1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на социјалните мрежи во изборот на партнер

Дискусија во 'Сингл' започната од dostae, 3 август 2020.

  1. dostae

    dostae Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Здраво,

    Решив да отворам дискусија. Не можев да дефинирам подобар наслов за темата. Ако имате некој подобар предлог, модераторите нека променат. Сметам тоа е најмалку битното во сето ова.

    Јас ќе почнам прво со прашање. Понатаму, ќе дадам мислење. Вие може да продолжете со одговор на моето прашање, но исто така доколку имате поразлично мислење/поразличен став напишете, нека се развие дискусија со аргументи и контра аргументи.

    Зошто досега секогаш кога сум приоѓал или сум постапувал прв во запознавања со женска особа, а тоа е било во 100% од случаевите, секогаш ама баш секогаш ми се има дешавано едното исто искуство?
    Искуството е следно. Приоѓам најкултурно, се запознавам како и „секој“ нормален дечко. Правам смирен муабет, притоа пристапот ми е без некои посебни очекувања. На крајот од средбата ако има можности и заинтересираност од двете страни за размена на социјални мрежи, си разменуваме и забележувам одма истите особи го променуваат односот кон мене со самото тоа штом ќе забележат дека имам ептен малку лица што ме следат на ig и немам слика. После кратко време (најчесто ден-два) или ме отследуваат или ме блокираат а не сум се ни обидел да ѝ пишувам, ниту сум бил нападен при разговорот, ниту сум инсистирал за нова средба.

    Едноставно, гледам дека проблемот е во социјалните мрежи и денес премногу ѝ се дава примат, во изборот на партнер, дури се повеќе запознавања одат преку овие мрежи.
    Што е најинтересно, не сум исклучок, ниту пак ваквите случаеви се ретки. Исто еден од другарите со „слаба популарност“ на социјалните мрежи исто и нему се дешаваат вакви работи. Додека, другиов другар е со слаба самодоверба во живо, песимистички гледа на работиве, ама има многу повеќе followers и тој без проблем, има сменето неколку партнери кои не му биле кратки врски, а и во меѓувреме имал други кандидатки што му се пуштале.
    Значи, како и да е, дојдено е време кога карактерно не се гледа, барем од личните искуства се занемарува, а се оди кон тоа дечкото да поседува некаков си виртуелен статус за да биде привлечен. Зошто се зголемува оваа тенденција и дали машкоста е перцепирана како поголема ако имаш повеќе женски што те следат на инстаграм?
    Сега нормално очекувам овде да се пишува како тоа не ѝм е битно на никоја од овде ама не знам колку е тоа баш искрено точно.

    Пожелно е да прочитам ваши размислувања и ставови на ова тема.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mesmeric

    Mesmeric Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Хмм. Интересно. Кај мене е обратниот случај, ако некој постојано постира ствари (добро зависи од содржината нормално) и му е битно да има што е можно поголем број на followers ќе ми остави впечаток на нарцисоидност и компензација за нешто што му недостасува во вистинскиот живот, што по default ќе ми ја направи таа личност непривлечна.
     
    На ToksycznaReakcja, Veta, Youknow и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Машки
    Ништо страшно, you dodged a bullet.
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.986
    Допаѓања:
    8.754
    Пол:
    Женски
    @dostae не треба многу да се оптеретуваме со социјалните мрежи. Инаку, можеш да си постираш слика, за да колку-толку личноста има претстава со кого пишува. Знаеш дека се прават и фејк профили, така?

    Не знам што да ти одговорам, бидејќи мене на инста скоро никој не ми пишува со години, со одредени исклучоци на личности кои ми пристапиле на фин начин - но најчесто за некој коментар на стори, нешто што сум постирала во контекст на литература, се надоврзиле..и толку.

    Е сега, не знам колку влијае ова, но мене блиски ми нашле замерка за содржината што ја постирам. И фала богу не планирам да менувам само и само да се допаднам некому. Мој живот, мои правила, мој инстаграм.
     
    Последна измена: 3 август 2020
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не знам за тоа 'дали и колку луѓе те следат'... ама мене на пример, ми смета луѓе што немаат слика од нив на профилна на ФБ.
    Или нема воопшто слика, или некоја рендом слика, или слика од децата, мачето, кучето.

    Други слики дали постира, не ми прави разлика, ама профилната ми е како... лична карта без слика.

    Не мислам на потенцијални дечковци/девојки, туку општо.
     
