Влијание Дозволувате ли да ве контролираат останатите околу вас? Дечко, пријатели, родители? Па макар и професори? Или сте своеглави, и не дозволувате никој да се меша во вашата одлука?? Како тие влијаат врз вас? [mod-dupla:3jwzyqsl][/mod-dupla:3jwzyqsl]
Влијание Дали форумот има некакво влијание врз вас? -Не можам лесно да потпаднам под нечие влијание, но она кое го читам на форумот влијае до одредена граница на мене. Во ниту еден поглед да го сменам мојот целосен став кон нешто, но осознавам повеќе работи, си ги проширувам гледиштата, се сретнувам со секакви мислења кои ми шеткаат по нерви и така натаму. Советите кои сум ги прочитала ми биле од голема помош дефинитивно, така што и тие играат улога во тоа влијание. Вреди ли под нечие влијание да се промените? -Вреди ако сметам дека е тоа правилна одлука, односно доколку укажаното нешто е за мое добро и ме упатува кон нешто кое влијае позитивно. Дали променивте некои ваши мислења за одредени работи под влијание на други(другар/ка), родители или пак си останавте на вашите? -Во ниту еден случај. Можеби порано кога се уште немав изградено свој став кон нештата, и се огледував на размислувањето на своите родители и сестра ми, но сега кога веќе тоа е не е така не го менувам ставот поради нечие размислување, без притоа да се согласам во целост и да ги разгледам фактите. Лесно подпаѓате под туѓи влијанија? -Никако.
Има луѓе кои она што ќе го видат или слушнат си го сфаќаат некако премногу лично и просто си го прифаќаат тој став. Јас не. Јас имам цврст карактер, тоа може само да повлијае да се замислам, можеби и малку да го променам сопственото мислење, сега зависи за што се работи и колку е веродостојно, но никогаш нема да се залетам и да прифатам некој став од медиумите.
Некои личности лесно потпаѓаат под влијание на медиумите, додека други секоја информација ја примаат со резерва, што мислам дека е многу покоректно, зашто денеска не смееме да се потпреме и веруваме на ставовите, што ни ги пласираат медиумите, знаејќи колку се тие исполитизирани.
На мене не влијаеле, тешко е да влијае нешто или некој над мене . Но, има многу млади луѓе, па и постари на кои им влијаат многу...