Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Значи почнуваш тема и немаш идеја за што точно ќе пишуваш?
    Јазикот и празниците заедно со традициите поврзани за нив се посебен ентитет. Лгбт права се втор. Климатски промени и екологија трет. Традиционални патријархални вредности четврт. Индивидуализам наспроти колективизам петти. Секое од нив посебно може да се дискутира и не е условено едно од друго.

    Еве да ти објаснам - бидејќи сама не сфаќаш - сакаш своите фрустрации кон феминизмот и лгбт да ги исфрлиш некаде и ајде да отвориме една чадор тема каде што со другарките ќе се тешиме колку сме поразлични од овие со испран мозок. Си можела темата да ја крстиш и Јас сум опресирана конзервативна личност.

    Инаку, навистина не знам што е толку теееешко да се прифати дека некои луѓе се природно поразличен карактер од вас. Ќе се земам себе си за пример, икао низ годините сум имала флуктуации на размислувањата, во глобала секогаш повеќе сум гравитирала кон промени и либералност и кон исти такви луѓе. Ако на вас не ви доаѓа природно да бидете толерантни и отворени, не значи дека секој друг глуми. Не мора да проектирате.
     
    На Lianna Anna, Srckata28, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.778
    Допаѓања:
    169.513
    Пол:
    Женски
    Прво се убедив дека нема да коментирам пошто темата е поставена на многу специфичен начин. Ама се разви дискусија па ќе се надоврзам на неа.

    За почеток сакам да го нагласам ова пошто е одлично вклопено:
    Тоа дека говор на омраза не се толерира, не е еднакво на немање слобода на говор. Фактот дека десно настроени луѓе сметаат дека е слобода на говор да вреѓаат и да шират омраза, притоа во многу десно настроени општества и нема опција за вистинска слобода на говор - е лудост. Ама to each their own. Англискава реченица е чисто за "зачин".
    • Дали до толку луѓето се со отворен ум и прифаќаат различности поради свое лично убедување или зад тоа сепак има друга поинаква позадина?
    Зависи. Имаш луѓе кои се менуваат да се вклопат на одредено друштво да речиме. Ама гротото кои во традиционално општество се спремни да кажат нешто како "про лгбт" реторики - се осудени. И знам дека многу луѓе сакат да мислат дека е "глумење", ама то е ваљда само лична проекција. Ко вие ги глумите тие работи пред некои луѓе, то е на вас. Дифолтот, кај нас, е традиционален. Се шо одстапва е осудено. Јас сум среќна/привилегирана да сум изретчила луѓе и да сум опкружена со луѓе со слични ставови. Ама во ден сум во интеракција со многу други луѓе и некогаш не можам да разберам од каде иди одредена омраза на одредена тема шо мене ми е "нормална".
    • Дали можеби се претставуваат како такви за да бидат полесно и подобро прифатени во ова потенцијално инклузивно општество и да се во тек со интернет трендовите кои се моментално популарни?
    Ова не можи да е друго сем проекција ако некој го мисли. Нашето општество не е напредно. Се шо е западно од старт се оспорува колку и да е добро не се прифаќа оти "ни нарушува вредностите". Па сте се фатиле за родител 1 и родител 2. Нели сте родители на вашите деца? Ама не, фактот дека се вклучва и поинакво семејство ве боли и после имате лице да речите дека не сте хомофоби и дека другите "глумат" модерност. Како шо реков, проекција, пропратена со многу gatekeeping менталитет.
    • Зошто се повеќе се свртуваме кон западните вредности и истите ги идеализираме скоро без никаква селективност и филтрација, притоа стремејќи се кон напуштање на нашата вековна традиција?
    Здраво разумна особа прај филтрација. Нездраворазумна особа се прифаќа или се отфрла по дифолт.
    • До која мера треба да сме со отворен ум и дали треба да правиме јасна дистинкција помеѓу она што е општествено пожелно и прифатливо и сосема спротивното, преку кое ни се сервираат трендови кои општествено негативно ни влијаат на сите ама упорно сакаме слепо да ги следиме?
    Лично, кога одлучвам шо да поддржам гледам 1) како ме афектира мене и 2) како ги афектира тие шо ги сакам. Ако едино нешто се повредени чувства ради незнаење и неинформираност па чак и неотвореност за информирање - не е доволно релевантно да отфрлам базирано на то. Следниот чекор за филтрација е ако има реални штети, пример педофилија - па отфрлам. Педофилија маскирана во груминг која западот ја осудува и се бори со неа, а кај нас од кога памтам за себе е најнормално нешто. Така да камо енергијата да се пренеси и тука. И не само груминг. Колку поќе одиме на исток гледаме колку повеќе грумимг е нормален, ама и директ педофилија на венчавање и силовање девојчиња, како и сечење клиторис и шиење на полови органи за да се "потесни". Има филм, 2019 беше на Манаки, Female Pleasure. Со топло срце препорачувам да се гледа за жени кои поминале низ тоа.
     
