Знаеме дека денес сме под секакви влијанија.Најголемо влијание имаме од медиумите кои што се насекаде распространети.Но, дали сите влијанија треба да ги прифатиме, да го видиме вашето мислење на прашањата подолу Можеби некој медиум како на пример весник, интернет или пак можеби телевизијата ве натерала да размислувате поинаку? Дали форумот има некакво влијание врз вас? Вреди ли под нечие влијание да се промените? Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка), родители или пак си останавте на вашите? Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? Оставам простор на вас за да се изјасните (Ако има ваква тема може слободно да се избрише)
За почеток ќе кажам дека ни најмалку не е лесно да се влијае врз мене, посебно порано, сега станав малку пофлексибилна, бидејќи нели.... со глава во ѕид не се удира. Медиумите не вршат некое големо влијание врз мене, можеби интернетот бидејќи сите сме зависници од него, ми влијае од една страна негативно , бидејќи знам да се заблејам во некоја работа која не ми значи ама баш ништо во животот и не ми прави разлика, но од друга страна врши влијание во смисла информираност и поврзаност, зависна сум од комуникацијата преку нет, така да... Дали форумот има некакво влијание врз вас? Форумот, лага или вистина, мене ми влијае во смисла - читам различни мислења, се убедувам се' повеќе дека сите луѓе сме различни, но тоа не е ништо лошо, таа помисла порано ме ужаснувала, сега дури ми е убаво и си го вежбам трпението и социјалните вештини, макар и во виртуелниот свет. Вреди ли под нечие влијание да се промените? Доколку сум забегала во било која смисла или аспект од животот, добра работа ќе биде некој да се заложи и да ми укаже на грешките. Доколку влијанието е позитивно и води кон позитивни промени на мојата личност, секако дел од тоа логично ќе било да го прифатам, иако признавам ретко го правам тоа. Знам дека многу пати ми укажувале на работи за мое добро, а сепак не сум потпаднала под нечие влијание. Донесувам одлуки секогаш сама. Сметам дека секој треба да си влијае колку што е можно повеќе САМ НА СЕБЕ. Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка)или пак си останавте на вашите? Не, моите мислења еволуираат и ги менувам исклучиво по мое размислување и расудување, никогаш по туѓо, ниту другарки, ниту родители не ми влијаат тука. Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? Не. Не потпаѓам под туѓо влијание, никогаш не се случило.
1.Дали форумот има некакво влијание врз вас? Има влијание. Се релаксирам 2.Вреди ли под нечие влијание да се промените? Не вреди. Си живеам како сакам. 3.Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка)или пак си останавте на вашите? Да, сум променила и не сум се покајала. 4.Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? Не потпаѓам лесно. Некогаш глумам дека сум го направила тоа, но во главата всушност имам друг план.
Па не подпаѓам лесно под туѓо влијание и си се држам до моето мислење,но има ситуации кога еве медиумите влијаат онака малце да се замислам...Или пак врз мене влијае мислењето на некој поискусен и ќе се замислам дали е во право..Мислам дека не вреди да си го промениш мислење заради нечие влијание и треба да се стои цврсто на своите ставови... А форумот влијае на мене во секој случај позитивно...ме релаксира и расположува...
Дали форумот има некакво влијание врз вас? -Да има.Честопати применувам совети што сум ги сретнала по форумот и неретко ми успеваат.Еве овде сум нашла и супер пријателки на пример прееска кога бев изнервирана сите беа тука да ме утешат. Вреди ли под нечие влијание да се промените? -Зависи какво влијание.На пример ако советот и влијанието се добри и не ти мислат лошо оние кои ти вршат влијание врз некои работи тогаш вреди.Ако личноста се што прави е да ти љубомори и затоа влијае врз тебе и твоите промени тогаш не вреди. Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка)или пак си останавте на вашите? -Да,порано многу често и јас се карав со некои луѓе заради тоа што другарка им била налутена.Стварно не вреди,таа го има проблемот,а не јас,нели така? Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? -Порано да,сега го сменив тоа.
