Дали и колку имаат песните влијание врз поттикнување на насилството во врските? Колку песните што сте ги слушале и слушате влијаат врз тоа со какви очи ги гледате мажите, односно мажите со какви очи ги гледаат жените? Дали влијаат тие врз вашата способност разумно да расудувате и забележите односно не забележите дека нешто не е во ред во поглед на тоа како се однесува партнерот, но и како партнерите се однесуваат меѓу себе, еден кон друг? Психолозите велат дека шемите на размислување кои луѓето ги повторуваат во своите глави, тежнеат да станат во некој (понекогаш извитоперен) облик реалност. Какви пораки незабележливо пренесуваат популарните песни кои толку често се вртат на радио, тв, интернет но и во главите на луѓето? Идеја за темава беше краткиот напис дека некоја студентка од Србија како дел од дипломската задача добила да истражи за насилството во музиката. Таа направила 11 минутна видео компилација од разновидна музика од просторите на поранешна Југославија па до денес. Изненадувачки или не, особено тнр. турбо фолк но и други типови на музика отворено промовираат насилство, потчинетост и понижување на жената но и погрешни вредности за тоа какви треба да биле мажите. Да нема забуна, не станува збор за стилот на мелодија (фолк, рок и тн.) туку за пораката која текстовите можат да ја вградат во умовите на луѓето, особено младите. Еве го видеото: п.с. Темава се мислев првично да ја сместам во подфорумот Психологија, но ја сместив во подфорумот Врски бидејќи сметам дека тоа е најчестиот муабет во музиката и спотовите, а и оние кои имаат проблеми во врската претпоставувам попрво ќе пишат тука отколку во другиот подфорум.
Видеово ме потресе. Апсолутно влијае сето ова врз начинот како се перцепира жената, за жал многу млади слушаат ваква “музика”. Ова треба да се забрани со закон.
Нема. Се додека носи пари. ... а носи пари, затоа што има публика која се идентификува со текстовите. Уметноста е рефлексија на општеството.
За жал, за огромна жал, ова се дефинира како уметност, а не е. Ама дефиницијата за уметност денес е НЕПОСТОЕЧКА и затоа секакво срање (не само од естетска гледна точка, туку и опасно по општеството) поминува.
Ама не е така. Јас како жртва на насилство, можам да се идентификувам со некои од текстовите, затоа што сум го преживеала и го разбирам тој мајндсет. Фак ит... Ако сакаме да го намалиме насилството, треба прво да научиме што е родово/семејно насилство, па после да го пријавуваме и казнуваме соодветно. И да не постојат вакви песни, сеуште ќе постојат жртви на насилство.
Мислам дека е обратно. За секој жанр, има публика. Не мислам дека е решение да се забранат таквите песни, туку да се едуцира народот и да се презема реална акција за сузбивање на насилството. Мислам дека и 'сами од себе ќе ги снема', како сите видови и форми на уметност што се појавувале и исчезнувале низ милениумите.
Публика се 16 годишњаци кои слушајќи ги песните сметаат дека е ок да бидат “пред вратима спавала ко пас” или да врзат по некој шамар на девојката. Ме чуди “борец” за права како тебе да нема проблем со овие текстови. Ако беа текстовите против ЛГБТ, ќе скокаше да се забранат, дискриминација и сл. Не знам, некако не си ми јасна.
Можно е на младите да влијае... во право си. Ама прво што влијае е културата во која се растени. Песните само ја експресираат таа култура. Стварно не знам кое е прво, дали јајцето, или кокошката... Можи треба да прочитам поќе. Иначе го изгледав видеово уште прее и го постирав на 40ка, оти бев шокирана од тоа што 'видов' кои сме. Не сум ни била свесна за некои од текстовите што сум ги пеела. Некои се многу стари и ги памтам оти сум ги слушала покрај моите... дома...
А шо е битно дали е јајцето или кокошката? Ова е чист шовинизам и мизогинија, не знам зошто да е третирано поинаку. Ова е дефинитивно нешто кое треба да е cancelled.
Медиумите, музиката и филмовите имаат големо влијалние врз децата и младите. Многу повеќе отколку на возрасни и формирани индивидуи со изграден идентитет. Ова е добро познато во науката. Слични вакви истражувања си правеа и студентите на институтот по психологија за да се види колку на децата им се сервира на медиумите насилство. Се анализираа цртани филмови кои сите деца обично ги гледаат. За секоја сцена која е израз на физичко насилство ставаш цртка. Том и Џери имаа најмногу цртки . Имав навика да ги анализирам текстовите на песните како мала. Затоа никогаш не сум сакала одредени турбо фолк песни. Првиот шок ми беше баш со Цеца и песната Кукавица . Една другарка ми го даде текстот на песната на ливче напишан, многу убава и била песната. Го прочитав и се збунив како и е таков текст толку убав. Девојкава во песнава го трпи дечкото што не ја сака...мизерија ми беше. Пред тоа не ни знаев која е Цеца.
