Форумџика на годината

Влијанието на пандемијата врз психичкото здравје на луѓето

Дискусија во 'Коронавирус' започната од WildMk, 24 мај 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Уште пред да почне пандемијата бев изолирана, пошто имам депресивна епизода.
    Во превод, година и нешто претходно, ептен ретко излегував и се дружев со луѓе.
    Поради тоа, мислев дека многу лесно ќе ги пребродам ограничувањата поради пандемијата.

    Е, ја потценив ситуацијата скроз!
    Ме кутна в кревет.
    Буквално.
    Зимата ја поминав како мечка во хибернација.
    Стасав до фаза кога ми беше тешко да се натерам да одам во вц.

    Размислував многу во последниве 2-3 месеци и сфатив дека ми е ужасно тешко што 'морам' да не излегувам, што морам да мислам на дезинфиценси и маски, чевлите да ги оставам пред врата, на влегување веднаш да се соблечам, во гужви да не се пикам, намирници да дезинфицирам.... и се' што ја придружува ситуацијава...
    И тоа малкуто желба што ја имав за повремени дружења, тотално ми беше уништена.
    Буквално како во затвор се чувствував.

    Моментално сум подобра (ако некој го заболе), па ме интересира... како вие се носите со пандемијата и сите перипетии поврзани со нејзе?
     
    На senjorita-v, Избришан профил 146538, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Пандемијата завршува, луѓе се вакцинираат, граници се отвараат, полека работите се враќаат во нормала...темава малку касно ти е отворена. Како и да било заборавете, поминува, не е време за ретроспектива.
     
    На fana, realGirl, senjorita-v и 12 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Лично минувам релативно неоштетено, само поради фактот дека решив да не следам вести, минимално само.
    Можеби е тоа повисок степен на страв,еве не знам.
    Кога се разболев, побарав совет од лекар кој имаше малку поинакво мислење и ги следев неговите совети,убедена дека мора се во ред да биде.
    Помина добро.
    Психата е чудо.
    Но, од друга страна,се соочив со невидена трансформација на многу блиски личности.Одеднаш е само битно секој да се " спаси " себе си.
    Бев ставена во најразлични ситуации,само поради тоа што не паничам....просто од завист или што ли е, луѓето те подметнуваат наместо нив да сработиш, на најподмолни начини.
    Многу маски паднаа,додека овие медицинскиве цврсто ги залепија.
    Жал ми е што се случува сето ова.

    Да се надеваме дека крајот е близу...еве вакцини за сите, напокон се најде чаре.
     
    На CoverGirl10 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Може сум една од ретките на која пандемијава не и направи штета. Конечно закочив со брзото темпо и одморив. Преку глава од трчање секаде, работа, нонстоп краток ми беше денот. За мене дојде во прав момент. Не дека не бев исплашена, се плашев премногу зашто ме затекна трудна, се породив, прв роденден прославивме и цело време тресење за најмилото ама многу убаво ми дојде максимално искористеното време со нив двајца дома.
     
    На Bebac, eliesaab, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Прв пат кога слушнав епидемија во Кина... Си реков ама далеку е нема шанси да дојде.
    Се надевам...
    Ама дојде, а јас трудна 3-4 месец така нешто беше. Паника околу мене ,јас работам со странки,сакала не сакала паника и мене ме фати... Некако ја контролирав сѐ додека не почина познаник ,млад ,мил ,позитивен човек кој не можеше да гледа некој околу него нерасположен ,веднаш смислуваше начин да те насмее. Е тогаш имав паничен напад ,трудна 6 месеци ,дома само ми рекоа смири се ќе му наштетиш на бебето ...како јас да сакав така. Помина и тоа ,се породив ,бебе во инкубатор пак заради короната не дозволуваат да ја видам ,Чак мене ме пуштија дома а неа во државна... Хаос мислите ,хаос животот. Ја проколнував и Кина и пандемијата и лилјаци сѐ. Среќа помина тоа ,цели 8 месеци нигде не мрднав ,се што направивме (нова година,Божиќ , крштевка,Велигден ) секогаш или сами или со кумовите и тие се со мало бебе се со страв ,со анксиозност па и панични напади ипак на сите пазења кумот се разболе со ковид ,а првата вечер кога ги појави симптомите бевме таму. Пак 14 дена страв . Само што заврши тоа и среќа и тој закрепна ,почина стрина ми. Да ,од корона... Премногу изгубив , панични напади ми се вратија... Среќа дома бев ,не слушам вести и се преправам дека ја нема ,освен кога ќе ми јават ваква лоша вест ... А сега дојде време да се вратам на работа...
    Накратко живот ми скрати.
     