Под туѓо влијание не подпаѓам. Форумов, па ме релаксира до некоја мера, ама ништо посериозно. Ако јас мислам дека сум во право, тешко дека некој ќе ми го наметне своето мислење(биковска карактеристика што да правам )
Под туѓо влијание не подпаѓам.Можеби ќе ислушам нечие мислење а тоа не значи дека ќе го прифатам и применам. На форумот сум поголем дел од денот така за релаксација но има и искуства врз кои можеш да се потпреш и научиш нешто. И исто како реинбоу ако сум во право тешко мењам мислење за реинбоу и истата наша карактеристика
Дали форумот има некакво влијание врз вас? Па може да се каже. Вреди ли под нечие влијание да се промените? Па мислам дека чоек во најголем случај не треба да се промени заради другите.Треба да си остане СвоОј. А ако е тоа за во позитивна смисла за да биде посреќен и тн и тн можеби вреди да се испроба. Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка)или пак си останавте на вашите? Па не сум променила мислења бидејки со најдобрата другарка секогаш како мото беше да не бидеме ничии копии(како на пр со мислењата) и никогаш не сме имале заедничко мислење кое ни се совпаѓало и на двете.Секогаш бевме контра Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? Нее.
Форумот секако дека има влијание на мене. Обично ми го подобрува расположението (ретко, мнооооогу ретко се случило да се изнервирам заради нешто тука). Има влијание и врз моите мислења, многу научив тука, па ете и врз знаењето има влијание. Вреди да се менуваме под нечие влијание - да, доколку тоа влијание е позитивно. Во спротивно... го знаеме одговорот. Никој не може да ме натера мене лично да си го сменам мислењето. Некогаш сум толку тврдоглава, што за инает (иако знам дека не сум во право) си го терам моето... Е тоа не чини. Аналогно на реченицава погоре, никогаш не потпаѓам под туѓо влијание. Јас знам што сакам и што ми треба и никој не може да ме убеди во нешто поинакво.
На форумов се зачленив заради забава, но морам да признаам дека често некои форумџики знаат да ме предомислат при донесување на некоја одлука, да ме посоветуваат и ми е забавно кога читам туѓи мислења. Така што - Фемина дефинитивно влијае на мене, не само форумот туку и целиот сајт. Имам свое „јас“ и како бик во хороскоп сум многу тврдоглава, па некогаш не попуштам. Влијание врз мене има и дечко ми и другарките, но тоа не значи дека секогаш го менувам своето мислење во однос на туѓото. Не би рекла дека лесно потпаѓам под туѓо влијание, можеби затоа што повеќе пати сум била разочарана, па сега немам доверба во луѓето. Пред се - секогаш се слушам себеси
Се менувам секој ден. Не драстично, ама секоја случка ми влијае на расположението, карактерот, однесувањето - зависи што колку ќе ме допре. Сум таа што сум поради некои луѓе кои имале поголемо влијание врз мене. Има и такви кои и сега имаат влијание врз мене. Им верувам безрезервно, ги прифаќам нивните совети и се менувам. Форумот... освен што од памет се извадив од еден куп муабети на млади девојчиња, а имам ќерка, нешто посебно и не ми влијаеше. Ама многу ми се најде во период кога ми требаше.
Форумов најмногу ми влијае на расположемието. Е богами и подршката на некои форумџики имаше достa голем удел во одредени моменти кога навистина ми требаше. А за општо, само неколкумина имаат влијание врз мене, и тоа не директно, демек ми кажуваат ова вака, тоа така, туку ме тераат да размислам за некои работи. Не потпаѓам под сечие влијание. Ниту пак често. Си имам свое јас, кое понекогаш си го пуштам на пасење и сум попасивна ако мислам дека не можам сама. Тогаш доаѓа „влијанието“ на мајка ми, татко ми, совети, разговор, па цени што е добро. Инаку како некои кои лесно менуваат ,мислење за нешто-тоа кај мене речиси и да го нема. Многу треба да ме убедиш дека тоа што прво сум го преценала и мислела за одреден аработа да не е така. Не менувам мислења воопшто затоа што некој друг така ми сугерирал.