    На Lianna Anna, Srckata28, RespectAndObey и 6 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.017
    Пол:
    Женски
    Глеам сите топли мили загрижени луѓе се потепаа да донираат кога сме молеле за донации за деца. Пробајте некогаш посериозна хуманитарна работа и видете колку од овие што се засекирале за голи полови органи дали воопшто знаат дека постојат деца што живеат и мрзнат секоја зима во тотално нехумани услови за живот. Јавете се на некој со икона на профилна и видете одговор.
    Со чест на исклучоци, нормално, пошто чекам некој да го спомне отец Оливер.


    Ама не, гласни сме само за глупирање и споделување фејк њуз.


    Срам ми е да ве читам.
     
    На ane.bella, Lianna Anna, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 wow кое спуштање,:clap: сега значи почињаме со лични навреди така? Еве и другарките ти стигнаа да те поддржат.

    Зашто секогаш мора да се пуштате чопоративно на некој кој има поразлично мислење од вашето?

    Широка или не, одма ве тригна и ко личен напад си ја сфативте некои од вас или така ми се чини?
    Што е проблемот?

    Па уште сме проектирале.:drunk:

    Многу е лошо што етикетираш вака за да поентираш. Пак ќе кажам, многу несвојствено ми е за некој кој сака да се прикаже како либерален и со широки сфаќања. Се коси со твоето убедување, не знам дали приметуваш.

    Инаку, ако ти се дискутира, дискутирај, ако не ти чини одмини, толку е едноставно.
    Ова прашање на себе си треба да си го поставиш. :)
     
    На christinnn, Bitter-Sweet, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Прво тука се форсира деца па деца, еве со пропаганда ќе сакале да ги направат ЛГБТ, да не растурат нас јакиот народ. Едвај сме милион Македонци во државава, нацијата умира поради многу низок наталитет. Многу деца не ни почнаа со второ полугодие, си заминаа на запад со родителите. Не сме центар на светот, дупка сме, тотално небитни. Кои традиционални вредности? Ако отворите тука по темите за секс, се чудам некогаш, си мислам да не има порно глумци да се зачленети. Буквално деца пишуваат си пиеле норлево, апче за ден потоа, и ние сме биле традиционални, па се тешиме демек таму на Запад, не прават ништо друго, само партнери менуваат. Нема врска, си имаат ред во животот многу повеќе од нас. Се знае кога се работи, кога се одмара, се знае кога се оди на пикник, за викенд, во слободно време се спортува, нема што мама, тате, бате да се меша во избор на партнер, нема што да им бараш пари за струја или да ти бараат, се учиш на одговорност и тоа е тоа. Овдека пола век го трошиш на небитни луѓе, роднини, пријатели, комшии, да угодиш на секого, да му направиш услуга и на крај добиваш „нож во грб“ од што се „добри“. Овде уште има запознавање со стројници. Пред некој ден имаше на ТВ, психолог од Прилеп кажа дека нашите во странство се однесувале чудно, па ги праќале на психолошкo тестирање. Објасни дека мајка се заканувала на своето дете дека ќе го убие, па ја пријавиле и пратиле да направи психолошки тест, арно ама немала пари таму, па овде во родната земја се обратила на психолог. Друг ученик правев врева на часови, исто го пратиле на психолошка контрола. Имаше и други примери, психологот наведе три така поспецифични.
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
    На Ketchup, MakeDamnSure и crimson им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Вие шо пекате за западни вредности, за сите западни вредности сте? Никад не сте размислиле со своја глава, него само климате додека со инка ви ги тураат тие западни вредности? Нели бе интелектуалци сте, виша раса, од овие затуцаниве?