    На Bebac, Dust, spacegirl92 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    И пред пандемијата и сега, никогаш не сум била многу комуникативна и голем дел од времето го поминував сама или во најтесен круг на пријатели. Од таа гледна точка ништо посебно не е сменето за мене.
    Ми пречеше медиумскиот наплив на паника, секакви вести (често противречни), но проблемот го решив со негледање вести и филтрирање на информациите. Се занимавам со сосема други нешта, а овие информации ги оставам на заден план.

    Одржувањето хигиена ми е многу, многу важно, но никогаш не сум одела дотаму да пребришувам продукти од маркет, да ги мијам во када како што правеа некои на почетокот, ниту пак користам средства за дезинфекција на раце. Миење раце тогаш кога има потреба од тоа. Маска носам таму каде што морам да носам. Од овој аспект се однесувам разумно, а не панично.
     
    На Bebac, senjorita-v, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    @WildMk убаво што ја отвори темата.
    Кога започна пандемијата јас бев 7ми месец бремена. Тогаш не го почувствував многу психичкото влијание, затоа што во таа фаза од бременоста и ми одговараше да се изолирам и да седам дома. Се породив пред оној најдолгиот карантин во јуни, не беше дозволена никаква посета, освен сопругот кој кратко можеше да остане со мене - тука веќе почнав да чувствувам како целата таа ситуација влијае на мене. Од тогаш, па еве до сега, немавме скоро никакви контакти, се разретчија пријателствата и тоа многу лошо се одрази на моето расположение. Станав многу анксиозна, загрижена за здравјето на моето бебе и моето здравје. Сега полека „се враќаме во нормала“, но секако не е исто и ќе треба време, зошто нели сега сум мајка, и морам одново да ги воспоставам релациите со пријателите...
     
    На Bebac, Осе, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.358
    Дали ќе биде така ќе видиме дури есента. Сите би сакале да веруваме дека е така ама мислам дека не треба предвреме да се радуваме.
     
    На Bebac, Dust, daylight и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    На најлош можен начин ми влијаеше. Ми ги поремети сите можни планови, ми создаде погодна средина за развивање анксиозност, ми ги уништи социјалните способности кои толку енергија вложував да ги изградам. Станав обратно од easy-going личност, нешто што најмногу го мразам. Имам постојано чувство на итност, постојана замисла дека сум назад со нешто, постојано мислам дека нешто пропуштам и ментално не можам да прифатам ситуација без проблеми.

    Скоро година ипол сум принудена да бирам меѓу јавното здравје и моето сопствено ментално здравје. Секој од овие два избора има негативни последици. Ако изберам да се соберам со другари имам чувство на вина што не можам да го оттргнам со денови потоа, ако изберам да не си правам разоноди исто така имам чувство на вина бидејќи знам дека не е здраво за мене. Во превод секој чекор напред е два чекори назад, па така во ништо не сум уживала целосно со месеци и месеци веќе.

    Ова секако предизвикува страшна анксиозност (како што досега немав осетено), губење фокус, мотивација, желба за што било, ФОМО, немир, хипохондрија, неизвесност, иритабилност, low tolerance for bullshit... Знаејќи дека немам со што друго да се занимавам бидејќи надворешни активности се на минимум, сфаќам дека треба вишокот време да го поминам на учење. Ако не добијам одличен резултат се обвинувам бидејќи што ако екшли ми беше поисполнето времето од сега, уште полоши резултати ќе беа ваљда.

    Дополнително, фактот што секој ебен ден ми наликува на претходниот, т.е. седење на биро пред екран по цели денови. Добиваш чувство на заглавеност во циклус кој буквално немаш појма кога ќе заврши и дали воопшто.

    Уште поголем удар е тоа што сите веќе се преправаат како сè да е готово, да отворам инста стори сега секое второ ќе е од кафиња. Јас просто не можам така да се однесувам, додека постои пандемијава секогаш ќе ми стои оној глас at the back of my mind што вика "идиот си, чилаш додека луѓе умираат". Знам дека нема смисла тоа, ама имав completionist мајндсет и пред ова, немаше како да се избегне.

