Последниот дечко ми беше вага ама имавме многу кавги но изгледа дека и подзнакот има некое влијание инаку сум Девица..
Искрено верувам...Хехе, девојки, јас сум лав(подзнак шкорпија) а тој е шкорпија и незнам уште колку ќе тераме заедно хахахаха навистина кога се гледаме ни е незаборавно, ама не оди некако....не си ги поднесуваме карактерите последно време...има спас?
јас секој ден си го читам хороскопот иако никогаш не ми погодил освен некои општи работи....ама сепак ќе си го прочитам и ќе пробам да се пронајдам инаку незнам... јас бев заљубена во најдобриот другар така се случи наеднаш...недоразбирање потоа ми кажа дека не ме сакал ко што ме сакал порано .ооооффф !он беше бик ја водолија..а викаат дека не се согласуваат..па ете сеа е заљубен у една водолија...а неговата нова најбоље другарка е исто водолија..вол манипулаторски ..веќе не верувам...ама пак си читам и верувам во надеж дека ке дојде и мојот час
Ај да не отворам тема, ќе о споделам текстов тука Емоционалната отвореност на хороскопските знаци Дали вашиот партнер има тешкотија во искажувањето на чувствата или отворено ви го кажува тоа што го мисли? Некои хороскопски знаци е лесно да ги наговорите да ви се отворат, а за други ќе ви биде потребна кристална топка за да ги одгатнете нивните мисли. Раковите и вагите имаат феминистичка природа и тие се секогаш спремни мирно да разговараат со вас и да ги разберат вашите емоции. Тие умеат навистина да се соживеат со вашите чувства и ќе ви го покажат тоа. Грижата и споделувањето емоции е нивна карактеристика. Скорпијата обожава интензивни, страствени разговори од срце, па не би било невообичаено таа да го подбуцнува нејзиниот партнер да навлегува подлабоко во искажувањето на емоциите, отколку што тој би сакал. Кога ќе размислите подобро тоа и не е така лоша работа нели? Скорпиите се навистина исклучителни типови на луѓе. Гордите и самоуверени лавови немаат никаков проблем во искажувањето на нивните чувства, барем не на почетокот од врската. Лавот попрво би зборувал за она што тој го мисли и чувствува, отколку да се обидува да сфати кои работи е неопходно да се споделуваат помеѓу партнерите во врската. За да го задржите фокусот на лавот кон љубовната врска која ја имате со него, потребно е да го храните неговото его и да му дозволите да биде во центарот на вниманието. Рибата на почетокот од врската е многу нежна, заводлива и поетична во изразувањето на нејзините чувства. Но со текот на времето, таа може да стане нејасна и двосмислена за партнерот, а тоа се случува секогаш кога е принудена да донесе некаква одлука. Ако сте во врска со риби, ви препорачуваме да го научите текстот на неколку омилени песни на вашиот партнер и додека разговарате со него, да му ги цитирате оние стихови во кои верувате дека тој најмногу ќе се пронајде во моментот. На тој начин можеби ќе добиете зрак надеж дека сте успеале да допрете до срцето на рибата. Девицата, бикот и јарецот не можат сосема да ја разберат поентата на длабоките емотивни моменти, бидејќи по природа се практични и сакаат да уживаат. Но дури и девиците кои се „гладни“ за работа, може да ги наговорите да разговараат со вас доколку успеете да ги доведете до искушение. Дури и да се случи тоа, нема гаранција дека ќе разберете како тие навистина се чувствуваат – особено не биковите. Близнаците, стрелците и овните можат да разговараат буквално на секоја можна тема, сè додека не ја допирате нивната чувствителна и ранлива страна. Копнежите и емоциите, овие знаци преферираат да си ги задржат за себе. Сигурно не сте започнале љубовна врска со водолија затоа што таа е многу емотивна личност. Баш напротив, водолијата ве привлече со нејзината незаинтересираност, самостојност, љубопитност и бистар ум. Тоа е можеби знак кој е најтешко да го запознаете кога станува збор за емоциите.
е и јас се пронајдов за Шкорпија! инаку да си го демантирам мислењето. Сепак излезе дека можам да се сложам и со лав
јас можам да кажам за комбинација, шкорпија и стрелец невидена поврзаност (врска страсна, со експлозии т.е. драми ) јас сум шкорпија а бившиот е стрелец, и покрај тоа што не сме сеуште заедно си одговаравме, (идевме 5 години) сега барав на интернет комбинација шкорпија и јарец.... и се изнасмеав вода+земја=кал хахаххахааааа има некој искуство во ваква некоја комбинација??? незнам дали само јас или е општо карактеристика за јарците дека се малку чудни карактери некако тешки....луѓе....
Јас не верувам многу во хороскоп, ама си читкам и ми се интересни овие работи Инаку јас сум близнаци дечко ми шкорпија, а супер се согласуваме
Баш ме интересира сто мислите во врска да се двајцата близнаци? Значи ми се свиѓа еден дечко што е во хороскоп близнаци, а и јас сум близнаци...Според некои муабети што ги имаме правено сме премногу слични сакам да ги слушнам вашите размислувања
Ако навистина сакаш да дознаеш дали тој дечко е за тебе или не здравје боже ке одиш на летување сама со него на некои 15,20 дена се разбира доколку и тој сака но тотално сами двајцата.Од тој одмор ќе дознаеш дали можеш да живееш со него подолг период.Инаку по статистика близнаците меѓусебно си одговараат но и со другите воздушни знаци
Многу работи зависат од подзнакот како и од знакот на месечината и затоа и некои чудни комбинации се случуваат но процентуално ти се во помал број.Инаку за маж јарец со сигурност можам да ти кажам дека по малку е како завеан,многу е силен на уста додека на дело е кастрофа.Од 24 часа во денот 23 часа мисли како да дојде до големи пари.Пак ќе кажам процентуално повеќето се вакви иако постојат и спротивни на овие што ги кажав но со помал број.Сум имал работа со неколку јарци било да ми се колеги на работа или ми биле пријатели и од искуство за повеќето немам добро мислење.
Точно е дека не треба да веруваш во хороскоп посебно оној што го пишува по весниците но целосно треба да веруваш во астрологијата бидејки тоа е наука.