Девојки, јас да ве прашам дали некоја ги користела овие перничиња на Шол и како се покажале? Навистина ли помагаат при болки во предниот дел на стапалото, додека сте на високи потпетици? Плус, дали се за една или повеќе употреби? Кај нас се некаде околу 400 ден, се прашувам дали е добра инвестиција? Едит: Најдов дел од тоа што ме интересираше. Prozirni, ultra tanki i diskretni. Ostaju čvrsto na svom mestu. Mogu se koristiti više puta. Mogu se prati. Уште некоја да каже дали се ефикасни.
Општи прашања Трендафилке,кај мене се покажаа ултра непрактично. Ако ги носиш на сосема точни чевли,сметај дека ќе ти ги стеснат и ќе ти создаде друг проблем,триење на ногата од горниот дел на чевлите. Ги имам носено и на сандали,ремчињата ме убија,на салонки,горе ногата ќе ми прснеше,на чизми,прстињата ми ги соголе кај ноктите. Некој со други искуства,ама мене ми беше нврмор.
Општи прашања Епа јас имав на авон,па мајка ми земала вакви за неа,ама исти курац,различито паковање! Не знам,може до моето ноџе е,некако да најдеш некој што има,па да си испробаш само и ако ти одговара,земи ги. Ама искрено да ти кажам,па и не видов аир дека се промени болката од притисокот.
Општи прашања jas gi imam probano i vo pocetokot ne se pokazaa kako najdobri i koga mislev da se otkazuvam vidov rezultati, koristi gi izvesen period ke ima efikasnost.
Општи прашања Јас пак ги имам и не можам да замислам да носам штикли без нив Точно е тоа дека на сосем точни чевли ја стегаат ногата, ама јас ги ставам измеѓу, како да кажам, баш на тој дел од штиклата каде што е падот, не скроз напред и мене ми се супер. Само ми се десило на сандали да ми се излизгаат скроз напред бидејќи веќе не ми лепат како порано, па треба да си набавам нови, ама во глобала, јас од нив си видов раат. За да пробаш, а да не дадеш 400 денари- купи си некои поефтини, па ќе видиш како ќе ти одговараат тебе
Општи прашања Сега ми текна,има во Џамбо,за некои смешни 100 и нешто денари. Види земи такви за почеток.
Општи прашања Ајде коа сте веќе кај тој муабет да прашам и јас...Имам салонки кои дали од носење, незам од што кога ги носам ми излегува ногата од позади. А да се помали напред нема да ми влезе ногата, значи само позади кај петата како да ми се раширени и понекогаш ќе ми излезе, како да ми лизга. Има некое чаре за ова? Овие од погоре ќе помигнат нешто или...? Ми треба нешто да ми ја држи цврсто ногата за салонката
Општи прашања Трендафилке јас ги имам користено овие и можам само да ги пофалам. Ептееен се добри! Баш за Нова Година ги носев и да ти кажам издржав цела вечер а не осетив никакви болки, така да навистина помагаат. Само што јас ги земав негде околу 280, не 400.
Kолку се израдував кога ги купив, а колку се разочарав кога ги пробав. (јас имам од друга фирма). Ги пробав со разни чевли, во некои ми прават да ми е претесно, а во летните сандали ми се слизнуваат, дури и ми излегуваат скроз напред низ прсти, дури и ме набиваа одздола. Мене ми се покажаа како непрактични отколку реално да ми помогнат. Пробав на сите начини да ги наместам, да ги ускладам, ама џабе. Сепак не ми е жал што ги купив, затоа што голема желба ми беше да ги имам. Сепак можеби некоја е задоволна со нив...
си порачав едни од авон 370 беа ги носев еднаш и добри беа, како гумени се и се лепат на чевлата и се добри бар мене не ми се лизгаше ногата задоволна сум
Од тие гумените, безбојни, како силиконски, јас имам користено си ги земав од една продавничка за чевли на битпазар за 100че. Иначе ги земав зошто имав едни салонки што мајка ми ми ги облече на два пати па ми се раширија и со овие таман ми дојде на ногата. За намалување на болки незнам дали помагаат, ама јас цело лето си ги износев на балетанки отпосле и сега пак ќе си зеам
Не знам дали решението на мојов „проблем“ се влошки за чевли, ама да пробаме овде. Неодамна купив штикли, ги немам носено воопшто, а ми беа скроз точни на број. Ги пробав пред некој ден и при одење приметив дека ногата од едниот чевел ми излегува надвор, ко да ми е голем (а не ми е, не знам зошто вака) и ми беше многу чудно. Напред се океј, проблемот е во задниот дел и не знам дали да ставам од оние перничињата што се само за тој дел - се плашам да не ми се одлепат при одење и да се изрезилам со некој Пепелашка момент. Некое решение има? Навистина ми е чудно ова, досега не ми се случило вака. И штиклите е толку удобни, штета е да ми останат неизносени.
@Mishela мислам дека ти требаат влошки за напред, да не ти оди ногата нанапред во чевелот. Во ДМ има кожени, згодни се ептен. Ако се одлучиш сепак за тие што се ставаат позади, нема шанси да ти се одлепи, многу цврсто се лепат за чевелот. Јас ги имам користено на чевли кои ми беа тесни и тврди позади и исто така беа ептен удобни.
Фала ти @DAngel, јас ги гледав во ДМ овие малите баш за тој дел позади, само навистина ми е страв да не ми се одлепи кога ќе ми се испоти стапалото и да настане некој резил да изгубам чевел во од. Не знам дали би ми завршиле работа и со оглед на тоа што сепак се наменети за ублажување на триењето. Ќе ги разгледам и другиве, ќе пишам апдејт.
Нема шанси да ти се одлепат, јас се изнамачив додека да ги одлепам моите. Како ја залепиш првиот пат - така стои, немаш ни можност за поправање. Не знам дали би ти биле од помош, јас прво би помислила на тие за напред ама гледам на интернет оние за позади ги препорачуваат за shoe sizing. Пиши што си направила, да знаеме и ние ако ни притреба
Ќе купам и такви и такви, па ќе видам кои ќе ми се покажат поефикасни. Па нека пукаат после штикливе кога ќе ги настегам од секаде.