Tretinin ти е појака форма на ретиноид. Значи не е за почетници. Доколку си користела ретинол можеш да прејдеш на неа. Ја земам од Грција некои 4евра, одлична ми се покажа со брчки на чело, мимични, почетни ми беа, ми ги испегла. Да напоменам потребна е подлабинска хидратација бидејќи суши. На есен дај и шанса
Истата ли и ти ја користиш од минатата страна? И јас од Грција ја земав. Да, ретинал користам, ама сакам нешто појако значи помага и за брчки, супер тогаш ќе ја почнам наесен. Како ја користиш поточно?
Ги менувам преку една ноќ. Кога користам азалеична ја мешам со ноќната крема, а кога го користам третинот правам сендвич, крема-третин-крема. Од оваа комбинација лицево го препородив
Во последно време некако не се замарав со лицето. Поминував со пена за чистење и крема за лице. Но почнаа да ми се појавуваат темни флеки, посебно на надусниците (личи како да имам бркови) предпоставувам од депилација и изложување на сонце. Ова набавив од козметика што планирам да ја користам, уште хидратантна ноќна крема да земам утре. Не исражив доволно само со чат џпт си се договарав Тука сега читам дека треба да се почне со помал процент на ретинол, а овој што го земав е од 2%. Да купувам нов или можам и со овој да почнам? Треба ли уште нешто да додадам или исфрлам. Инаку имам 40 години, комбинирана кожа со митесери на т зоната и истакнати пори.
Ги има некој користено? Сакам да порачам, ама не знам кој. Овој вториот ми излегува постојано на тик ток, ама па да не е ептен јак.
Јас го користам вториот, го користам од јуни ама не гледам сега за сега некоја промена користејќи го него. Веќе и при крај ми е 4 пати го користам неделно, не е јак воопшто. Наредно имам друг за испробување, веќе овој не знам дали би го зела воглавно не сум воопшто задоволна од корејскиве производи
Не, ама една членка доста го фалеше тука, не се сеќавам која беше. Ќе пребарам баш па ако го најдам мислењето ќе ти кажам
Јас користам серум Ретиноид 2%. Исто сакам да преминам на нешто појако, за први знаци на стареење како брчки, губење еластичност, проширени пори, себацеозни филаменти. Дури размислував за Accutane таблети ама нема смисла и логика, ризик е. Одамна размислувам за topical tretinoin, на што конкретно делува кремата? Може малку повеќе детали и за двете креми? И дали може да се најдат и во други држави како Хрватска на пример?