Форумџика на годината

Влијанието на цртаните филмови, видео игрите... врз психичкиот развој на децата

Дискусија во 'Психологија' започната од cresa-jagoda, 12 мај 2017.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Во поново време сѐ повеќе децата се пред телевизор или пред компјутер гледајќи цртани филмови или играјќи видео игри.
    Родителите се зафатени со домашни или работни обврски и не им посветуваат доволно внимание на своите деца.
    Но, гледањето цртани филмови и играњето видео игри, посебно оние кои содржат насилство влијаат негативно врз психичкиот развој на децата. Децата почнуваат да стануваат агресивни, лесно раздразливи, живеат во некој си свој свет кои го замислиле и стануваат незаинтересирани за сѐ друго.

    Дури и најпопуларниот цртан филм Том и Џери со кои пораснавме сите, сепак содржи насилство и разни други сплетки што си ги прават меѓу себе Том и Џери.
    Сето тоа им е интересно на децата, но како тоа влијае врз нив и што позитивно можат да научат децата?

    Или пак играат видео игри со пукање и убивање. И сето тоа може да им создаде една нереална слика дека тоа е нормално и дека тоа може да го прават и во реалниот живот.

    Кое е вашето искуство во врска со оваа тема?
    Дали можеби има и нешто позитивно во гледањето цртани филмови и играњето видео игри?
    Или сте сведоци на негативното влијание врз психата на децата?
     
    На Lolipop23, sj *O*, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Премногу често ме воодушевуваат млади луѓе, деца сеуште, да би изјавила дека сум сигурна во само лошото влијание на игриците и насилните цртани на кои пораснале.
    Нивниот ум е брз, знаат со малку и површно, суштина да извлечат. Чудно е, нелогично на прва, но сеуште постојат препаметни млади деца, кои пораснале на ваков начин, а успеале само бенефитот да го соберат.

    Светот забрзано се менува, потребно е да се живее во него.
    Секако дека е потребна контрола и мерка, но мислам дека забраната би била скроз погрешна.

    Секое време свое бреме.

    До скоро ми пречеше тој недостиг на зборови, на убави, украсни и долги мисли, но умот може да се покаже и на друг начин, животно, практично.

    Секако ова е мое лично видување, без статистики, во кои и не верувам баш.
     
    На Anacid, jacqueline.s, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    И јас сум мајка, ама врие од жени кои се припотресуваат на децата за се и сешто, смешно е да се зборува воопшто.
    А што да прави дете ако не гледа цртан филм, жити се? Да седне да вези на 1 година возраст?
    Во наше време немаше видео игрици, ама малце сме си играле игри на улица крадци и полицајци гледам овие што играа крадци, сите крадци станаа, или камај со играчки пиштоли и тако даље да не набрпјувам.
    Де забога немојте да си правите дебили од децата, кога ќе видам какви забегани мајки постојат, се понашаат ко само они да родиле и само они да имаат деца.
    Вчера читав на пример на една страна на ФБ штетно било детето да се става во дубак оти на старост грбот ќе го болело. И мене ме ставале в дубак, ама грбот и кичмата од работа ме болат, а не затоа што на 7 месеци сум одела во дубак. И уште еден куп примери како е штетно на децата вода да им се дава до 6 месеци, жити се цвеќено живо суштество сака вода, нема дете да сака, од такви мајки жал ме фаќа за децата само.
     
    На Shmizli4kA, SexiLy, LadyC и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Значи видео игрите и некој нови цртани што рекламираат насилство навистина лошо влијаат врз децата. Брат ми додека беше мал и го гледаше многу се пренесуваше по нив. Скокаше, рипаше се тепаше едноставно ги имитираше. А и општо познато е дека видео игрите не се здрави за децата па и возрасните. Јас мислам дека со тоа насилство што го рекламираат на децата му иде до знаење дека насилство е нормално а и нешто со што треба да се гордее.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Лош почеток :^)
    Колку е "доволно"? Што задоволува? Колку не е претерано?
    Еве јас 13 години сум мајка на едно и 6 години на две деца и не знам за граница, не знам колку им е доволно од мене, кога ги гушам, можеби им е премалку па би сакале уште внимание и посветеност :?: појма немам.....
    Инаку се согласувам со @Offspring, малку се претерува денес со родителството, па сите сме загрижени родители бре, ама се изфрустриравме ние и си ги исфрустриравме децата од претерување!
     
