1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на родителите во изборот на идната професија

Дискусија во 'Образование' започната од butterfly992, 23 јануари 2011.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Дефинитивно имаат големо влијание. Jас сум родена Mакедонка, Египќанка во душа. :$
    Едноставно секогаш, било наидам на документарец, блог, слики, спомени од таа држава, јас луѓе плачам. Опседната сум и неверојатно многу се интересирам за тоа поле. Многу работи ме интересираат, од кои оваа е водечка.
    Kај нас секако нема можност за студирање египтологија, најблиску е факултетот во Бугарија, меѓутоа ако веќе се закренам во странство да студирам на тој смер, тогаш ќе си одам во Каиро. Денес баш испратив писмо до Американскиот колеџ во Каиро па ќе видиме. Не дека ќе отидам, само ме интересира што одговор ќе добијам. Моите никогаш, баш никогаш нема да ми дадат да го направам тој чекор. Но, детски мозок... :)
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Директно влијание од страна на моите немаше пошо се запишав јас на што сакав и не се противеа за да дипломирам за 4 години и сега да неможам да најдам работа. Ама ај да не бидам офф топик.
    Кога во разговор со моите споменав дека сакам да одам на факултетот ххх што го има завршено татко ми тој само ми рече дека се што сакам може ама тоа не (сепак јас тоа на шега го кажав т.е.не го ни сакав овој факултет па разговорот заврши токму тука). А инаку мајка ми викаше дека сум одбрала тежок факултет па ме советуваше да одам на нешто полесно, ама сепак не ми рекоа не за факултетот(а може требало :?: :?: за да не се убијам од учење а сега да требаат врски за вработување).
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Најголемата грешка која би можеле да ја направат родителите е тие да одлучат што нивното дете ќе студира :@ јас не сум имала таков проблем ни за упис во средно ниту за на факултет. Мајка ми рече одбери нешто што сакаш да учиш, а не утре кога 10 години ќе студираш во мене да бараш кривица. И вака би требало секој родител да размислува, односно во ред е тие да те посоветуваат или да ти помогнат при избор. Но доколку веќе има направено избор, а секако тоа е финансиски изводливо во никој случај не треба да се руши нечиј сон. Нивното време поминало, они успеале да те израснат и воспитаат во една зрела личност и сеа треба да видат колку сме навистина зрели и дали знаеме да направиме вистински избор.
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тоа е најлошото нешто што може родител да му направи на дете! Да го присили да избере професија која не ја сака! Да учи нешто што не му оди, или едноставно нешто што не сака!
    Кај мене, мајка ми врши некој притисок да завршам факултет за да можам да работам на местото од татко ми, а тоа би требало да биде Економски! Но, секако тоа нема да биде! Јас тоа не го сакам. А потоа, мојот живот и мојата иднина ќе зависи од тоа што ќе завршам, а не на мајка ми. Затоа ќе си одберам професија која ме привлекува, па дури и да не сум успешна во неа, сама да си сум крива, а не да ја кривам мајка ми или било кој друг што ми сугерирал да учам нешшто што не сакам!
    За среќа, татко ми ме подржува во тоа јас да одлучам што сакам! А таа родителска поддршка мислам дека е и многу важна! :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    На некој начин мајка ми има влијание во изборот на моето средно обрзаование, не дека ме тера да се запишам таму каде што она сака, туку ми вели да се запишам во полесна гимназија, а не во најдобрата, ама сепак инат голем сум и ке се запишам таму јас каде сапак, и секако без разлика на раазличните мислења на родителите ја имам нивната поддршка. :clap:
     
    На The.Fame.Monster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Мене лично не ми се мешаа моите кога дојде денот даизберам....а познавам многу на кои по дифолт им се знае дека ако мајка му е докторка-и тој ќе биде,татко му инженер-исто и детето.... :x
    Еве струката на моите нема приближна точка со мојата,јас избрав сосема различна професија од моите..Кога бев 4та средно ме прашаа 2,3 пати ,што планирам имам ли желба за нешто...им реков дека се двоумам меѓу 2,во второто полугодие татко ми ме праша-се одлучи ли која од тие две,размисли убаво-му ја соопштив одлуката и се согласија,воопшто не ми пререкоа ништо,и среќна сум што се такви срциња :inlove: татко ми само ме праша дали ќе ми треба помош од некој професор да ме спреми и помогне за приемните испите...им благодарам за тоа,сега ако мрчам за струката-нема што да им префрлам нив-мој избор,моја грешка ,или мој погодок :lol:
     
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Јас уште од 5 години знаев дека ќе бидам докторка.Само тоа сакав и ништо друго.Во моето семејство нема доктори,ниту пак некој ми сугерирал на изборот,само еднаш татко ми дали на шала не знам ми рече да се запишам на ликовна академија.Нормално не го послушав :lol:
     
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мене ми викаат кај сакаш таму оди.Додуше мајка ми ми викаше иди фармација има работа дрн дрн ама ја несакам викам исто ко продавачка ти е седиш и продаваш :D +има неколку хемии јас сум дрво ке ме бутнат и не сакам нешо ќе видам шо поише ме влече.
     
