Јас го користам овај серум пред ретинолот: Мислам дека можеш да користиш и хиларуонски серум или серум со ниацинамид, или пак само тонер.
Јас го користам веќе 8 месеци. Првиот месец почнав со 1-2 пати во неделата, летото паузирав не го користев и после пак си почнав 1-2 неделно и сега го ставам 2-3 пати во неделата. На горниот дел од дланката ставам количина колку зрно грашок, може звучи малку, но е мрсен и многу убаво се распоредува на лицето. 30 минути откако ќе го нанесам ретинолот нанесувам и крема за лице (CeraVe ноќна), а следното утро нормална утринска рутина и обавезно спф (јас ставам 50 фактор). Првите 2-3 пати кога ќе почнеш со користење нормално е да почувствуваш блааго пецкање на лицето, бидејќи се навикнува кожата на состојката, а после тоа немаш мака. Многу сум задоволна, лицето ми стана "порцеланско", има убав сјај, мазно, тенот ми е изедначен и порите ми се намалени, јас лично видов голема промена.
Некој што знае повеќе за ретинол да ми каже, дали е подобро да почнам со СОНА крем( adapalene) или дрогериски ретинол?
Дали ретинолот го чувате во фрижидер? И дали знаете откако ќе се отвори, колку долго може да се користи?
Дечки може ли да ми препорачате ретинол од кој што се задоволни а да не е прескап? Знам дека има врска процентот итн До сега користев на CervaVe и не бев задоволна искрено како ништо да не правеше, не осеќав никаква разлига во лицето
Дали со ретиналот може да почнам прв пат или ми треба нешто послабо за почеток? Немам вметнато ретинол до сега, дури доев не сакав да користам и сега се мислам кој да го земам.