Лани зимата за прв пат почнав со користење ретинол, The Ordinary мислам дека беше 0.2.. Мислам дека воопшто не приметив некоја разлика, можеби беше слаб.. Дали може да ми препорачате нешто друго само да не е многу скапо и да не мора да нарачувам, да го има кај нас..
La Roche Posay Pure Retinol. Некоја препорака ако може? Не сум користела до сега, па мислам за овој да го земам. Дали го има користено некој да ми сподели искуство? Да не е многу јак или слично. Или па некој по слаб да ми препорачате како за прв човек што ќе користи.
Јас го зедов овој серум пред еден месец, исто прв пат воведов ретинол. Првите две недели го користев секој втор ден, потоа секој ден ставав, но после една недела секојдневно користење забележав влошување кај делот под очите. Некако подочниците ми станаа потемни и како подуени. Сега по пауза од седум дена, планирам да го ставам секоја втора ноќ. Инаку после серумот користам La Roche Posay cicaplast Baume b5, а наутро биодерма со спф30. Не знам да споредам дали е слаб или јак оти друг ретинол немам користено.
Не е многу секој ден да се става? Имав читано дека не било добро за кожата. Инаку благодарам, баш ќе го земам.
Да, јас избрзав оти мислев две недели ќе се доволни за да се привикне кожата, ама изгледа два месеци треба постепено воведување. Инаку, многу добро ми реагираше лицето, немав црвенило, сушење или лупење на кожата. Освен под очите што имав мала реакција, ум за друг пат на тоа подрачје да не го ставам. Забележав помазна текстура, помазен и поизедначен тен, а за анти ејџ ефект мислам дека уште е рано. Јас го препорачувам овој серум, општо задоволна сум.
Почнав со користење на ретиналот A- game 0.05% од Geek&gorgeous. Прв пат користам нешто на база на ретинол и после првото користење не заприметив никакви реакции. Колку често да го ставам? Имате ли искуства со овој производ?
На почеток треба еднаш до два пати неделно да се користи. Потоа три пати и ако некој може да го толерира може и секој ден. Мене сега следен на листа ми е овој на La Roche. Веќе го купив ама имам еден да дотрошам па овој ќе го користам. @mona2022 Јас сега тој го користам. Во принцип е ретинал што е малку појака форма, ама мене ми е супер на лице од него. Не ми прави иритации. Го ставам три пати неделно. Поизедначена текстура на лицето ми дава.
Одличен е. Една доза терај со нанесување двапати неделно, со растојание од неколку денови помеѓу нанесувањата. Потоа би требало да се навикне кожата. Не знам дали има потреба да се става ретинол или ретинал трипати неделно или почесто. Јас лично не гледам потреба кај мене и двапати во неделата ми е сосем доволно.
Моментално го имам и Porefectly clear со салицилна, смеам ли да користам во различни денови? Азелаична го завршив пред скоро .
Можеш да го користиш како екафолијант за припрема на кожата - на пример, ако вечерва ставиш салицилна, утре нанеси ретинал, па две вечери потоа ставај хидратантни серуми, креми, нешто за поддршка на кожната бариера. И пак од ново продолжи да си го вртиш истиот круг на производи.