Иако во воведот пишува дека не се мисли на самиот текст, сепак би рекол дека генерално секоја музика има влијание врз расположението и психата на човекот. Затоа и постои, да ни побуди некакви чувства, да мотивира, или да релаксира. Па од тука би рекол веројатно да, влијаат. Сите информации што ги примаме, потсвесно влијаат на размислувањето. Така и текстовите од музиката. И ова не е ниту ново, ниту локално. Има еден куп документарни филмови и статии што зборат за овој феномен, и како влијае особено кај младите во развој. И е појава во светски рамки, не е нешто балканско.
Вчера баш читав за ова и сакав да отворам тема ама не знаев како да го формулирам насловот. Дел од песниве ги знам сум ги слушала и некогаш и сега ги слушам, ама никогаш не сум била свесна за ова, си ги пеам така рандом и механички без да го анализирам скроз текстот, и повеќето мислам дека се исти како мене, ги пеат песните само затоа што се популарни без да му придадат толку големо значење на текстот. Единствена песна што така текстот сум го анализирала е една наша народна песна "Назад, назад Калино моме", и како мала не ја разбирав, ама кога пораснав и разбрав за што всушност се пее толку ми стана одбивна. Е сега дали имаат влијание овие песни, да имаат големо влијание, поготово за луѓето што баш ваков тип на музика слушаат, пример дел од песниве се стварно популарни и едноставно не може а да не ги знаеш бидејќи на секое одење во кафана или дискотека кога има балкан парти се вртат овие песни, па од тоа ги знам јас повеќето, а тие што слушаат баш турбо фолк сигурно им влијае доста текстот, па кога се повредени од љубовта или животот се соживуваат со текстовите и така може да дојде до тоа да жената се понижува и во реалноста пред мажот, затоа што песната ептен ја погодува.
Повеќе мислам дека песните, особено старите турбо фолк се слика на општеството. Учени сме сите дека треба да се покоруваме на мажот, да сме послушни, да не се спротиставуваме, да му готвиме, переме, пегламе. Тоа било нормално во времето на баба ми, па и мајка ми. За жал сеуште и многу млади се водат по тоа, посебно во малите места и селата. Тоа потчинување и понижување се должи во поголема степен на домашно учење, а не дека така слушнале во песните. Може делумно влијае, не викам не. Ама, еве ќе зборувам за мене. Го изгледав видеото, скоро сите песни ги знам, посебно на Цеца. На времето многу ја слушав, баш во тинејџерските години. И никогаш не сум го слушала текстот на тој начин. Ниедна од тие песни не ме натерала да мислам дека е во ред да трпам било како насилство. Ниту една од тие песни не ми ја намали самодовербата. Мислам дека личност која знае што е добро а што лошо, а тоа пак ќе повторам се учи најмногу од дома и околината, колку и да ги слуша песните нема да го поттикне на лоши работи. Исто и обратно. За насилниците и силувачите, не им треба песна за да им потврди дека тоа е во ред.
Го пуштив видеото, таква музика не ни слушам и не сум знаела дека постојат олку гадни текстови. Мал дел само имам слушнато, онака случајно, кој не сум го ни разбрала. Човек слуша онаква музика во која се пронаоѓа. Ако слушнам нешто онака случајно, додека сум излезена некаде и притоа ми е болка за уши, не ми влијае никако оти ни ми е по ќеф ни по вкус. Моментално само ќе ме изнервира. Песниве ја одразуваат реалноста во општеството и тој што ги слуша постојано овие, се идентификува во нив. Не рекле за џабе, ќе видиш што човек е некој, меѓу другото, и според музиката што ја слуша. Оти, ако јас не сум со таков мајндсет, нема да ги слушам тие песни каде се пее за насилство, за понижување и такви работи. И нема мене што да ми влијаат на мојата врска или мојот живот. Само ќе знам кои луѓе да ги избегнувам, спрема тоа што го слушаат.
Влијае на луѓе со неизграден карактер, а ги има многу. Мене искрено не знам како би ми влијаело, кога во еден момент слушам Лана Дел Реј, во друг Ники Минаж, кои се скроз со различни гледишта на врските.
И странските песни, меѓу кои и светски хитови, се со текстови коса да ти се крене. Некои се и намерно направени такви, со цел да се покаже колку се некои појави ненормални, а не да ги потенцира. Значи се во таа смисла саркастични, ама треба тоа да го разбере слушателот. Да види дека нешто што е општо прифатено е многу лошо (по врската, односот со другите, по сопствената личност) и да не го прифаќа и прави. Многу медиумски куќи прават цензура, некои земји и забрануваа одредени нумери во целост. Мене тоа не ми се допаѓа. Ајде сега го кажал зборот фак, па тииит... Мислам дека така не се учат младите да не пцујат, туку со личен пример. Треба да се научат да разликуваат што е добро што е лошо. Како ќе научи квалитет ако не слушне и види шунд? И обратно. Треба да види и добро и квалитетно и да може да спореди. Јас на моите деца им посочував кога некоја популарна песна зборува за нешто што не е во ред. Сакав да знаат што слушаат и кого слушаат. Ама не им ги бранев песните. Си слушаат дома секој што си сака. Само не сакав да идеализираат поедини музички ѕвезди, да имаат малку поширока и пореална претстава за музичкиот свет зошто е бизнис, не само уметност.