    Кога ќе се вратам во нормала? Никогаш. Јасно е дека она што беше нормално веќе е минато. Впрочем принудена бев најголемата транзиција во животов досега да ја правам во овој период, така што и без пандемија нормалата ќе беше загубена. Кога ќе продолжам да се чувствувам доволно комотно, тоа не знам, веројатно кога ќе ја добијам вакцината, а тоа нема да е набрзо поради тоа колку години имам и колку ни е способна и ефикасна владава кога се работи за вакцините.

    И не мислам дека на некој не го мавна од земја ситуацијава, ако има такви, ви завидувам, ви љумоборам и се плашам од вас. Мене ќе ми остави печат за цел живот, а верувам и на сите млади луѓе. Можеби најголем шамар од сево ова ми е фактот што кога ќе се потсетувам на ,,најубавите" години според сите бумери, ќе треба да се потсетувам на ова. И го мразам фактот што 90% од луѓето се смеат на ова и немаат никаква емпатија.

    Сумирано, I need therapy и тоа ептен. Засега, само laughing through the pain и видеа од смотани мачки ме одржуваат во нормала. :D Во секој случај, мислам дека треба многу повеќе да се збори за овој аспект на пандемијата. Карантинот, изолацијата и калакурницава што му се деси на светов престана да биде џоук многу одамна.
     
    На dunika, Cka, Избришан профил 146538 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Ужасно

    Еве не разбирам како некој може да рече дека добро му дошло и не му се сменило многу.
     
    На Избришан профил 146538, WildMk, arabella_ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Well, со тоа што завршува пандемијата не значи дека автоматски психичкото здравје на сите ќе се среди.

    Мене додека беше најлошото не ми беше ништо. Секако бев загрижен за блиски, познаници и општо за светот, меѓутоа не размислував воопшто за мојот живот.
    Сега откако се средува ситуацијата се чувствувам некако изгубено. Се соочувам со фактот дека една година така ја потрошив. Размислувам за сѐ што можев да направам, а не направив. Дел поради моја вина, дел поради памдемијата.
    Мислам дека сите ќе си се вратат во нормала освен јас. Имам чувство ко цел живот да ќе ми продолжи во изолација, дека никогаш веќе нема да се дружам ко што сум се дружел порано и никогаш нема пак да биде исто.
    Фактот дека ситуацијава ги смени сите, and there's nothing to do about it.
     
    На realGirl, CoverGirl10, senjorita-v и 18 други им се допаѓа ова.
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Лани не,но овој бран малку повеќе ми влијаеше на психа. Дома со едно дете врзано за компјутер на онлајн настава а уз тоа иде не викај, не влегувај ,јас читам, имам пуштено камера, смири ги маливе.Другите две мали деца да ги занимаваш цело време зашто другиот мора да учи. Страв и шубе ти е да викнеш на помош баба дедо, после ќе испаднеш крив. Многу смрт насекаде. А во овој последен бран и во моја близина, луѓе завиени во црно, неочекувано, чудно. Плус згора на толку пазење вирусот ни стигна и дома. Па изолации, лечења, страв за сите со кои си имал контакт. Фала му на Бога помина лесно. Ама од сетоа тоа останаа, ужасни главоболки наутро, болка во гради, најверојатно анксиозност , страв, панични напади. Засега си пијам бедоксин и од време на време диазепам, барем ми олабавуваат болка во мускули. Сакам да си зборнам и со психолог. Сума сумарум:ужасно ми делуваше. Само да се надеваме дека крајот се гледа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Пандемијата ми влијаеше на дипломирањето што мораше да е он лајн, но среќа лани кафаните работеа до кај 1 и имаше жива музика па супер си прославив. Не ми беше лоша 2020, одмор со другарки прекрасно си поминав, мислев конечно убави работи почнаа да се случуваат, зошто 2018 и 2019 изгубив двајца блиски, но короната не го одмина ни моето семејство. Вујна ми сега 2021 почина од корона, вујко ми едвај се оправи, цел месец беа во болница, сега е скршен психички. Нормално тоа влијае и на мене, блиска сум со него, и нема начин на кој би можела да му ја намалам болката.
     
