изјаснат кој род се, родителите ќе немаа право на никаков избор, а ако пробуваа да им го сменат мислењето, ќе значеше опресија до ниво на одземање на дете. Хормонски блокатори и терапија во години кога се почнува пубертет, и бесплатна операција од државата.
    Кој би бил најголема жртва на овакво нешто? Деца од девијантни фамилии, бракови во криза, бракови со насилство и кавги, деца без родители, или оние кои веќе се во длабока депресија од било која причина и се лесни за манипулирање.

    Мислам се отвори и ваква тема на форумов за да се гура таа пропаганда, не е прв пат.

    Кој и зошто сака да го прави ова? Не знам искрено. Само знам дека ЛГБТ луѓето им се една од алатките до целта која сакаат да ја постигнат.
    Реално, до скоро беа опресирани и отфрлени општествено во скоро цел свет, а кај нас уште се оцрнувани и осудени. Во една таква ситуација лесно беше овие луѓе да се придобијат, и во иднина да се искористат за некои други цели, за свет кој тек треба да се модификува по желбите на оние центри и кругови што стојат во позадина. ЛГБТ луѓето се уште една жртва која се користи. И тоа е многу жално. Посебно што беа во ситуација каде што немаа друг излез затоа што општеството се наоѓаше во еден екстрем. Сега преминува во друг. А, овој ќе роди трет.

    Некој го викаат тоа мулти поларен свет, но мене повеќе ми личи на би-поларен, и тоа може веќе да се види. Две екстреми, тотално спротиставени, еднакво опасни, и ништо во средина.
    Можам и за другата да пишувам зошто е опасна, на кој начин негативно влијае, и, веројатно како и на оваа крајната цел и е тотална контрола над населението. И веројатно и од таа страна ќе бидам извреѓан дека сум лџбт активист или слично, како сега што бев наречен хомофоб. Иако сум далеку и од едното, и од другото. Но, како што реков, тој е најголемиот проблем што има две екстреми и ништо во средина.

    Да се вратам на темата. Не. Не верувам дека ЛГБТ луѓето се експлицитни порнографско сексуално девијантни луѓе. Не, воопшто. Не верувам дека никој геј овде би сакал да пушта порнографска содржина пред деца полна со фалуси, еротски содржини и мастурбирање. Му се гади од самата помисла такво нешто да прави пред деца.

    Но, оние центри на моќ кои се наоѓаат позади и ЛГБТ им е само уште една алатка за нивната пропаганда и цел, иако не сакам да верувам, но по сите патерни што може да се забележат кај нас, а и во странство, можат да направат и далеку пострашни работи, а и прават. Ги има премногу, верувај, и не сакам да споделувам некои детали на форум затоа што се одвратни грозоморни дела кои никој не би сакал да ги види, а кружат низ интернетот и секој може да ги најде, ако сака.

    Тие луѓе не се никаков дел од ЛГБТ или Black life matter движењето, Woke, или било кое друго невладино движење кое има за цел да ја спроведе нивната пропаганда под закрила на инклузивност, диверзитет, демократија, човеки права и розов свет.
    Се, се, само светот нема да биде розов.

    И ние може да мислиме не само 3 дена, туку цела недела за да најдеме логика... но, нема да најдеме. Затоа што логика нема.

    Simple e. Се работи за болни психопати кои имаат огромна моќ и се наоѓаат на врвот моментално каде што може да контролираат и менуваат работи кои имаат огромен импакт на цел свет.

    Па, следен пат кога ќе ги остават "ненамерно" децата сами во соба за детска изложба, а во истата има врата со завеса и внатре е пуштен клип со порнографски содржини. Или дека во УК им даваат домашно на 9 годишни деца да мастурбираат а на 12 ги учат за анален секс. Или зошто децата на претшколска возраст ги учат за pronounce, мастурбирање и секс, воопшто нема потреба да се чудиме и бараме логика.

    Во ЕУ се предложуваат овакви закони, посебно во Германија и Франција.

    [​IMG]

    Колку повеќе се чита, се собира детали, се редат коцките, се добива пошироката слика за што се крие во позадина.
    Она што е жално е дека има многу паметни луѓе кои сеуште не можат да сфатат за што се работи поради тоа што се лимитираат себе си и не сакаат да одат out of the box, да видат повеќе. Иако, добро е што се повеќе и повеќе луѓето се будат, и се осмелуваат јавно да говорат.

    И јас секогаш сум избегнувал да влегувам во дискусија за овакви теми баш поради лепење етикети, навреди, закани и плукање. Знам дека ретко кој би отишол под површината и се ќе остане на хаха хихи муабети.