    На jacqueline.s, mode-kristina и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Децата впиваат се што гледаат и слушаат околу себе, проблемот е што родителите денес посветуваат се помалку внимание на своите деца. Има исклучоци секако, но денес родителите најчесто само им пуштаат цртани на децата не внимавајќи на нивната содржината и како таа влијае врз детето. Пред скоро време читав дека некое дете скокнало од прозор со чадор сакајќи да лета како што видело на некој цртан филм. За среќа, живо е, без некои тешки повреди. Сметам дека родителот треба да седне да гледа заедно со детето и да му ја објасни содржината на цртаниот филм. Но родителите немаат толку слободно време а и она што го имаат најчесто за себе го користат па полесно им е да им дадат таблет или телефон на своите деца да играат игри кои ги прават нервозни и агресивни, наместо заедно да цртаат, да учат песнички, да составуваат сложувалки и сл. На детето му треба внимание, грижа, треба да се воспита а не да се остави така. Кога ќе имам свое дете, ќе му објаснувам што се случува во цртаните филмови, што е добро, што лошо, реално или нереално, а за видео игри ќе си почека да попорасне.
     
    На Lolipop23 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Па може многу други работи да прави наместо да гледа цртани филмови. Може да игра со играчки, да игра со други деца, да слуша детски песни, да гледа емисии за деца, да црта, да бои во боенка, може родителите да одвојат време да му прочитаат некоја приказна, па потоа да зборуваат за прочитаното.

    Или кога веќе му се пушта цртан филм на детето како што рече и @Bitter-Sweet треба родителите да им објаснат на децата што е доброто, а што лошото во тој цртан филм што им го пуштиле. Во целост се согласувам со мислењето на @Bitter-Sweet .
    Не е само работата остај го пред телевозор да гледа цртан филм за да биде мирно или остај го да игра видео игри со насилство.

    Еве еден пример како негативно влијаат врз психата на децата цртаните филмови или видео игрите со насилство.
    Додека се возеле во автомобил таткото и неговиот мал син, таткото возел побавно и синот му рекол зошто тато возиш бавно. На тоа кога татко му му одговорил дека има автомобили пред нив и не може да вози побрзо, детето му рекло: Ајде тато да ги згазиме. Таткото целиот зачуден му рекол: Како така да ги згазиме сине? На што детето му одговорило така правам јас кога играм игри на компјутер.
    Значи дека децата стекнуваат негативна слика и мислат дека тоа што го прават во видео игрите или тоа што го гледаат во цртаните филмови е исправно да го прават и во реалноста.
     
    На Selest, Mrs.Brain, Someday и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    јас мислам оти претерувате.
     
    На SexiLy, TeddyGrey, LBC и 4 други им се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    А сепак бргу ја надминуваат таа фаза, можеби ретки исклучоци остануваат во неа, но тоа е и до генетика.
    Јас имам впечаток дека денешните тинејџери итекако знаат што е реалност и многу помалку напразно сонуваат.
    Навистина е потребна контрола на содржините кои ги гледаат, понекогаш и забрана ако се претера, но не може по секоја цена да се живее поинаку од другите.

    Пружи му на детето љубов и подршка, кога е несигурно, за се понатака самото мора да се избори.
     
    Последна измена: 13 мај 2017
    На m.i.g, Sky-butterfly, Jas! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Насилството постои откога постои и човештвото, а цртаните и видеоигрите - од пред 60-ина, односно 20-ина години. Така да, не, не мислам дека којзнае колку лошо и штетно влијаат врз децата.

    Цртаните се безопасна забава, а насилните видеоигри добар начин да се канализира насилството и агресијата кои се сосема нормален дел од секој жив човек, па и децата.

    Нормално, не викам дека на неколкугодишно дете треба да му се пушта South Park или да му се даде да игра Resident Evil, ама генерално, не сметам дека цртаните и игрите влијаат штетно врз психата на децата.

    Се сложувам дека на децата, особено кога се помали, треба да им се објасни што е тоа што го гледаат или играат и да им се даде соодветен контекст за содржината која ја апсорбираат.