    Еве ај дали се согласувате со овие спред мене најмодерни, најрадикални западни вредности:
    • Кастрација на малолетни лица, уште не влезени во пубертет или со целосен пубертет, каде хормоните уште не завршиле работа, па од тоа произлегува 90 посто од нив никогаш да не можат да доживеат оргазам, и кај кои не е ни можно со сигурност да се воспостави нит дали е трансродност(други причини за симптоми се сексуално злоставување, хомосексуалност, идентификација со омилена личност или братче/сестриче, надворешно влијание ( перење мозок преку социјални мрежи, врбување), нарцисоидност или Минхаузен кај родителот, верска или религиозна затуцаност кај родителот, па поарно да е друг пол него ли геј. ) Мислам, може да се кастрираш за цел живот и да немаш гради утре кога ќе се оформиш ко личност да укапираш уствари шо сакаш у животот, пример деца и да не си кастриран и осакатен, и да живееш со уште илјада последици, али да пиеш, пушиш, да се ебеш и да се тетовираш, ноу, ноу, ноу.
    • Нормализирање на проституција, место рехабилитација на лицата кои се бават со неа, и нормализација на сајтови за проституција
    • Нормализација на порнографија
    • Продавање на женската слобода преку сексуална либерализација, што би требало да значи да бирам со кого сексуално ќе општам и да не бидам судена ако имам повеќе сексуални партнери, да имам задоволство во сексот, а не да се прцам секој ден со друг, да се сведувам само на пичка, и да се доведувам во опасни ситуации, само за себедокажување и машка валидација, и потоа да ми се влошат психолошките проблеми, кои и ме довеле до ова дереџе
    • Создавање на политички партии и групации, и дозвола за постоење и толерирање на истите, во име на педофилијата, и нивна интеграција во опшеството
    • Промоција на сексуални фетиши на јавни настани од небитно кој карактер, каде пристап имаат и деца ( ма да дел од нив треба и на психијатрија да се лечат, а може и у шинтерница да се носат, да имаат целосен доживлај, а не само коа се прцаат - дотични кучиња, мачки, магариња и шо ти ја знам)
    • Промоција на сексуални фетиши директно на деца, конкретно Драг, преку читања во библиотека, што благе везе нема со децата и нивното образување, него перење мозок.
    • Промоција на сексуални фетиши на деца, преку Драг, со носење на истите тие деца, од самите дебилни родители, 90 посто од нив жени, и тоа бели, у факинг Драг клуб, каде мужи шо им се дига ко жени да се облакаат, се чепатат по танги да децата у скут, додека овие пари им тураат у истите.
    • Сексуализација и проституција на сопствените деца, со цел заработка преку нивна фетишизација, дали во живо како Драг квинс, по драг клубови, каде возрасни луѓе им фрлаат пари, и извикуваат секакви вулгарности, додека дебилните родители им ракоплескаат, или по социјалните мрежи, каде исто ги облекуваат оскудно, им даваат да јадат банани, краставици, кобасици, ги снимаат додека се голи, или полуголи, ги тераат да прават гимнастички потези каде интимата им е изложена, и имаат линкови за донации каде бараат од напалени педофилишта пари за алишта за децата, со верување наредното видео да е со тие алишта
    • Отуѓување на детето од родителите, со трудничко одсуство од само 3 месеци
    • Нормализација на имање деца надвор од брачна заедница, значи не ни врска, него само од ебавање, и тоа со повеќе партнери
    • Рушење на општествени клетки, како најосновна семејството, место изнаоѓање начини за негова поткрепа, и градење на здрави личности, кои потоа би требало и да имаат здрави семејства ( небитно стрејт, геј разведени, битно се семејство)
    • Себепресексуализација, почнувајќи од деца, кои потоа стануваат возрасни, преку оскудно облекување и промискуитетност
    • Самоидентификација против биолошки факти
    • Негирање на биологија
    • Манипулација и нормализирање на болести и шифри, и искористување на истите тие лица во виши цели
    • Пуштање на мажи со пенис во женски простори, какп затвори, вециња, соблекувални, и обратно
    • Учество на биолошки мажи во женски спортови и тимови, и обратно
    И сите овие имаат два НЗС, ДЕЦА и МУЖИ, али ќе се правиме дека не ги гледаме...

    Иначе, истите срања шо ни сметаат кај нас, ги имало, и ќе ги има и таму, сега секако помалку,што треба да биде и цел кај нас, али фората е шо таму у името на тој напредок и либерализација, провлекуваат многу полоши и посериозни работи.

    А ние нели, да бидеме модерни и напредни, да не не покажуваат со прст, само ќе климаме со главата. Исто као и тие пред нас, само кон други општествени норми и правила. И ќе се тешиме демек сме нешо вау и бољи од другите.