    И, пак ќе речам, ова нема апсолутно никаква врска со ЛГБТ како првично движење за права на овие луѓе. Се работи за нешто сосема трето кое е многу опасно и лошо.
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
    На christinnn, Miss666, Directioner005 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски
    Не ни се јака страна бидејќи си ги исмеваме. Половина од традициите кои си ги имаат градовите па и селата не ги знаеме бидејќи на ниту една телевизија не ги даваат, а не пак да се поттикнат или уште помалку да се промовираат. Во последно време почнаа да се прават емисии ама една или две емисии се недоволни за да се покрие се'. Нема новинари, има локални самоуправи кои се тотално незаинтересирани и резултатот е исчезнување. Не само традиции туку стари песни, приказни, празници се исчезнати. По некој ќе направи по нешто ситно кое останува незабележано од пошироката јавност и на тоа останува. Не можеме да продолжиме традиција која не си ја знаеме или си ја исмеваме или ги исмеваме оние кои си ја практикуваат.
     
    На Angie1432, sonuvana и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    Добро образложение, нешто чудно и ненормално се случи со ЛГБТ движењето пред 3-4 години. Имав можност годинава да одам на размени низ Европа и да запознаам повеке луге од светот кои се дел од ЛГБТ. И самите се згрозени од тоа што се случува, од давање хормонални блокатори на деца и учењето дека дете на 12 години може да смени пол, а овде се и најмодерните gender non binary којашто е нова мода. На никој не му е јасно како од борба за еднакви права тргна во реклами за менување на пол на деца и нивно обезличување кога уште не се свесни за ништо. А тука се и геј парадите кои личат на перверзни секс шоу-а.
    Моментално се во подобра положба да победи Трамп отколку Бајден и сопартијците кои уште толку ги претворија во ѓаволи во очите на другите луѓе.
     
    На christinnn, ArabellaStarfall, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Значи предалеку отидовте дечки.. :whew:
    Издрамивте до бесвест.

    Воопшто не. Значи ако збориме за слабостите и негативните ефекти и влијанија на Западот, по дифолт одма сме хомофоби, трансфоби? :?:

    Шо тоа, значи прифаќаш дека не е идеален Западот и има многу несовршености и слабости?

    Фала Богу не реков дека ништо не чини не знам зашто за тоа се фаќате.
    Оф леле, одма паметот натаму ви иде коа ќе се спомнат традиционални вредности..
    Затупени домаќинки заглавени по цел ден у кујна, на кои главна преокупација им е да шири нозе и прави деца. (facepalm)

    Се слагам дека не треба да се наметнува на друг. Кој ти наметнува тебе?
    Слободно прај што мислиш. Демократија сме нели. :)
    Во прв ред непочитувањето на своето во секоја смисла. Јазик, празници, култура, позитивните традиционални вредности, а на сметка на тоа глорифицирање на западната култура.
    @NoirSerpentine баш убаво ја сфатила поентата.

    Точно, широка е темата па затоа доста се расплинивте и се запукавте одма ради ЛГБТ пропагандите, кои за воља на вистината ги има.. Се пронајдоа сами некои.

    ДА за инклузивност и прифаќање на различностите но НЕ за перење мозок!!!
    Слобода на говор и без цензура ама и тренд на присилно наметнување мислења и ставови и директно замолчување кога ќе ги соочиш со вистината и ти на крај си агресорот, они жртвата. Што фино демократско инклузивно општество..

    Сега ти и накај политика сврте, па некако се прават дека не те разбираат дечкиве. :^)

    Битно ние сме против ЛГБТ и не сакаме инклузивност, според нив и тоа е најголемиот проблем.
    Океј е, знам дека ширење омраза ти е другото име тебе. Поинаку не верував дека ќе пишеше. Кажи нешто ново за тебе, ова го знам.
    На случката со кампот скроз заборавија изгледа. Добро што го спомна.

    Они не чуле за соросоидните организации ко ХЕРА, ХОПС, МАРГИНИ, Хелсиншки Комитет, и за тоа која им е целта, од Марс паднати се..:|

    Не знам на кого му се објаснуваш кога се тригнаа самите и или не сфаќаат како стојат работите или не сакаат да прифатат. Не знам што е работата.

    Интересно е кој све се пронајде тука.

    Царовска со сексуалното образование..
    И детските "едукативни" емисии на МТВ.
    Некои си сликовници со недолична содржина кои можеби уште се продаваат во книжарници..

