Па иам забележано дека појчето те избегнуват ако не си активен на социјални мрежи, т.е ако не си сликаш колата, саатот на рака во кој кафич пиеш кафе итн итн... листата оди... За мене лично не користам инстаграм, пошо работава ми е во 3 смени, ко шо се вели неам време ниту да спијам ко чоек преку работен ден,ниту пак се сликам кај сум бил на одмор, колку имам испиено на маса (виски, коњаци), ако стаам едно стори на ФБ еднаш на две недели и то е многу А за излегување во град, секој денм сум таму и не се замарам кој колку лајка добил на слика, колку комент. Пошо нели менталитетот овде е колку шо појче лајко на една слика толку пое*ач е лицето нели ептен значење и се дава на оваа "проблематика", со сликите напраени со еден куп ефекти
Нема врска дали сликате коли и часовници. Повеќето женски се потсмеваат на такви фалбацииски и сељачки потези ако сме искрени. Жените многу добро знаат што сакаат, а тоа не се очајни мажјаци кои не знаат да комуницираат и се жалат како никоја не им дава, ко божем целиот женски род да им е должен да ги задоволува. Никоја саглам нема да трзне по некој таков женомразач- а во голем дел тоа е и очигледно по однесувањето на социјалните мрежи-бидејќи нели тоа се СОЦИЈАЛНИ мрежи и на нив се гледна и какви ставови имаат или немаат луѓето.
Проблемот не е во перцепцијата на другите во поголем број случаеви, а до перцепцијата на единката. Кога таа не би гледала проблем во сопствениот акаунт некаде, не би оддавала значење на мислења од страна за истиот. Но кога лично некој мисли дека тоа е проблемот, мислењата на другите доаѓаат доплнително како непосакуван бонус.. До дечкото кој ја отвори темата, проблемот можеби е до вајбот кој го оддаваш во реалноста. Треба да си свесен дека не можеш со секој да си одговараш, а со тоа и да бидеш во врска. Со тоа на ум треба да пристапуваш. И притоа да внимаваш на начинот. Ако си од мало место и веќе имаш толку години колку штовелиш дека имаш, можеби треба да го прошириш и хоризонтот повеќе? Ама ако одиш носејќи предрасуди во себе, нема да добиеш поразличен резултат. Тоа треба да го знаеш.
Ако некоја смета дека неќи да е со тебе ради следачи - ништо не губиш. Dodged a bullet. Е сега во поглед профил, особено во карантин. Сакал или не социјални мрежи се дел од секојдневието. Не е толку важно колку луѓе те пратат можи е приватен профил ама важно е како ти се претставуваш на тој профил. Ова е особено важно кога немаш опција кафич/ диско за дејтинг и запознавање во живо пошто кога се запознаваш во живо знајш кој седи зад тој профил. Кога некој ме запратва мене, ми гледа слики и одлучва дека нели океј му сум и ми мава фолоу. Јас го прам истото. Гледам слики и одлучвам дали ќе вратам фолоу. Особено ако со некој немаш зборнато, посекако прво пристапваш чисто од физички аспект. Како шо си донел суд за изглед кога си додал некоја, истото го прај и та. Нема шо увредени ради то. Е сега ако немаш слики или имаш една слика и немаш ич фолоуверс до 10-20, сомнителен профил е то. Не е дека не си популарен туку јас такви профили избегнувам зошто не знам колку се веродостојни и за да се заштитам. Така да колку и да те нервираат социјални медиуми, колку и да ги неќиш, особено за време на пандемија каде ти е един начин на запознавање, среди си профилот. Клај бар два реда слики, нормално не наеднаш то е градуиран процес. Да можи да види дека си чоек, не некој мањак. Клај слики од места кај шо одиш или активности и на стори клај некој мајтап кога додаваш некоја да види дека постоиш. Комплицирани се соц. медиуми ради постоење на мањаци. И ние буквално се штитиме активно. Исто така red flag е ако има значително поќе шо ги прати него шо го пратат и ако то се исклучиво женски. Зборам не со стотка- две разлика, преку 500-600 разлика. Пример до 50-100 го пратат, преку 800-1000 прати тој, и тоа скоро сите