  9. Eli4ka7564

    Eli4ka7564 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Јас имам ваков проблем... Завршувам осмо одделение. Моите сакаат да се запишам гимназија.. Но јас не сакам.. ја сакам да одам Транспорт и Шпедиции.. Јас им се спротиставив.. но тие не ме пуштат.. По цели денови сме се карале.. но никако не бива.. Тие решиле гимназија и толку.. Но ја тоа не го сакам.. и ве молам помогнете ми.. како да ги убедам.. тие немаат право да ми се мешат во мојот избор.. Што да направам? Пишете побрзо :*
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Грешка е тоа што се мешаат родителите и тоа најголема.Како можат толку да бидат сигурни и да зборуваат за иднината дали јас ќе бидам вработена.За мене е сеуште е рано да зборувам,но кога ќе започенеме дома разговор затоа што планирам да продолжам здравје Боже на факлутет,мајка ми веднаш ме прекинува и почнува да кажува бабини деветини,наместо да ме поддржува.Ме нервираа кога кажуваат каква иднина ќе имаш ти со таков факултет,ќе бидеш уличар.Во денешно време е така,смешно е.Јас сакам да студирам на драмски.Тоа ми е во душата,уште од мала.
     
  11. Eli4ka7564

    Eli4ka7564 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ќе ми помогнете ли во мојот проблем..? Ве молам! :*
     
  12. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски

    Разговарај на убав начин со твоите родители кажи им дека не треба тие да оддлучуваат каде треба да учиш туку треба да оддлучиш.
     
  13. Hotty125

    Hotty125 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    кога не ти даваат право на избор?(факултет)

    Здраво :)
    вака знам дека имам уште 2 години за учење ,но прашањето каде на факултет ме заплашува.Од една посебна причина.Не ми даваат право на избор.Всушност тоа го прави мојата мајка.Уште од малечка ме влечеше кон уметноста и уште во 5 одделение ја одредив мојата конечна цел-сакам да бидам актерка.Можеби да ме замислите како фантазерка ,но за жал јас сум едниствената која што верува во себе.Верувам дека можам да ја остварам таа цел.Мајка ми постојано ми збори:Не летај во облаци и ќе си го смениш мислењето ќе видиш,сеуште си мала да мислиш за тоа.Таа пробуваше да ме убеди и сеуште се надева во нејзините цели кои се однесуваат за мене,со тоа што сака да ме запише во некој факултет во Австрија или не знам каде и да бидам преведувач.Она е тоа и го работи повеќе од 10 години.И постојано ме тера.Кога ќе и спомнам драмски(не мислам кај нас оти многу е сиромашен нашиот драмски)таа одрекува постојано и ми вели дека не сакала да ме гледа како сиромашна и без работа.Зошто ако може во странство ,тогаш не ме запише во драмски во странство.Тоа би ми одговарало..но таа бесполезно.Не сака да ми остави право на избор.Како млада сакала да стане музичарка ама таа се омажила за татко ми и се преселила во Македонија(оти не е од тука).Не знам по која причина не ја завршила музичката школа ,а знаела да свири на клавир и имала прекрасен глас.Не знам..само знам дека сеуште чувствува жал за тоа.За нејзините срушени желби.Зошто тогаш не ме сваќа?Не ми дава право на избор..секој ден поради тоа се напнувам.Понекогаш доаѓа и до солзи..помогнете ми,ве молам :( :worried:
     
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    кога не ти даваат право на избор?(факултет)


    Незнам како да ти помогнам.Нејзиното размислување можат да го сменат само волшебни зборови.. :^)
    Значи зборувај со неа,ама не обичен разговор туку употреби некои зборови кои ке ја натераат да размисли,омекне,нешто што стварно ке влијае на нејзиното размисллување.Ти знаеш од што може да размисли да свати дека греши.
    Разговарај,убеди ја и ти посакувам се најдобро. Поздрав. :*
     
  15. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    кога не ти даваат право на избор?(факултет)

    ова е таа лоша комбинација, кога родителот се обидува своите нереализирани желби од младоста, да ги оствари преку детето
     
  16. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    кога не ти даваат право на избор?(факултет)

    Да лошо е,ама има шанси да се поправи работава,не е до толку црно како што изгледа (според мене). :)
     
  17. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    кога не ти даваат право на избор?(факултет)

    Eпа како што кажа имаш време уште малку, можеш да ја убедиш, а доколку никако неможеш тоа да го направиш спротистависе, сепак мислам дека родителите треба да не поддржат во нашите избори а не да не тераат после да работиме цел живот нешто што не сакаме. Борисе со сите сили за да го завршиш тоа што го сакаш!
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.161
    Пол:
    Женски
    За жал, влијанието е големо, често дури тие бираат професија за своите деца наместо децата да си одберат што сакаат да учат а потоа и да работат. Со мене тоа се случи, од толку размислувања и неодобрувања од нивна страна, на крајот се запишав нешто што други одлучија... а што ќе работам по дипломирањето, бидејќи имам неколку опции, тоа ќе си изберам самата. Мајка ми за професорка ме спрема, но јас тоа не сакам.
     
  19. pulchritudinous

    pulchritudinous Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Јас сум трета година гимназија смер ПМА по избор на мајка ми. Прво бев ПМБ но таа ме убеди да се преместам бидејќи ми идела математиката итн итн и сака да продолжам на некој од техничките факултети, јас искрено не знам што сакам, математика не сум слаба но не ми иде којзнае колку, а програмирање МРАЗАМ, и затоа мислев да продолжам со медицина но искрено и тоа не го сакам но знам дека во тоа ќе успеам, а за програмирање електро и слично не сум многу сигурна. Знам дека е рано но ми треба помош мнооогу!
     
  20. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    pravi toa sto go sakas zatoa sto utre nema majkati da ja raboti rabotata sto ke ja izberes