    На felisitas, cresa-jagoda, ImePrezime и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Во денешно време кога скоро секој користи социјални мрежи малку е чудно да немаш ниедна слика. Мораш малку да ги гледаш работите од женска перспектива. Ако немаш слика автоматски помислуваме дека нешто криеш, а ако криеш нас ни е генерално страв или во најмала рака неудобно да продолжиме со билокаков разговор. Има многу причини што би ни се смотале низ глава зошто си го криеш идентитетот, можеби си женет, можеби си некој мањак, можеби имаш кривични пријави and the list goes on and on... Сите овие причини се ГОЛЕМ turn off за билокоја девојка
     
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful, teaiva и 9 други им се допаѓа ова.
  7. banne1

    banne1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    40
    Да сменам малку тема, пратите ли дали партнерот заследува рандом луѓе од спротивен пол? Јас го игнорирав ова на почетокот на врската, за нели да не бидам љубоморен. Мене ова ми личи на шарање на очи. Подоцна во врската навистина се испостави дека е така
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Не ми е битно колку фаловерс имаат луѓето. Од лично искуство ако не ми се допаѓа момчето а ми побарало инстаграм некогаш се случува да го заследам затоа што ми било незгодно во тој момент да не го нсправам тоа и по неколку дена ќе го одлседам или се случува и воопшто да не ги заследам.
    За фотографиите ми смета кога немаат некои свои фотографии одма си помислувам дека се работи за фејк или лажен профил и чудно ми е. Ако немаш на инста слики твој тогаш обиди се фб да им даваш. Се надевам таму имаш:) @dostae
     
    На edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  9. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Што викаат Вајлд и Бубамарата , мене како машко ми е незгодно да налетам на женски акаунт со слики од манекенки, животни, романтично-поучни пораки и панорами од летувалишта и зимувалишта.
    Не ретко некој профили испаднале и дека се на геј - мажи па од страв не постирале лични фотографии, но не сфаќам зошто ме додале и уште муабет ми правеле представувајќи како да се жени кога ништо очигледно немам дека споделувам со нив иста сексуалност.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Најбитно ми било да има слики од себе и да се гледа дека не е фејк профил и да не следи 2900 женски (него да го следат 150) и да ги лајка сите силиконски турбофолк певаљки и девојчиња низ Мкд.
    Мислам не ми се битни следачите ама битно ми е што и кого следи, тоа ми е побитно и што содржина лајкнува.
    На прв поглед битно ми е тоа признавам.

    На пример кај дм ми се допадна шо е скромен и следи 250тина луѓе, има слики со друштво и фамилија, по некое селфи и слики од него најнормални и се беше пристојно и океј.

    Немаше слики од оние со флашине, цигари, наргилиња и димови и као кој фраер сум уауу пијам и пушам, сите дискотеки и кафани ги затварам бацее, па оние слики и цитати секс као им фалело или да лајка на 1000 женски. Е тоа го видов и доволно ми беше што не е некој загорен и затуцан сељак.
    Другото не ми е важно.
     
    На BlackMistery, cresa-jagoda, ImePrezime и 28 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Убаво е да ставиш барем една-две слики од тебе кога веќе разменуваш акаунт со некоја или пробуваш да ѝ пишеш на инстаграм/фејсбук.

    Немање ни една слика, 10 фоловерс мене лично не ми влева доверба и си помислувам или дека е лажен профилот или дека тој што е позади него нешто крие и пробува да остане колку што е можно повеќе незабележан.

    Исто така, не ми се допаѓа ни сосема спротивната појава, односно секојдневното постирање на социјални мрежи, пренапорно е и не ми е воопшто привлечно, едноставно се губи "мистеријата" ако може така да се изразам, кога некој секоја секунда става до знаење каде е и што прави.

    Значи, не се работи дека дошло време да не се гледа карактерот туку бројот на следачи, тоа е случај само ако налетуваш на незрели луѓе(за кои фиктивната популарност е битен сегмент од животот). Работата е што некои профили едноставно те тераат да размислуваш дека нешто не е во ред од причини кои веќе беа спомнати.А сите знаеме дека најважен е првиот впечаток.
     
    На ImePrezime, Mesmeric, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Ех, да знаеш колку сакам машки што не се замараат со социјални мрежи и што не следат многу женски... :hai:
     
    На browneyes_, teaiva, ivimis и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    денешно време сите се по социјални мрежи (богами и форуми:)) па ако имаш добар профил ќе бидеш посакуван/а... сите се направија манекени и манекенки...
     
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Неам што да те допунам све си пишала :rofl::rofl: ме изнасмеа


    Според тоа што го гледам по инстаграм и фб се забегано е и не ни сакам да се запознавам со некој на социјални мрежи дури не ни враќам на пораки. Во живо си е друго и боље според мене.
     
    На Maro87 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Збориме со другарка шо е сингл и пишувала со неколку и вика абе од 100 машки 2ца едвај на нет да ти се погодат асални за муабет, а за дејт па ептен тешко...
    А голем број врски денес преку нет почнуваат.