    А родител 1 и родител 2 глеам си го користат во е - дневник, така ги воделе родителите.
    Ахам, така е. Само и единствено овде царува интересот. Не знам поголем мразач на сопствениот народ дали има од тебе.
    Бејб не се нервирај и ти толку, губиш лепота. :l:

    Ај ти еве ко претставник на ЛГБТ кажи ми зашо сте толку неподносливо агресивни во пропагирањето? Зашо мислења наметнувате?

    Не, не сум хомофоб, апсолутно и ти и останатите правете што сакате во животот, ваш живот, ваше право, декларирајте си се како сакате и живејте си по ваши правила, лично не ми сметате верувај.
    Но, зашо со сила го наметнуваш твоето дека е најправилно, а ги исмеваш другите кои не го делат твојот став?

    Многу контрадикторни сте.

    Супер што си го браниш твојот став и убедување, така и треба но на овој начин ли? Испаѓа плукаш и ти, а демек инклузивност бараш.
    Викаш значи ова целта им е а? :?:
    Колку тоа они мислат на општото добро за сите нас. :angel:

    Пак не сфаќаш ниту ти што значи традиција уствари.

    Еве, зашо вие имате толкава омраза и сте против традицијата?
    Значи у прва прилика коа се спомиња, вие одма у негативен контекст, потенцирате неписменост и насилство?

    Добро, си се запрашала, кој нормален ова го сака и поддржува?
    Ама се наметнува, како не сфаќаш.

    Како што ти викаат другите, цел си имаат моќните влијателни сили.
    @Billy Idol убаво им посочи.

    Спомнавте и за религија нешто некој од вас, зашто им смета толку религијата, против Цркавата се, се исмеваат и мајтапат на вулгарен начин?
    Тоа океј е според тебе? Атеисти нека си се, нека веруваат у што сакаат, или нека не веруваат ама малце треба усул да се има до каде треба да се иде.

    Затоа што е странско, западно, современо, поинтересно, привлечно, посакувано..
    Конечно некој правилно да ја сфати темата и да се фокусира и на побитните нешта. А не само да се тригнува без врска и да се препукува, притоа изигравајќи жртва.

    Токму на овој момент мислев кога велам дека западната култура која се повеќе се наметнува како тренд, и се обидува во целост да ја негира нашата традиција.

    Кога спомна и за срамење од сопствената традиција, уште малку ќе дојде денот кога ни јазикот нема да си го знаеме, не дека и сега го нема ова.
    Страшно ме иритира тоа претерано форсирање на англицизми на пример уште од најрана возраст. Има деца па и возрасни кои буквално се неписмени, слободно можам така да ги наречам и тоа е толку поразително и жално.
    Значи се сложуваш дека не е во ред ова што се случува?

    Никад не би сакала да сум дел од вакви паради и тоа значи дека хомофоб сум според вас?
     
    На christinnn, Billy Idol, Directioner005 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова ? :x

    Ја отворив да пропагирам?
     
  12. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    Мешате баби и жаби. Може да се чува традицијата и пак да живееме модерно. Пример сите Европски држави каде си ја чуваат и негуваат изворната култура и си ги слават празниците, си ја чуваат архиттектурата а пак живеат на модерен начин и на начин како шо сакаат.
    Образложувам
    Дали да се изгуби Македонската култура - Никогаш!
    Дали да го прифатиме Европскиот менталитет -Да, шо побрзо, оти ке умрееме од корупција и малограганштина!
     
    На Angie1432, ArabellaStarfall, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Не, не. Мислев кога беше актуелното со тие законите на Царовска, родител 1 и 2. Тогаш беше hot topic.
    И потоа таа со родовите беше ептен актуелна.

    Секако дека се. Кој нормален не би бил згрозен од пропагандата што се тера.
    Онаа почетната за права на геј луѓето нема ама апсолутно никаква врска со оваа денес.
    Од градење на подобро општество каде сите ќе имаме еднакви права, каде овие малцински заедници ќе бидат заштитени со закон преку брачна заедница и слично, без да се омаловажувани и опресирани, дојдовме до ниво да се пушта експлицитна порнографска содржина на деца во училишта и да се учат деца од 5 годинки дека сами може да одберат дали се машко или женско, или спајдермен. :)

    Најстрашното нешто се хормоналните блокатори. 12 годишни деца, засекогаш унаказени. Неповратно уништени животи.
    И за ова, мора еден ден некој да одговара.

    @Mrs. right , таман си е темата. Ете се разви во оваа насока на воук и родова пропаганда која се шири од западот. А може ќе премине и за традиции, празници, обичаи и слично кои земаат се поголем замав. Пр. Ноќта на вештерките наместо Бадник/1ви Април.
    Утре може ќе почнеме и тенксгивинг наместо прочка.
     
