Влијанието на медиумите

Discussion in 'Општи дискусии' started by Snow-Queen, Nov 7, 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Самиот наслов си кажува.
    Искрено мислам дека најголемо и негативно влијание медиумите го имаат кон децата во нивниот критичен период на развој,стекнување на ставови размислувања.Од тинејџерската возраст па до делумното оформување на своето ЈАС.
    Погледнете само еден прост пример кај малите деца колку се се поагресивни, се започна со оние цртаните поќемон дигимон и сите понатамошни ретардирани цртани. Сегаде се покажува насилство.
    Програмите кои едноставно не се за деца со одредена возраст се покажуваат насекаде. Се печатат и излегуваат во продажба весници со секакви насловни страници итд.
    Кои се вашите размислувања, дали на некој начин се трудите да ги изолирате своите деца,помали браќа и сестри...?
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Joined:
    Aug 10, 2011
    Messages:
    2,792
    Likes Received:
    2,556
    Gender:
    Female
    Медиумите имаат најголемо влијание врз секој човек не само врз децата. Секој човек зависи од медиумите, за некој медиумите значат повеќе, за некои помалку. Според мене медиумите се најштетни кај младите, поточно кај децата. Децата денеска се повеќе стануваат зависни од телевизиите, од интернетот отколку да се зависни од игрите со другарчињата надвор. И не само цртаните како Дигимон се штетни за детето, туку штетни се и турските серии и во нив има насилство. Се е до самите родители што гледаат, со тоа и самото дете стекнува пример преку нив.
    Денеска за да се заштити детето од медиумите е тешко бидејќи живееме во време на масмедиумите кои се наоѓаат насекаде околку нас, но затоа може преку примери и преку совети да се научи детето каква е штетата од медиумите и што да учи од нејзе. Според тоа медиумите играат и лоша улога, но и добра...
     
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Joined:
    Nov 2, 2013
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    62,110
    Во денешно време медиуми насекаде околу нас - дневни весници, списанија, радио, ТВ, интернет...
    За се нешто се информираме преку медиумите, па на основа на добиените информации си оформуваме мислење... А какво ќе биде тоа мислење зависи каква информација сме добиле - вистинита, делумно вистинита или невистинита!!!
    За жал, преку различни медиуми добиваме и диаметрално различни информации!!! Во тој случај нас ни останува да веруваме во тоа што повеќе ни се допаѓа или да се потрудиме да ги „присобереме“ сите информации, па на основа на тоа да „извлечеме“ заклучок!!!
    Децата се осетлива категотија на консументи на информации од медиумите!!! За жал тие голем дел од денот го поминуваат на компјутер или пред ТВ!!! И тоа без „контрола“ од повозрасните!!! Па така се случува да изгледаат и некоја серија со ознака 18+...
    Влијанието на медиумите врз нашето перципирање на настаните може да биде големо или мало, само до оној степен до кој секој од нас ќе си дозволи!!!
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,854
    Likes Received:
    80,914
    Gender:
    Female
    Медиумите многу мозоци перат, не само на децата или тинејџерите кои ги следат, туку и на возрасни луѓе кои немаат свој став и водејќи се од медиумите еднаш кажуваат едно, после друго.
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,716
    Gender:
    Female
    Неспорно е дека медиумите може да имаат големо влијание, но сепак ако дозволиме, затоа треба да се контролира емисијата на имформации и содржини, посебно до децата. Возрасните може и сами да контролираат во одредена мера.
     
  6. queen19

    queen19 Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2015
    Messages:
    583
    Likes Received:
    1,845
    Gender:
    Female
    Дали според вас е оправдано јавно преку некој портал да се искаже мислење против “лекар” кој е пристрасен и го брани својот колега кој патем лаже а вам ви наштетува? Дали воопшто вреди да се проба и какво влијание би имало тоа?