Ќе прокоментирам само дека форумот има доста влијание врз мене. Научив многу работи кои не сум ги знаела, плус читајќи туѓи искуства научив да учам на туѓите грешки, од советите на девојките си ја зајакнав самодовербата и слично.
На форумов се зачленив заради забава,читање мислења на другите членови,едноставно да видам како размислуваат другите.Тешко потпаѓам под туѓо влијание така да и форумот неможе да влијае на мене врз донесување на некои одлуки.Инаку ОК е да се види ккао размислуваат другите за исти работи,може да се научи нешто ново и корисно,но дефинитивно неможе да ми го смени мислењето за некоја работа за која мислам дека е така.
Под туѓо влијание не подпаѓам (за разлика од порано). Форумов и те како има влијание врз мене, се релаксирам & често ги применувам советите што овде ќе ги најдам. Вреди да се менуваме под нечие влијание, но само ако е позитивно. Никогаш не потпаѓам под туѓо влијание, знам што сакам & не може некој да ме разубеди.
Не потпаѓам под туѓо влијание. Кој што сака нека зборува, ама нема шанси со неговото зборување да влијае врз мене.
Колку и да сакаме и мислиме дека никогаш не потпаѓаме под ничие влијание не секогаш е така. Секако дека најблиските, роднините, пријателите, колегите... влијаат на нас затоа што со нив поминуваме најмногу време. Не за џабе се рекло „Со кого си-таков си“. Сите медиуми па и Интернетот без да сме свесни влијаат на нас. Не секогаш тие влијанија се позитивни и добри, но треба да ги разграничиме, да ги препознаеме оние позитивните и корисни иновации и да ги прифатиме. Сега, не викам дека секогаш треба да се потпаѓа под туѓо влијание. Секако дека ако не ми одговара некое мислење нема да го прифатам. Или пак доколку имам цврст став за некоја работа, никој не може да ме убеди дека тоа не е така. На пример, не може некој да ме убеди да запалам цигара (голем противник сум на пушењето) или да земам некоја дрога само затоа што била “добра“ и затоа што сите го правеле тоа.
Дали форумот има некакво влијание врз вас? па да .. интересно ми е кога читам туѓи мислења а и се забавувам кога киснам тука Вреди ли под нечие влијание да се промените? би вредило ако тоа влијание е за позитивна страна. Можеби тоа мислење смета дека така е подобро за Вас и би требало да го послушате, но ако сте сигурни дека другото мислење е погрешно не треба да се замараш воопшто Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка)или пак си останавте на вашите? за некои сум променила кога не сум нашла крај на случајот, ама најчесто си одам по мојте мислења зошто мое си е мое а и инатот го водам до крај Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? нееееееееее, големо не
Дали форумот има некакво влијание врз вас? Паа,сметам дека да.Иако на форумот сум повеќе ради забава,исто така често се фокусирам и на теми кои ме засегаат и од кои мислам дека нешто ќе научам со оглед на тоа дека повеќето членки се постари Така да,сметам дека форумот има позитивно влијание врз мене Вреди ли под нечие влијание да се промените? Уффф па нормално дека некогаш вреди.На пр. родителите секогаш имаат позитивно влијание со нивните совети,но сепак тешко ми е да потпаднам под нечие влијание па макар и под влијание на родителите. Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка)или пак си останавте на вашите? НИКОГАШ!! Речиси секогаш сите од друштвото освен мене се согласуваат за одредени нешта но СЕПАК јас цврсто стојам зад своето мислење и никогаш не потпаѓам по туѓо влијание. Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? Како што напоменав НЕ! Ако така често поптаѓав под туѓите влијанија мојот живот би немал смисла-тоа е како некој да ти диктира како да живееш или размислуваш