женски. Очигледно е шо прај и е начин на заштита ова. Следно, има често проблем во онлајн комуникацијата. Кога некој запознавам во живо, па го додавам на социјални мрежи, искрено, го познавам и каков профил има не ми менва оти го видов и проценив дека сакам да дам профил. Не секоја е таква и то е океј. Е са важен дел, дур те блокираат, дали сте зборале и како? Оти второ место каде брзо се добива црвен картон е кога почнува онлајн комуникацијата. Многу голем дел абер немаат како да зборат онлајн. Ако клам слика на стори, маче, природа и оброк, и ти од сите ми вратиш на селфито, пиши пропало. Врати ми за мачето, муабет да ни се отвори башка да видам дека те интересирам како чоек и во исто време понуди нешто да видам каков чоек си ти, оти на селфито се шо можам е "фала" да ти вратам. Тие кои ми врќаат на селфињата, никогаш не добиваат повратна реакција. И сосем случајно, се ликови само една слика преку сила и без пратачи. Поентата ми е, мањаци. Ги има. Многу. И се штитиме. Како шо кога се запознаваш во живо со некој двете страни се трудите, мора и онлајн. Само зошто е ново мора да му земиш цаката. То е се. И ова се го пишам оти сфаќам дека е ново. Па ете од аспект на лик шо избегнува сомнителни лица онлајн. А немам приватен профил, напротив многу отворена сум. Edit. Пошто прво пишев према темата и првото мислење не видов ова. Секој привлеква то шо бара. Ако некој клава саат и алкохол и коли, привлеква публика шо сака то. Ако сакаш да привлекваш таква публика, тогаш смени профилот без то нема да привлечеш то шо сакаш и нема лутиш тука. Ама имаш многу, многу, многу повеќе девојки кои то го сметат за сељачко. Еден пратам такви слики шо прај и то оти некогаш иди во друштво со нас. Инаку не би. Очи ролам на секоја следна слика. Ама пак ќе речам, не му сум таргет публика него и затоа ролам очи, ама тон девојки паѓаат на тоа. Оти тие се таргет публика. Така да види кој си и шо би имал во интерес да клаваш повремено. Од таму, ќе добиеш потенцијална публика за то шо го клаваш.
Добро еве јас гледам да не гњави со политички содржини и да се прави некој "Еве јас се знам" На инстаграм многу не сум активна, затоа и моите испод 50 следачи и тука имам многу слаба интеракција со луѓе. Повеќе користам fb Лажни профили немам
Баш сите нормални се смеат на типци што имаат саатот на рака и воланот од колата слики . Нема везе стварно , едино тинејџерки може да се палат на social media.
Не е никаква машкост во прашање колку женски те следат, како што викаш ти. Ме следат 550 следам 450 луѓе, познаници од кои 90% сум ги упознал во живо. Имам стотина објави во две години. Не знам шо ќе ти се социјални мрежи, ако си оставил впечаток уживо, контактот ќе продолжел вибер/ватсап. Тука се работи можда за култура од нејзина страна шо ти дала профил и после тоа за незаинтересираност. Порано и јас мислев многу што, зошто, ама сфатив до што е. Ако бараш партнерка преку социјални мрежи, остави некој впечаток. Не со кола, пари и пијанчење, туку со тоа што правиш. Да види секоја дека тоа што го правиш не го правиш за лајкови или да бидеш виден, туку лично ради тебе. И тоа не значи дека со 5 ќе се гледаш истовремено или дека ќе станеш фраер што и да му значи тоа. Тоа значи дека си станал задоволен од себе, а тоа ќе се види при комуникација со сите и ќе се случува и она да те бара. Еве познаников, случај што имаше една слика и 7 следачи на инста, што ќе помислиш да си женско откако ќе го прочиташ ова. Имам еден познаник, не сум во контакт веќе, ставил една слика смуртен целиот, полугол, заследува 50-100 ниедна не го прифаќа и почнува да ги прашува здр зш не ме прифаќаш лепотице. Шо ќе заклучи некоја? Прво дека е мрза светска што го мрзи здраво да пиши, после дека е очаен. Ќе се случеше некоја да го прифати два пати у годината, у рок од два саата барање за кафе, па монолози и блок. И одговорот, типичен, жените многу барале требало да ги спуштат критериумите. И ми вика ајде и тебе дека нема да те прифатат. Викам 8 или 9 од 10 ќе ме прифатат, не ради тоа шо сум убав, туку ради тоа шо не оставам некој впечаток дека ќе си пишувам монолози. Ме прифатија, он продолжуваше да им пишува монолози, сеа требало да им пишам за него да му докажувам којзнае што? Т.