    И тука всушност лежи вистинскиот проблем со цртаните филмови и видеоигрите - кога родителите сметаат дека истите се замена за воспитување и внимание - пушти му цртани со саати или дај му таблет или Плејстејшн и заборави го дека постои.

    Штетното влијание врз децата, нивниот психички развој и воспитување произлегува од недостатокот на грижа и внимание од страна на родителите, а не поради некој изгледан цртан или изиграна игра.
     
    Последна измена: 13 мај 2017
    На kim.k, jacqueline.s, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Моево не гледа цртани, и да и пуштам гледа две минутки и почнува да се тртка натаму-наваму.
    Ги сака оние песничките, ама и тие во последно време и здосадија изгледа. Гледам што помалку да е пред тв, јас ја анимирам, пуштам ако треба да правам нешто или кафе на раат да испијам. Ама повеќе сакам да си игра со нешто, да истражува, отколку да зјапа во тв. Зимоска повеќе гледаше, сега речиси ич.

    А и да, се сложувам, ако не му објасниш кога веќе разбира ќе си ги поврзе работите како знае за возраста. Треба да им се збори, да се активни, а најлесно е остави го пред тв и бркај работа.
     
    На LBC, Lolipop23, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  12. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Цртаните мислам дека ги ограничуваат децата малку со говорот, се е на англиски, па имам впечаток дека малку им ствараме конфузија.
    Моево е 10месеци, па има цртани така кои и се поомилени. Се трудев едно време ич да не и пуштам ама не биваше. Во однос на играчки, имаме тон и се и се здосадува во секунда, така да некогаш цртаните и те како се спас, но само дома.
    Ако идеме некаде, не давам таблет или телефон за да гледа.
    Без некои работи едноставно не се може, во такво време живееме.
     
    На LBC и sonuvana им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Гледам да се помалку пред тв и таблети, мобилни ама не сакам ни да им ги бранам овие работи и да ги отупавувам зошто реално живееме во техничко доба и мора да се едуцираат за неа од најмали нозе.
    Мобилниот ми го отклучуваат од 18 месеци, знаат пасс џа мојот, за на сопругот, дедо им, секој тел го баратаат што се вика подобро пд нас.
    Големиот син гледа Myles of tomorrow land, Jake the pirate, малиот омилени му се Lion guard, на малата Princess Sofia, ниеден од овие цртани не се насилни, сите се на Дизни каналот и мислам дека еден до два цртани во денот не им пречи во развојот.
    Одиме во драјв ин сите заедно да гу гледаме сите цртани филмови што излегуваат, нема филм што не ги знаат сите песни, цели реплики, во моментот нонстоп се одржуваат кај мене дома концерти со песни од Sing, Trolls, ,штета од ово не гледам никаква, само корист, си билдат самодоверба, ја надминуваат срамежливоста, пејат и пред непозната публика, уживаат кога ги фалаат, ракоплескаат, добро де и мали нарцисчиња ми се па едвај чекаат да пејат пред некого.:wasntme::P
    Игри играат ограничено на дизни инфинити, им ги купуваме фигурите од омилените филмови и си играат највеќе до половина час во текот на денот.
    Играат и со други деца, играме и ние со нив, боеме, правиме лего фигури, сложувалки значи не им е дадилка тв- то туку награда за добро однесување.:lol::lol:
     
    На Mrs.Brain, m.i.g, Jas! и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Цртаните веќе ги надраснавме а од нив научи јазик и еден куп општи работи од животот што дете на таа возраст не ги доживува но не е лошо да ги знае. Сега сме на јутуб канали, збира информации и учи работи што јас многу покасно сум ги научила. Филмови знае, песни, општи слушувања во светот како пример дека Трамп е претседател на Америка и дека другите многу не го обожаваат :D Ги знае и претходните претседатели на Америка, планети, разни животни, како да се однесуваш во ресторан, како да црташ подобро и полесно, логички игри на мобилен игра, чат пат пушта и некакви глупави видеа па забранувам...љубопитноста нема крај. Игра и надвор со деца ама претежно сме дома (лошо време) со мобилен, лап топ, боици, книги, играчки...од се по нешто. Паметно и информирано дете а дел од тоа има заслуга и интернетот. Агресија никаква, критикува ако некој повиши тон.