    Увек сте ми смешни вие, од двата соборни табора, од толку шо сметате дека имате критичка мисла, и се поинакви од другите, никад не ви ни текнало да размислите, а камо ли да го искритикувате тоа шо и вие го застапувате, оти нели совршено е....

    Едит: и погоре некој што прокоментирал демек ни дошло до ова, коа девојчиња се кастрирани, деца и жени силувани, продавани, не смеат у школо да одат, шетаат во шаторски крила, ги продаваат ко крави, пијат стероиди за да издржат да бидат силувани цел ден оти татко им ги продал во курварница за 10 долари, оти шијат и склопуваат Ајфони за 20 центи на ден, а бебињата до нив спијат - тоа да си ги прашаш овие шо на сите овие проблеми у светот, најтежок им е тој што никој госпожа не им рекол и не ги пуштил у женско вц, иако се муж, личат на муж, само пуштиле коса и туриле лош кармин.

    Ајт.
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
    На christinnn, Billy Idol, Directioner005 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    Нормално дека е надвор од темата кога 99 посто се согласивме дека не ни е јасно шо сакал авторот да каже со делото (темата).
     
  8. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Машки
    Прав коментар - тетка из Балкана шо не е излегла од селото.
    Ова не западна култура што си наброила тете, ова е агенда во последните неколку години на не знам кое лоби, а конзервативните источно европски и балкански ја прикажуваат како "западна" бидејки знаат дека нивниот народ е со ниско IQ па одма ке поверува.
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Како не е западна култура, теткино?
     
    На Mazegin и Misskirova им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Ова е се што ќе кажам на темава, една реченица вредна многу зборови.
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.250
    Пол:
    Женски
    Каша попара сте направиле и тоа дека 3ца погрешно ја сфатиле темата наместо да ја почекаат авторката да се објасни. |(
    Не, не мора сè да пратиме и присвојуваме. Нели во други теми се збореше дека културната апропријација не е во ред. :D
    Нашите и Балканските традиции паѓаат во сенка.
    Луѓе, јазикот е традиција. Претераната употреба на англицизми, германизми,србизми и турцизми го деградираат домашниот јазик. Не зборам само за нашиот, туку и за другите кои се под влијание на некој од овие.
    Празниците и настаните се традиции.
    Некако поради туѓото го фрламе нашето во сенка или речиси во заборав.
    Свети Валентин е убав, но не ти треба потсетник дека си сакана личност или дека сакаш некого. Тоа треба да ти го покажуваат и да го покажуваш секој ден со грижа и внимание. Материјалното е минливо и не е битно.
    Денот на Благодарноста не ти е потребен за да се потсетиш да се заблагодариш некому.
    Хелоуин е интересен и низ историјата го гледале различно. Деца и возрасни се забавуваат.
    Но...
    Ги фрла Први Април, Василица, Задушница, Духов Ден во сенка.
    Имаме свои датуми за маскирање, дружење и оддавање почит на мртвите, но нè снемува. Помали бројки на луѓе со помала возбуда.
    Луѓето сè повеќе одлучуваат да не одат на гробишта. Гробиштата се во лоша состојба, а ретко се замара да среди.
    Правењето ајвар е традиција. Го јадеш или не, убаво е да поминеш време со блиските. Сега слајмот е во мода.
    Играњето на децата надвор е традиција која изумира. Децата се научија од бебешка возраст да бидат пред екран. Поради тоа сè повеќе деца носат очила од мала возраст.
    Се научија да пратат опасни игри и предизвици поради кои се случува некое да загине.
    Се бараат карти за фестивали во странство. Нашите немаат посетеност колку порано.
    Публиката заборави што значат квалитет и талент. Нашите квалитетни и талентирани изведувачи се приморани да си го заработуваат лебот повеќе кај нашите соседи и подалеку бидејќи овде веќе не се ценети.
     
    На NoirSerpentine и Directioner005 им се допаѓа ова.
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Боже боже све не ви е јасно, ај што не ви е , па не знаете ни да дискутирате него да напаѓате.
    Толку ви е културата..
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Е така кажи си. Можат да ловат геј луѓе по улици и да ги пикаат во затвор, тебе тоа не ти се допаѓа, ама не те засега и не ти е проблем. Е ако удрат по тебе хипотетички, тогаш ќе размислиш. Петка по емпатија.