    На BlackNight, sonuvana, ArabellaStarfall и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Позитивната практика, ама не и негативната. Селективно да прифаќаме.

    Не си за губење на македонската култура ама полека избледува таа култура, не си приметил ли?

    И едно е европскиот друго е америчкиот менталитет.
    А Запад се и двете и се тесно поврзани.
     
  15. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    Македонската култура умре од политичарите кои ја продадоа земјата на соседите, спротивно на волјата на граганите. Кога високо квалитетни луге се прогонувани поради непотизам и корупција. Кога лугето работат со саати и пак не можат да врзат крај со крај. Е затоа не остана ни еден горд Македонец, а Македонија заедно со нејзината култура- умира, затоа што нема да остане ниеден Македонец тука. А и поради циркусот што го изиграа, срам ни е насекаде да се кажуваме од каде сме.
     
    На Gosh, Tanjamm и Adidas888 им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Надвор од темата ама кој ги брани политичарите?
    Да е до мене би ги истребила , еден да не остане.

    Во право си за ова но пак и народот го кривам и секогаш ќе го кривам.

    Абе не може да не мотаат како сакаат, а ние само да климаме со глава и да прифаќаме без ниту малку да се побуниме. Дај жити се. Ко да не знаеш дека продадени души сме ко народ општо зборам. И стојам на тоа дека сами криви сме си за се, не можам поинаку да мислам.

    Тие политичарите кој ги гласа? Кој иде на митинзи и полни сали? Ама коа треба за нешто битно да се обединиме, и да прoтестираме на пример, тогаш не нема. Одма страв од уцени и притисоци.

    На страна тоа што се знае нели кој управува и манипулира со нас.
    Мислиш овие идиотиве се способни држава да водат, тие само си користат прилика, им се може и се изживуваат.

    И народот голема кривица има да бидеме реални.
    Не сме за оправдување никако.
    Да, шубаво за оние што си користат секогаш. Супер. После ни се смејат, епа ќе ни се смејат и срам ќе ни биде секако.
     
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.391
    Пол:
    Женски
    Нормално е кога отвараш тема и не ја конкретизираш, секој да си ја интерпретира како сака и да си сфати како сака. Јасно ми е како е направена темата: во моментот те нервира нешто и мозокот нафрла колку може и на крај секој си сфаќа различно :D Јас така ја сфатив, друг инаку, трет сосем трето. Добро е што сепак има дискусија.

    Ги разбирам оние кои паралелно учат странски јазик и акцент се дава на тоа. Кој сака да остане во држава која е глува на секој обид да се направи нешто и се туркаат туѓи пропаганди. Не само туѓи, последно е и ова со косовскиот фестивал, а за македонски настани буџетот смален на мин, ако не и помалку. Со такви потези буквално кажаа „многу е традиција“. Ова е само еден од многуте примери. И лани беше иста приказна со детски фестивали, џез фестивалот и многу други... Ама ова па сами си го дозволуваме. Како без памет...
    Гледам дека веќе нема книги на македонски кои немаат грешки во нив. Исто така и медиумите се преполни со основни грешки. Порано овие работи беа поим и се знаеше: како е напишано таму, така е. Сега некој основец да чита книги ќе се испобуни. Само ова придонесува кон неписмена нација. Не толку она што паралелно се учат други јазици. Мозокот има капацитет да учи. Ама како ќе го научи е многу поважно.

    Државата, општините, локалните самоуправи се тотално глуви на сите и секој обид да се направи нешто. Не е дека нема луѓе кои сакаат, а многу од нив кои умеат, направиле сами. Практично, сами ги бркаат сите оние кои се обидуваат да направат нешто. Затоа има толку малку поддршка за локалните иницијативи за зачувување на одредени традиции.
    Да тргнете низ Македонија, секое село, секој град, секое маало има различна традиција. Староседелци или мештани знаат. За жал, ова никој не го запишува од погоренаведените причини и сите овие традиции полека исчезнуваат - како да не ни постоеле.
     
    На MakeDamnSure и La-loca им се допаѓа ова.
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    4.666
    Јас не се согласувам дека народов ни е нешто под влијание на западната култура, напротив. Еве неколку мои анализи зошто го мислам тоа.

    Пушташ тв, на скоро секој канал имаш по неколку турски серии. Остатокот од програмата ти се турбофолк, српски музички шоуа, утрински и контактни емисии и вести.