  14. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.672
    Пол:
    Женски
    Пандемијата ми влијаеше на факултетот со тоа што е онлајн и е потешко, за дружењата на факс..
    Ми влијаеше за друга работа која се надевам ќе се исполни наскоро.
    Искрено за короната не се стресирав многу не бев опседната излегував шетав,дома да седиш постојано е лошо.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Пандемијата ми поремети планови. Да не беше таа, можеби ќе заминев во странство. Немам волја за дружење, за патување. Дај боже што поскоро да заврши. Но, не се знае. Со мутациите, а плус и вакцините не знаеме каков ефект ќе дадат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Прелошо ми влијаеше на психата 2020 најлоша година за мене дефинитивно. Уште на почетокот на пандемијата не бев психички океј бев во депресивна епизода , потоа завршив два месеци во болница затоа што имам системски лупус и имав страшни алергии и компликации, во болница постојано бев под стрес да не фатам ковид , кога конечно излегов од болница постојано бев под стрес да не закачам некаде ковид кога одев на прегледи одев со три маски и визир (не преувеличувам) премногу ми е страв затоа што сум на имуносупресори. Со моите немам седнато на ручек мислам дека една година . Ко да не беше тоа доволно па мојата психијатарка фати ковид и сега ми е страв да продолжам да одам , ги прекинав лековите за бордерлајн направив голема грешка па преку телефон со неа :l: иако беше на боледување поради ковид со температури до кашлици се ми објаснуваше како да правам до лековите.
     
    На buba4e89, Избришан профил 146538 и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    И да ќе ми треба не психолог туку психијатар , бидејќи мислам дека потаму уште повеќе "ќе ме стигне " се ова што се случува....
     
    На Anie93 и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Мислам дека си доста помала од мене, ама тотално те разбирам, само сакам да кажам дека изгледа од сите возрасти исто се осеќаме. Најубавите години се секогаш, само најубави за различни нешта. И тоа е баш веројатно тоа што на сите ни паѓа тешко, што сите имавме нешто испланирано за точно овие години, што со пандемијава не само што се пролонгира, туку којзнае и кога, а и дали ќе биде.

    Генерално иако си многу помлада од мене многу се препознав во твојот пост, така што мислам дека сите сме тука некаде, исти проблеми од различни аспекти. Сите сме заглавени во такви дневни репетиции, секој ден ист, лимитирани активности, лимитирани луѓе, лимитиран живот...

    Накратко, стварно блазе си ви на тие кои лесно минавте во однос на психичкиот момент, се надевам искрено дека повеќе сте такви отколку вакви како мене. Мене ме скрши и докрши на многу полиња, и мислам дека ефектот од целово лудило ќе го осеќам и допрва, можеби и долго откако сето ова ќе мине.

    Ама се надевам дека што побрзо ќе заврши, сакам да сум оптимист дека полека ќе се враќаме во нормала. Што и да е таа нова нормала :D
     
    На Izaabella, M.B., ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Многу мие криво што немаме за ништо групи за поддршка во Мк.

    Знае ли некој, како може тоа да се организира и кој може да го организира?
    Мора ли да е доктор?
     
    На Ugly Duckling, Филотеа и Осе им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.913
    Пол:
    Женски
    Ова влијае од повеќе аспекти.

    • Прво од социјален. Дури и интровертна особа има потреба за социјализираност и поврзување. Недостаток на такво поврзување фрустрира, нервира и растажува. Некој ќе си дозволи да има мал социјален круг, па то ме поврзва со втората точка, осеќа одговорност и чувство на вина ради то.
    • Второ е самата пандемија. Страв дека ќе се заразиме, страв за најблиските, стрес, развој на анкс како резултат на то. Одење на доктор за многу е стресно, кој бил пред мене, шо ако некој во чекална е позитивен и сл.
    Лично, резултати на анкс кои ги имав претходно, сега ми се алармантно ујачани, "дуплирани". Наново треба да градам ирл социјални вештини пошто година и пол животот ми е онлајн. Мислам дека многу ми поможи то шо сем површно, не се информирав за ситуацијата. Не читав заболени, умрени, ново заразени. Знаев површно - сега е критично, полициски од 8 и сл. Мислам дека ќе бев на полошо место и за то да читав.

    Исто така ова не е само сега. Пандемијата завршива па и проблемите. Во ова година и пол ние научивме нови обрасци на функционирање донесени под стрес. И ќе треба многу време да се одвикниме од некои работи, а уште многу поќе време психички да се донесиме во ред.
     
    На senjorita-v, Оленка*, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.