    Ја измисли во периодот на просветителството во европските земји, поконкретно Франција. Да, се темели врз пронајдоците на античките грчки и подоцна исламските филозофи, ама науката како парадигма за осознавање на светот започнува токму тогаш и таму. Ако уште не ти се верува, пробај да набројуваш научници и ќе ти стане јасно.

    Да, имаше секакви. Капиталистите не дискриминираат во тоа што сè можат да ти продадат. :D

    ***
    Линковите што ги пуштате за цензура и (не)слобода на говор од западниот свет заборавате дека ако граѓаните на тие држави сметаат дека таа цензура и пропаганда им ја прелива чашата, можат да изгласаат некој друг на нивно место. Граѓаните на диктатури ако не им се свиѓаат практиките на нивните држави можат само да се сликаат. И тука е клучната разлика.
     
    На Ketchup, KateKane, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Религиозните празници се само мал и незначаен дел од културата на една држава.
    Западната култура ќе продолжи да доминира во другиот побитен аспект бидејќи од таму произлегуваат 99% од медиумите за забава.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.562
    Пол:
    Женски
    Играње мачка и глушец, добар полицаец-лош полицаец, пробува да каже човекот, и за ова во право е до некаде.

    И ти си во право исто, во овој случај "Западот" е лошиот полицаец што ни ги "презентира" вредностиве, слеш ослободува(што значи и можда и не е толку лош, ез ин добар е, зависи кого прашуваш), па добриот полицаец доаѓа на помош, и така. :)

    Уствари можда на крај и двата се лоши, ама ај ќе видиме, stay tuned...

    Иначе ви текнува на периодот со транс-"кинезите", па кој шок и неверие беше тоа(во Македонија слеш Балкан ова) , уште пред да стапнат овде од "Западот"?
    Па забраната на повеќе од едно дете во коми-Кина.
    Ее времиња...:angel:
    Ете сеа глобално затоплување, CO2 нели, можда и ќе треба да почнеме размислуваме околу ова на глобално ниво #самокажувам
    #семејнивредности #рајназемја

    Резултат, игри на тронови, игри безграници, ти реков ми рече... #ситепатиштаводатконрим
    И така. :)
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    6.090
    Пол:
    Женски
    Дали вие што коментирате дека западот има некакви вредности, сте живееле на фамозниот запад?
    Нема да ги негирам придобивките кои ги имаш, заклучно одлична инфраструктура, одлично здравство, одлично образование, почитување на ред и дисциплина, рециклирање и чиста животна средина. Иако сметам дека нашиот систем е солидарен и најдобар модел како треба да изгледа eдно здравство, но истиот е уништен поради немање стручен кадар и апаратура. Но, тоа не се должи на фактот дека тука постојат повеќе освестени луѓе или се понапредни, туку не се утепани како Македонија со војни, мито, корупција, постоење на закони, но да нема кој да ги спроведува. И додека нашата земја уште е во транзиција и не може да се избори со основните нешта, на запад, од таа причина истите се веќе средени и само се надоградуваат.

    Тука можам да се сложам со секого.

    Но, големо НО. Ако нешто ми недостига од мојата родна земја е токму традицијата. Семејните вредности. И ве молам да не ме цитирате вон контекст, со приказни како мажот ја тепа жената, таа седи дома потчинета. Затоа што и вие самите сте излегле од токму такви модели на традиционални семејства. Нешто, што тука се напушта. Бракот како институција ретко се склучува, паровите не се решаваат веќе на таков чекор. Туку живеат само во заедници. Па дури и геј лицата сакаат да стапат во традиционално крунисување на една врска, нели?

    Било каква агенда која се турка врз децата, за мене не е прифатлива. Децата не треба да учат за ЛГБТ. Децата треба да учат, математика, македонски, наука и општи предмети што е од нивно круцијално значење за нивниот развој и напредок.

    https://nypost.com/2023/12/15/news/...ed-pool-locker-room-with-young-girls-at-race/

    Би сакала да коментирам за овие вредности, што се туркаат на големите порти. Дали за вас ова е во ред? На што вредности се учат вашите деца кога се соочени со педофилија скриена под сукња? Позади овој напишан текст, бев љубопитна повеќе за случајот и дојдов до видео каде родителите се прашани како се чувствуваат со оваа состојба, и на мое изненадување немаше никаков одговор. Индолентност на највисоко ниво. Ќе кажам и случај на сопствена кожа. Требаше да пополнувам формулар со податоци за моето семејство. Беше наведена графа каде требаше да обележам дали детето мое е женско, машко или non-binary. Се работи за дете што не е ни свесно што е полов орган. Non binary? Тие вредности ги издигнувате на пиедестал? Колку што се сметате повеќе свесни, толку и самите ќе сфатите какви глупости ви се сервираат како нормални и вие сакајќи да се чувствувате супериорно во однос на вашата емоционална интелигенција, голтате секакви послужени отпадоци од левучарските сили, кои сакаат само да си ја оправдаат својата чукната педофилска страна. Бреинвошинг малку?

