Некоја искуство со ретинолот на Накоми? Сакам да почнам да го користам тој со најмала концентрација. Лицето ми е склоно кон акни и почната е појава на фини линии. Или препорака за некој друг што е со пристапна цена, а добар.
Ај сега некоја да ми објасни што е бакучиол и како се користи, дали има некои нус појави на сува кожа?
Бакучиол му доаѓа како природна замена за ретинол. Како да кажам, ко растителен ретинол. Колку што се сеќавам, не е дериват на витамин А, туку се добива од семки на некое растение. Во теорија, толку знам. Наводно бил понежен за кожата од класичен ретинол, без да прави некои иритации на кожата и слично. Немам користено досега, па немам искуство за споделување. На листата за купување ми е еден бакучиол серум од Пурито мислам беше, па ќе споделам кога ќе го купам и испробам.
Добро, ќе почекам рецензија на користен производ. Во последниов период кожата нагло ми се осуши. Едно време ја оправив и сега пак е пепел.
Devojki mala pomosKoga koristite retinol, pa potoa se stava hidrantna krem, dali za brckite okolu ocite stavate nesto retinol za oci ili dr krem za oci?
Јас ставам серум насекаде, можеби не директно, ама сепак ставам. Поточно, разнесувам со прсти остатоци од ретинол серумот - од образите, накај делот под очите. Само таму кај што обично се прават брчки. Скроз под окото не, зашто мислам дека немам потреба. За под очи не користам некоја посебна крема, таа за лице си ја користам. Не мириса на ништо, па не ми прави проблем (Geek&Gorgeous happier barrier).
Знам дека е сто пати прашано и напишано, ама ќе ми значат совети за воведување на серум со ретинол. 36 години, брчки освен една на чело немам нешто посебно, нормална кожа. Моментално користам серум со хијалурон од geek&gorgeous, Ц витамин од Nacomi и повремено серумот со ниацинамид од балеа. Планирам Ц и хијалурон да користам наутро пред бб кремата (со 30 фактор е), навечер ретинол 2-3 пати неделно, другите дена ниацинамид и хијалуронскиот. Дали е добра таква рутина? Со колкав процент да почнам? Се мислам да го пробам тој од Nacomi со 0.25, или тој од 0.35 комбинација со бакучиол е подобар?
Можеш прво да воведеш ретинол додека се навикне кожата , потоа да воведеш ретинал. На пр ретинол 0.25 па да земеш ретинал 0.5 Ама на почеток додека се навикне кожата , еднаш неделно користи го. Потоа можеш два три пати. Рутината е ок мислам.
Цел живот носам наочари со диоптер. Последниве ги носам некои 6-7 месеци. Сѐ до тогаш, имав едни што не ми покриваа голем дел од делот под очите. Овие сегашниве ми покриваат. Кога ги тргам пред огледало, забележувам дека имам некои чудни линии под очите. Не се класични подочњаци шо ги викаме, туку баш како... брчки? Не знам дали се брчки. Како изморени очи, кожа, да речам. Веројатно знак на стареење, претпоставувам. Е, сега, сакам да почнам со ретинол или бакуч... како и да се вика. Што ќе ми препорачате?
@Ketchup @MayDiamonds @koritsaki Се извинувам, дали е овој ретиналот што го фалевте во претходните страни?
Колаген во прашок, серум со витамин Ц и хијалурон, ретинол, креми со кофеин. Но, најпрво да одиш на дерматолог.
А неееее, не сум тој тип т.е. не сум во можност на дерматолог да одам периодов. Постојано си го негувам лицето, па сега сакав дополнително да додадам нешто, затоа прашав. Колаген во прашок мислиш да пијам ли? Има ли некој серум кој во себе содржи, пример, витамин Ц заедно со хијалурон или, пак, сѐ посебно морам да купам?
Да тој е. Инаку јас моментално веќе година како преминав на Адаферин и видов многу големо подобрување во текстурата на кожата и порите за разлика од кога користев ретинол, мислам дека ниеден од тие кои го пробав (G&G, Isntree, Cosrx) не ми беа доволно јаки
Ви благодарам. Дали го стававте на сува или на влажникава кожа? На интернет насекаде прочитав различни мислења, па затоа најдобро ми е да си прашам. Прв пат ќе користам ретинол.
Здраво девојки, ако може малку помош. Го купив ретинолот на Ordinary 0.2, на кутијата пишува да се користи после water-based serum. На каков серум се мисли поточно? Што користите вие пред да нанесете ретинол?
Здраво, Веќе некое време се мислам за Ретинол. Имам 43 и до сега не сум користела ретинол. Ама имам неколку темни дамки па наводно ретинол е добар за тоа. Ниацинамид серум во моментов користам на LaRoche и сакам плус ретинол. Исто еднаш неделно правам пилинг со Лореал пилинг против темни дамки. Читав на нет многу е фален CeraVe ретинол баш за темни дамки. Имате искуство со овој? Инаку најблиску до ретинол имам Бакулиол серум користено и супер ми пријаше.