    Јас на таа возраст поима немав од многу работи ама важно играв тетки со комшиските деца. Штикли, бебиња во кутии од чевли и на гости кај другата тетка...добарден тетке, како си денес, што ќе правиш за ручек? |(Криенки, брканици -ок, ама и тогаш родителите да не не' пуштале да трчаме по улици цел ден оти многу загрижени биле за нашиот физички развој или мирот со тоа си го купувале?
     
    На Mrs.Brain, SexiLy, TeddyGrey и 10 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.483
    Допаѓања:
    165.866
    Пол:
    Женски
    Како родителите се однесуваат со или околу детето е поголемо влијание него самите цртани, видео игри и слично. Некои деца ја оставаат вишокот енергија на играта и потоа се мирни, а други се полнат со енергија од играње па после мора некаде да потрошат. Јас лично играм многу и сум многу смирена личност за разлика од брат ми кој е агресивен, а врви дупло помалку време од мене на играње видео игри и тој гледа поќе тин серии за разлика од јас која гледам цртани. Ја правам оваа компарација зошто ќе ставам како мислам точно: мислам дека децата повеќе се соживуваат со тинејџерски драми, комедии, серии за разлика од цртани. Се знај цртан - не е вистина, анимиран е, можи да седни да нацрта нешто слично или детето или некој друг да му нацрта за разлика од тинејџерските драми кои се деца на возраст од 10-15 години, нели таргет група и гледајќи како тие се дерат, како тие скокаат, се тепаат (макар и на мајтап), и бар од мое забележување деца на оваа возраст најчесто го прифаќаат однесувањето од овој тип на емисии, а не на цртаните или пак на видео игрите. Сепак, ова е мое лично мислење и пропратено со набљудување.
     
  16. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Ги ценам цртаните, пошто така како мала си го научив Англискиот јазик :D . Ама пак од друга страна, некои цртани филмови не се секогаш добро промислено направени, на пример беше едно време табу тема, детенцето што гледало телетабиси, си се протнало во шахта мислејќи дека ќе биде како нив, демек исто како во куќата кои тие си оделе дома, онаа дупкана што се отвараше из под земја или како и да беше :rofl:(facepalm)
     
  17. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    во принцип цртаните се поучни, полесно разбирливи, баш ради тоа се наменети за децата и не преставуваат никаков проблем
    проблем денес преставуваат турските серии, голема грешка е на децата што им се дозволува да ги гледаат ама покрај мајките и бабите кои ги окупираат тв приемниците и децата се навлекуваат
     
    На lollypop❤, Anacid и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. lollypop❤

    lollypop❤ Нов член

    Се зачлени на:
    14 мај 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Зависи какви цртани се..На пример некои од оние постарите Том и Џери,Мики Маус,Пинк Пантер,Мистер Бин..Тие ми беа омилени а бидејќи Мики Маус го даваа на германски научив да бројам на германски до десет и сеуште памтам хахахх или некои попоучни имаше еден секој ден го гледав двајца браќа ги истражуваа животните и од таму имам научено многу работи за животните
     
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Сметам дека е сосема во ред мало дете да изгледа по некој цртан или да поигра некоја игра но сепак тоа да не биде поголемиот дел од времето. А воедно мислам дека треба да се внимава и на содржината на истите, да бидат соодветно за возраста и од нив да се извлекува нешто корисно. За жал доста често затекнувам некои нови цртани без врска, полни со пукање, тепачки и не знам што ли уште не. Таков цртан не би му пуштила на дете искрено, попрво ќе му пуштам некој од оние постарите од Дизни, Том и Џери и некои слични на нив.
     
    На cresa-jagoda и lollypop❤ им се допаѓа ова.
  20. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Внимавам само какви цртани гледа. бејби тиви нема ниту насилство а и ако некој ги прател цртаните дури и храната што ја јадат животните не содржи месо туку само се што расте на дрво што се вели. дури ни од таа страна нема насилство. ги учат децата дека животните се пријатели на човечкиот род од малена. За насилни цртани се ссложувам ама за скроз не гледање не. Колку и да си игра сака да погледа. И сето тоа е нормално кога е во граница на нормала.
     
    На cresa-jagoda и augustd им се допаѓа ова.