е поентата му беше дека немало да ми враќаат и доказ дека жените бирале. Викам, ја не живеам за инстаграм ако видам нешто интересно постирано ќе пишам, ако некоја од нив виде кај мене, она ќе пише. Хахахахах да бе чекај ти они ќе ти пишат ми вика Ок, викам еве да одиме по твоите логики жените бирале. Зошто 6 години не излегла ниедна со тебе? Да застаниме еден до друг ја верувам 7 од 10 жени би рекле дека си поубав. Па и да си и убав на некоја со ваков пристап, од инат ќе те одбие и ќе те раскажува по другарки. Кога гледаш дека не те бива онлајн, смени нешто, пробувај во живо. Еве да одиме по друга логика, дека не си активен по инстаграм затоа те неќеле. Шо не станиш активен? Не мораш секој ден да постираш, било шо покажи дека постоиш со 5 слики у годината. Не знам некоја книга прочитај, препорачај ја, си бил негде во природа препорачај го местото. Си научил некоја нова вештина, јазик, постирај го. Си пробал некој нов спорт/екстремен, исто. Си зготвил нешто, исто. Одговорот(5 збора) : не сум јас тој тип Како не си тој тип викам?(ова месец два од кога се запознавме кога се обидував да го разберам и насочам) Викам тоа значи не си тој тип за ниедна жена. Ако не си тој тип ќе станеш. Одиш во школо за јазици, плаќаш учиш јазик, упознаваш луѓе, може ќе се најдете со некоја. Одиш на курс за ова, упознаваш луѓе. Одиш планинариш, луѓе колку сакаш Поминуваат неколку месеци, од тие шо ги заследував стапив у контакт со една, почнавме да излегуваме. Тој од 10 другарки на 8 им пишувал монолози, само на оваа шо излегов и уште една не. Ништо безобразно, ама очајот се гледа. И прекинавме контакт т.е и се преселив јас, ама му кажав пишувај на која сакаш, прави шо сакаш, не ме замарај. Гледавме еднаш двапати месечно фудбал у кафич и еднаш неделно фудбал во сала, така се знаеме.
Па искрено, крипи е да бараш инста профил на девојка која те гледа прв пат у живот, а ти воопшто да не си активен таму. Ете, јас лично не би сакала да си пишувам со фантом. Подобро кажи дека не си активен на социјални мрежи и разменете бројче па пишувајте си на вибер/уатсап да се упознаете.
Јас ги следам најблиските, а фалоу бек имам напраено само на некои што ме додале не знам како, имам напраено тешко да ме наоѓаат луѓе пошто стварно не сакам да ги глеам познаниците како си ги лечат своите комплекси секојдневно на сториња. Еднаш еден дечко ме обвини дека ми е фејк профилот пошто сум имала малку следачи и сите слики ми биле од странство. Сигурно нема да ставам слики од споменициве у ск,wtf. Anyhow, оние кои сметаат дека популаност на инстаграм е некакво мерило за статус и успех се good riddance
Јас немам ни фејсбук, ни инстаграм. Имав додуша фејсбук пред многу години, кога немаше македонци, претежно странци беа, имаше квизови, па имаше wall-от да си го декорираш, па покер да играш да се радуваш на првиот милион и коа ќе го изгубиш, пишуваш ко просјак да ти пуштат некое жетонче, интересно беше. Но, почна страшно лошо да делува на мене, сите имаа ,,поубав" живот од мене, сите подобро ,,изгледаа" од мене. Страшно депримирачка илузија, а всушност сите имале подобри филтри од моите Загрижувачки е што денес се се мери со лајкови. Мислење, изглед, фотографија, буквално се ставаш на тапет да ти прават рејтинг на твојот живот. Баш напротив, повеќе ќе ме привлече човек што нема фб или инста, отколку истите да му го диригираат животот. На оние кои им е битно сето тоа, за мене се плитки луѓе, неиживеани...
