Ја моментално трошам туба бустер Ретинал на Celimax, вака за сеа ми делува сосем ок. Денеска го нарачав и дуал кремот сакам да ги користам во комбинација за вечерна рутина.
Не знам каква е состојбата на лицето, во смисол дали и какви брчки имаш, ама би ти рекла не брзај да појачаш. Особено внимавај си ако имаш реактивна кожа. Познавајќи си ја кожата, не би брзала да преминам на нешто појако затоа што доста време е потребно за кожата да изгради толеранција. Јас до душа и немам користено појак, две години можеби го користев 0.05, па сменив со овој K-secret. Тој мислам дека е дури и послаб, ама океј ми е на лицево па ќе го потрошам и отпосле ќе му ја мислам.