    Ве молам, западот веќе оди многу повеќе од ЛГБТ. Ова зема особено голем замав после короната. Луѓето збеснаа и почнаа да смислуваат секакви родови и глупости затоа што сакаат да се почуствуваат битно. Се чувствувала како куче. И јас треба тоа да го прифатам? Реално, требаше психијатрите да си ги засукааат ракавите од поодамна.

    Бидете среќни што се уште постои традиција на семејство и брак, затоа што западот што го гледате на екран, не е бајка.
     
    На christinnn, Billy Idol, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  17. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Почитување на ЛГБТ луѓе и знаење за нив е од круцијално значење за напредокот на децата. Меѓу нив сигурно ќе има и доста деца што се дел од ЛГБТ заедницата и според тебе тие деца не смеат да учат за нивната заедница? Неучењето за нив допринесува до зголемен булинг наспрема ЛГБТ децата.

    Не е педофилија транс жена да користи женска соблекувална. Дали биле тие деца сексуално малтретирани на некој начин од жената? Ко што гледам во тој артикл, такво нешто не се спомнува, па јас лично не гледам никаков проблем со случајот.
     
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Од петни жили се обидувате да го направите западот да изгледа како пекол, со нивните „традиции“ и сегашни модерни дејствувања, оти се спротиставуваат на вашите назадни мислења и ставови, особено па за малцинствата, кои ви се гледаат од мислењата од авион. Побогу, лажни вести постирате пробувајќи да ги туркате како вистински, што остана за вистинските случувања.

    Ако ги анализираме нашите, балкански или македонски традиции можеме да видиме дека постојат многу лоши верувања и акти што се туркаат со изразот „традиција“. Како прво, омраза и понижување на жената е дел од нашата традиција, што останува за други „поненормални“ малцинства, како што љубат да кажат традиција љупците.

    Човековите права и слободи, иако сега се дискутираат како западна вредност, треба да бидат универзални вредности, а не западни. И мене некои работи на запад не ми се допаѓаат (како што е конзумеризмот, претеран капитализам и сл.) ама сам сум свесен дека е многу подобро од тука.

    И да, многу е одвратно кога некој ќе каже „ако не ти се допаѓа тука, исели се“. Да беше толку лесно иселувањето, немаше да постои државава, 10.000 луѓе ќе останеа. И тоа, од оние што ја имаа среќата да се иселат, тие против запад највеќе во перверзниот ненормален запад се иселуваат, не гледам да одат на исток или во држави слични на „нашата традиција, култура и верувања“. ;)

    Во секој случај, има прогрес на темава, на почеток почнавме со лЏбт сега сме веќе на лГбт.
    Во моментов и застапник на педерите сум бил, и таа титула ја добив. :whew:
    Скраја да е некој неповрзан со невладини организации да верува во еднаквост и да е против лажни вести.
     
    На Ambitious, Ketchup, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    И јас кога ја прочитав темата прво помислив на се што си напишала погоре…. Но како велат кој ја има мувата на капата…. Па одма лгбт ,порно и незнам си што :wasntme: (патем и јад сум против тоа сма не го рачунам за “култура” туку за едно движење на луѓе со различни ставови ).
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    И овие другиве работи што ги наброја, не ти се доволно добри за една држава? :D

    Океј. Стварно секој си бира што му одговара. Семејство секој си го гради и бира сам за себе, секогаш можеш да си најдеш партнер кој ги дели истите вредности со тебе, дури и ако си во западна држава. А детето највеќе ќе учи од тебе како родител, и тоа може да ги има истите вредности.

    Она што не можеш да го направиш во Македонија е да го пратиш детето во квалитетно училиште (особено ако не си од Скопје). Можеби нема да учи за ЛГБТ, ама затоа шансите да биде полуписмено не се 0. :D Приоритети.
     
    На Ambitious, Angie1432 и Tanjamm им се допаѓа ова.