    Отвори на трендинг, на јутуб, имаш српско и албанско. Чат-пат по некое македонско песниче, ретко нешто да видам од запад, што е актуелно. Кога сме исто кај музиката, концерти и сали полнат ликови од Србија. Во дискотеки исто. Србија не ти е баш запад. Кога имаш некаква локална компиријада или ајваријада, како загревање ти се некои наши сиротињи кои пеат патриотски, фолк кавери, како главни ѕвезди ти се Цеци, Чоличи, жени од султанки и слично. Ги нареков сиротињи поради тоа што доколку снимат нешто авторско и модерно, тоа ќе им помине како крава кроз кукуруз, што би рекле Србите. Овака ем ќе фатат кафана, ем тезги во дијаспора.

    Кога зборуваме за музички правец или влијанието на западот врз нашата поп музика, исто не се согласувам дека земаме пример од таму. Звукот на песните ни е сеуште Макфест 1998ма, а овие поновиве дечки обично земаат пример од тоа што е актуелно во Србија (2бона, Таско и слични). Обично и тоа им е максимумот кога станува збор за амбиции, да имаат хит во Србија или да победат во Гранд ѕвезди.

    Ако зборуваме за менталитет, исто не се согласувам дека сме нешто многу западни и модерни. Ние сме ти едни такви топли, кротки и мирни луѓе, баш традиционални.

    На социјални мрежи имаше вест дека талибанците во Авганистан фрлале хомосексуалци од балкон, постот имаше над 2000 лајкови и стотици коментари со поддршка и воодушевување. Традиционален, топол народ со икончиња и црквички на профил, кои се воодушевува на убиства на луѓе кои се поразлични од него.

    Имаше пост за жена која си задала предизвик да прочита колку може повеќе книги годишно, успеала да прочита над 300 чинам. Коментарите беа у фазон ,,а оваа дома чисти ли, пере ли", ,,му дава ли на мажот" и слични хехенца.

    Имаш еден куп вести за силувања, коментарите се нечитливи, традиционалното граЏанство ги обвинува жртвите, што барале навечер, зошто така се облекувале, заслужувале да бидат силувани.

    Не станува збор за изолирани случаи, ова ти е мнозинството, овие луѓе за себе ќе речат дека се најтрадиционални и најрелигиозни, ниту имаат некакво западно влијание, ниту имале допир со некаква западна култура.

    Од традиција на пример имаме збирштина од суеверија, доволно е да ја видиш овде темата за бајачки, црни магии и слично. Ќе се изначиташ и изнаслушаш на секакви банални адети, традиции ама тоа од прабаба останало, немој да бидеш модерна. Се чудиш зошто треба да седиш дома 40 дена откако ќе родиш, ти нема логика, ама сите те убедуваат дека ќе изгубиш млеко ако шеташ со бебето навечер и нема да бидеш нормална ако не се држиш до традицијата. Ги има уште многу адети и традиции, ако почнам да ги пишувам, ќе напишам роман.

    Не ти се обраќам лично тебе, ова е мое размислување зошто мислам дека западната култура нема некое големо влијание кај нас. :)
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
    На Angie1432, Misskirova, Pixi5 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.562
    Пол:
    Женски
    Супер тема. :sun:
    #најпрепаметни #икултуризирани #иписменисекако #укратконајјаки #иуопштенедоктронирани #кажиненадоктринацијата

    #славамајцирусији #уинатнатањето #хехе

    Иначе @Lella ме остави во мисла морам да прашам, а дали најде некое такво или слично приверзоче од Џои слеш Обама, евентуално Хилари на пример?:D
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.511
    Пол:
    Женски
    Лооооол колку засекирани за децата имало. Буквално за дете да гледа порнографија доволно е на интернет да се пушти, ако веќе барате кривец за експонирање на мало дете на такви грозотии треба да се "удри" на друга врата, а тоа е дека се што треба да се направи за пристап до порнографија е само интернет да се има. Наместо да се затворат страници како pornhub, xhamster и слични, или бар да се заклучат за да не може дете да ги отвори, овие за фејк њуз се фатиле бе.

    Абе една тема да имаше за скандали со попови на балканов, за Качавенда и сличните такви гадурии, за сите педофили што еден куп деца имаат запустено, е д н а. Ама не, се научиле ко дефектни труби западоооооот, лџџџбттттттт, а во меѓувреме во конзервативните земји уште не е криминализирано силување, девојчиња мали ги мажат за средновековни говеда и не смеат да писнат, клиториси им сечат, ги акаат во бурка од прва менструација и којзнае што уште не.

    Не сте вие засекирани за децата златни, вие сте само хомофобични. Признајте си, полесно ќе ви биде.
     
    На EmporioIvankov, winnie02, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.