    Имам упознаено доста луѓе на нет и сум имала среќа 80% да се нормални, но секако барајќи преку горе опишаните критериуми. И дм го упознав преку нет. Ама тешко се наоѓа искрено, многу ме нервира тоа шо на се што моча клечејќи некои пишуваат и сфаќаш дека истите се пуштаат и на тебе и на комшика ти, колешката, другарка ти, братучетка ти и се со истите фори. (facepalm)
    Не се сите вакви секако ама и вакви има многу и тоа го отежнува процесот на пронаоѓање партнер т.е потенцијален партнер преку нет. :D
     
    На cresa-jagoda, MrenaRiba, teaiva и 4 други им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Денес многу е битно колку те следат а колку седиш не е битно. Секогаш треба да следиш помалце од што те следат. Исто ако ти пише некој враќање одма нема. Како така? Круната ќе ви падне од глава.
    И кога се селфате женските, едната рака мора да ви стои покрај окото. И ноктите што поголеми тоа поубаво. Устите нанапред. Иначе се губи квалитетот на сликата. Пред огледало ако се сликате едната нога напред другата назад и надоле гледајте. Или клекнете едната нога Прилеп другата Скопје. И секако гзот напучен.Можете едната рака да ја ставите на половина за да не делувате "искичмени".
    А машките застанувате пред огледало и сите мускули да си ги покажете.
    И многу е битно што носите. За да ги чекирате сите продавници.
    Е од кога ќе ја ставите сликата идете и профилот го правите јавен "паблик". Кога ќе соберете одредена бројка на лајкови го заклучувате профилот.
    На женски пишување прв н и к а к о.
    На женски враќање брзо на порака во никој случај.
    Женските исто.



    Да се вратиме у темава.
    Мене не ми е битно колку следи и колку го следат. Али ти да ги следиш пола инфуенСЕРКИ. Малце ќе се запрашаме. Реално никоја неќе дечко и да и следи теткици таму.
     
    На Herrera, cresa-jagoda, Veta и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека некои луѓе имаат вакви проблеми:?:
    Не знам што останатите девојки мислат на ова, ама ќе ти кажам дека мене не ми е битно колкава му е бројката на следачи на Инстаграм, ама битно ми е да има барем неколку слики за да знам дека не е лажен профил и да видам како изгледа.
    Посебно ако четувам со некој сигурно би ме интересирало како изгледа.

    Мој совет ти е да ставиш барем три слики за луѓето да имаат претстава за твојот лик.
     
    На DiCaprio, edna_malecka, teaiva и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Амам бе толку ли чатувате со лажни профили, јас си мислев мит е ова. -_-
     
    На DiCaprio, edna_malecka, SURF и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Прва причина за таквиот однос и снемување на интерес е ако уште на почетокот воопшто немало интерес, но ти погрешно си протолкувал. Не е твоја вина се случува и погрешна проценка, но битно е да знаеш дека понекогаш и од култура може да каже профил на социјални мрежи кога ќе побара контакт некој фин момак.
    Јас лично не сум направила нешто такво (не сум дала контакт од култура), но ми се има случувано со ликови со кои ќе сме сврзеле само еден муабет веднаш да ми пратат понуда за пријателство или да ми пишат иако од моја страна немало никаков знак дека сум заинтересирана било за пријателство, било за врска.
    И речиси секогаш тие не ги прифаќам, затоа што едноставно не сакам да давам лажна надеж.
    Можеби за некој е сурово, но за мене вака е пофер.

    Друга причина може да е тоа што немаш прикачено слика.
    Мора барем две-три да имаш, за да знаат дека си ти.
    Затоа што без разлика што можеби првичното запознавање ви било во живо, кога тој човек не си го потврдува профилот со слика ти доаѓаат на памет триста сценарија.
    Може да си помисли дека си ѝ го дал профилот на другар ти, зашто тој не може да си фати женска.
    Може да е лажен профил (ако нема ниту една слика или има само две-три, но од пред три дена ставени) од кој ќе се заебавате со неа тројца другари.
    Може и да си манијак (и покрај средбата во живо), бидејќи има и такви кои си прават профили само за да заследуваат/додаваат девојки и да ги вознемируваат со пораки или пак да преземаат фотографии кои се споделени само со пријатели па да ги пратат некому трет.
    И уште многу, многу други претпоставки.

    Во поглед на број на следачи, мислам дека многу мал процент девојки можеби би им било битно тоа (но тие веројатно и пријатели и се' си избираат по тој „критериум“).
    Мој совет е да си ставиш неколку фотографии, да не губиш храброст и верувам дека кога ќе си одговараш со некоја девојка, кога ќе ви се поклопат енергиите, ќе си се најдете. :)
     
    На cresa-jagoda, Mesmeric, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Да, многу е битно колку те следат ако се допишувате со 17 годишни девојчиња.

    Сеуште не сум сретнал возрасна девојка да гледа такви баналности.
     
    На BayernKa му/ѝ се допаѓа ова.