Ја сериозно мислам дека социјалниве мрежи треба да се укинат. Ама тоа само никнуваат нови, такво време дојде. Имаат големо влијание врз животите на младиве, како што гледам. Без нив полесно ќе се дише. Кого следи, што објавил, што лајкувал, зошто има малку (или нема воопшто) слики, зошто има премногу слики, каква содржина објавува... толку непотребно. Не ми влијаат социјалните мрежи во изборот на партнер. Се случило да запознаам некој и се' да почне токму од социјална мрежа, но вниманието ми било насочено кон комуникацијата, а не кон профилот каков е. Дека се создава некој впечаток од самиот профил, да. Или што знам, можеби дека се' ми било нормално на профилот, затоа не сум обрнала внимание. Инаку вака општо, од мојава листа пријатели на Фејсбук, имам забележано секакви категории. Од машки ликови попалени по женски и споделуваат тресење цицки и газови, до ликови кои немаат ниту една слика, а сепак не се лажни профили.
Си 'игравме' со Инстаграмот со ќерче и открив дека всушност има толку многу филтри, што реално не очекувам дека има таму фотографија, која не е едитирана. Ме интересира колку оваа појава делува на одбирањето на партнер и колку се реални очекувањата на луѓето?
Секој што ќе те одбие заради број на луѓе кои те следат и ако сметаш дека тоа е една од главните причини за одбивање рачунај го за dodged bullet.
„ Прошетај низ град сам, види дали и како те погледнуваат девојките, прошетај потоа со другарка покрај себе (баш другарски, без држење за рака, не гушнати) бројот на оние што ќе те загледуваат ќе се зголеми. Можеби затоа што несвесно во главата на многу девојки мислата отприлика оди вака: „Ако е добар за неа, би бил добар и за мене.„
Јас лично не објавувам фотографии на социјалните мрежи. На инстаграм немам ниту една,освен таа на профилот малечката слика. И тоа не го поврзувам со мојата ниска самодоверба, едноставно не сакам да се експонирам во јавност, и општо никогаш не сум сакала да бидам во центарот на вниманието. И дечко ми има околу 250 следачи и 5-6 слики. Сакам да кажам дека во избор на партнер за мене не игра улога неговиот број на следачи и слично. Е сега, ако веќе се запознавам со некого што не го знам од претходно, пожелно би било да има барем една фотографија, да знам со кого комуницирам. Мое мислење е дека многу им се придава важност на социјалните мрежи. Општо, за се'. Се' е јавно и транспарентно. Со самото тоа што се пласирани нашите лични податоци по социјалните мрежи,достапни за секого,веќе знаеме што да очекуваме од оној со кого излегуваме на прв состанок. За разлика од порано кога разговорите се воделе долого, во четири очи, сега секој разговор може да се заврши во две пораки. Мислам дека социјалниве мрежи ја намалуваат блискоста меѓу луѓето. И мислам дека доста забегав од темата,да не продолжувам веќе
Ние не се запознавме преку социјална мрежа туку ,,старомодно''. Се ,,шмекавме'' во живо, па собиравме храброст кој да пријде. Има некоја магија во тоа, верувајте. Во тоа време не ни имавме Инстаграм, како што се сеќавам, а јас Фејсбукот го користев многу слабо. Сепак, немам ништо против ако на некој му помогнат социјалните мрежи да си ја најде сродната душа. Мислам дека не е исклучена оваа опција, имам примери од блиското опкружување, среќни се и вљубени.
Оти мене никој не ми пишува? Арен ми е профилов, ене гз имам на аватар Абре луѓе што се замарате со такви работи, стварно не ми е јасно. Или го имаш нештото со некој или го немаш. Ако има заинтересираност одма се познава, а ако некој не сака уште во самиот разговор се осеќа тоа. Тој што ти го има меракот, дава (не)свесно до знаење. На се друго пишете чавка. Ова сама си го сфатив после еден доооооолг и неуспешен флерт, каде си ја чукав главата зошто и како не. После тоа се најдовме со либе и уште од првиот момент имаше нешто, се осќеаше едноставно, ти оди и муабет, лесно е и интересно. И најубави да сте на цел свет и најубави фотографии да имате, ако немате хемија со некој џабе ви е.
Значи за мене првата врска да биде на 30 години а на друг/и да биде на 15 или порано а притоа јас да се имам сменето и да имам пробано повеќе од тие што се 15. Мојава хемија дури до 30ка ќе барам? Некои хемии воспоставуваат со три-четири (претпоставувам) дури и кај некого бројката е поголема. Фала ама не ми треба тогаш никаква врска, ниту хемија, ниту физика. Да не заборавам тоа дека сум немал прилика ниту една да е заинтересирана за дејт, ниту прва да пријде, а на помали од мене не можат да се откачат од таквите работи.
Ако разбрав убаво сака да каже дека е неправедно што додека други (кои не ретко се и помали од него) успеваат да имаат хемија со повеќе луѓе, додека тој не успева ни со една личност и тоа го лути зошто не е фер според него, како и фактот дека тоа може да се случи доста покасно за него, ама тој сака или сега или ич.
Другар почни да работиш на тебе вежбај,дотерај се запознавај луѓе шо да ти кажам друго девојките сакаат среден маж не некој шупелкар мисли малце не си наполнил 30 години срамота е да кукаш по форуми и да немаш лапнато нешто до сега дотебе е сигурно
Сигурно нема некоја да се заљуби во некого, само затоа што е хуман голтар. Парите се дел од машкиот идентитет. Сакал некој да признае или не.