Јас немам фејсбук, а на Инстаграм немам слики (па ни профилната не е со моја слика), тоа не значи дека сум фејк профил. Објавувам story од мене најмногу еднаш неделно. Сите што ги следам ги знам, или преку социјални мрежи сме се запознале. Имам другар што има 70 илјади следбеници (fanpage за цртежи), и никогаш не се фалел со тоа (не ни гледам потреба зошто би се фалел). Пред се треба да имаш карактер, следбениците не се толку битни.
Имам и Фејсбук и Инстаграм. Некогаш знам да ставам слика од мене, дали на стори или на профил, ама конкретно си ставам и од животинките мои. Следам луѓе што ги знам, и тие што се поврзани со животни и природа, исто и обратно и тие мене.. Не ми дава до големо значење колку ми е активен животот на социјалните мрежи, да споделувам моја приватност или живот постојано со луѓе. Сепак за мене тоа е минливост, утре може и да ги снема..јас не губам, си имам свој живот, свој став изградено и не ме чуе дали ќе најдам некој за сродна душа преку нив. Штета што сега животот ти зависи колку и дали се популарен и за лајкови бе....
Или стварно немаш среќа или девојките се одбиени од нешто кај тебе.Пробај да поработиш на себе и објективно да видиш дали треба да си смениш нешто. Сите тука рековме горе доле исто - никому не му се битни 2000, 5000, 10000 следбеници, ама на повеќето им е битно да знаат со што личност комуницираат и да се осеќаат сигурно.
На кој начин споделувањето на своите искуства, мислења и можни решенија за ситуацијата со која се соочува некој кој притоа самиот побарал совет или барем започнал дискусија на одредена тема претставува давање лажна надеж? Ако сето тоа е контрапродуктивно, што е според тебе решението? Да не работи воопшто на себе, да прави негативни генерализации за жените од своето лимитирано искуство и да се откаже во потполност од потрагата по партнер бидејќи тоа е полесно?
Изговори како немање среќа и лош пристап, не се давање решение. Тој што константно добива корпи очигледно има проблем со својот изглед и треба да поработи на истиот, секако колку е можно, па потоа да поработи на својот материјален статус. Плус, да биде свесен за своите можности и да не брка девојки кои не се негов дострел.
Што се ќе прочиташ на форумот. Прво како не ви е срам да осудувате некој за годините, имал 30 години, па што?! Му завршил животот?! Друго, сите го осудивте физички. Ко во градот само лепотици да шетаат. @dostae Во врска со советот. Кога ќе видиш дека девојката е активна на социјалните мрежи и има повеќе пријатели, сам тргни се настрана. Таква девојка тебе не ти одговара. Барај некоја слична на себе. Разговарај со девојката пред да и го дадеш профилот на таа тема и распрашај се за нејзиниот став околу тоа. Отворено објасни и за твојот став околу социјалните мрежи. Доколку те разбере и тоа не и смета сигурно ќе продолжите понатаму.
Се сложувам не се, тие се обид за идентификување на проблемот, пред да решиш некој проблем треба да ја знаеш причината поради која постои. Ова е веќе совет и тоа доста сличен на твојот (еден од многуте слични), само без претпоставката дека физичкиот изглед или материјалниот статус се нештата на кои треба да поработи, што е доста неоснована претпоставка за некој што никој од нас не го познава и кој со ништо од тоа што има досега напишано нема дадено индикација дека е незадоволен од себе во поглед на тие нешта. Дека главен критериум во изборот на партнер не треба да му биде популарноста на социјалните мрежи, тоа скоро сите останати го напоменаа.