Ги проверив и јас сега имаат неколку производи одлични чисти но и неколку што 3тата состојка е масло некое што може да штети или да иритира. Нема совршен бренд тоа е факт. Не знам ти на која страница / апликација си гледаш но би те советувала на следнава ( секако твој избор си е ) https://incidecoder.com/ Ја користам од пред години за производи што не сум сигурна не ги знам и учам секој ден нови состојки и нови проценти преку нив бидејќи стварно се стручни. Можеш производи да наоѓаш или само да внесеш состав ако нема некој производ ,има одлични информации за сите состојки внатре и дали е алкохол парфеми дали има се тоа и детално можеш да си читаш за сите состојки внатре . Имаш скала од 1-5 мислам дека , кога е црвено или жолта бројката значи може да има иритација но и не мора да значи додека не е многу сензитивна кожата. Страницава е направена за нега на кожа и мене ми е топ ако некогаш ти притреба или на било кого тука е слободно ако некој не се снајде нека пише. За брендот вака изгледа добар е сега ја сум си на корејскиов и некако не го менувам. Не ги знам овие полски фирми некој ги фалат некој не тоа е нормално и за сите различно. Можеби во иднина ако извадат производот што ќе ми се допадне или копка да го пробам би кажала искуство . Добри се цените и зс почеток и се тоа да се проба како што си кажа па после тоа идеме на нешто подобро и појако. поздрав до тебе и браво на ова искуство и знаење .
Ги имате ли користено некои од овие два серуми, и кој би ми препорачале, pros and cons и на двата некој позапознаен да ме просветли Од ретиноли пред неколку години имам долг период користено Сона, дека третионоин не успеав да најдам, грчкиот беше повлечен од продажба кај нас. Е после тоа и изоставив нега на лице, сега полека се враќам во форма и сакам да продолжам да си се грижам за лицето. Освен крема за сончање и хидратантна крема и обичен гел за миење, не користам и немам користено дооолго време никакви серуми и креми со активни состојки. Сега сакам ретинолче да си вметнам во рутината, па ми треба препорака https://urma.mk/product/cos-de-baha-retiol-2-5-serum/ https://urma.mk/product/nacomi-bakuchiol-2-serum/ Во однос на мислењево, можеш да ги проследиш видеава на Џенифер. Таа и ме инспирира да се вратам на рутинава со вметнување на ретинол во нега на лицево. Истата има почнато со користење од раните 20ти, сега има 40 и кусур и изгледа прекрасно. Вујко и е дерматолог и тој самиот и го има препорачано. Многу работи од неа научив, од нега на кожа, до исхрана и животни мудрости. Една од омилените и најреалните јутуберки во последно време што можат да се сретнат.
Истата таа имаше видео за третиноин vs диферин или кај нас Сона крема. Само што и мене од Сона кремата ме исфрлаше, бидејќи содржи сквалан (и претходно од сквалан ме исфрлаше од Ordinary тој што го користев), па си го користев Сона гелот, со него немав таков проблем.
Јас немам искуство ниту слушнато за тие ретиноли. Но имам за овие и тоа едниот сега почнав дс го користам с имсм другарки што истестирале и имаат одлично искуство. https://olpeo.mk/product/by-wishtrend-vitamin-a-mazing-bakuchiol-night-cream-30g/ Ова е ретинал со бакучол и е крема варијанта но многу добра а при тоа нема дс видиш негативни ефекти и помага со се. И акни мене на другарка црвенило а на трета флеќи и брчки. многу ефективен искрено а ќе речам крема концентрирана. https://olpeo.mk/product/yeouth-retinol-serum-30ml/ Овој е како тој што го имаш ставено првиот со 2.5% енкапсулиран ретинол ( нема да прави реакција ) одличен за брчки посебно. Дополнително осветлува само ќе ти треба крема некоја хидратантна .
Овој серумов ми фати окце, може да го земам в предвид. Да слушнам уште некое мислење од феминкиве и ќе почнам со ретинол оваа есен
Jas ovoj na Nacomi go koristam od 0,5% so Preporaka od niv. Posle sekoe koristenje kozata mi peruti, ko da mi se lupi. Ki trebaat 3-4 dena za vrakanje vo normala. Posle nekolku dena pak ke probam pa pak isto i veke go Ostaiv. Me nervira delot kade sto slednite denovi od nanesuvanjeto sim ko luspi vo liceto
А која ти е рутината кога го ставаш ретинолот? Што користиш и какви состојки ако може да знсм за да дознаеме што ти праи така. Исто такс колку пати неделно го користиш?
retinolot go stavav navecer. Prven maslen cistac, pa gel cistac. Na suvo lic retinolot i posle hidratantna krema i utroto obavezno spf. I go stavav ednas nedeleno ne syignav za poveke. Tuku ednas stavam primer denes i utredenta veke mi peruti liceto. Do slednata den mi e poveke. I tqka 3-4 dena ke mine toa. Sledna nedela pak ke stavam Pak isto. I tolku veke ne go stavam. Neznam sto e problemot. A samo ednas go stavav, nemozev poveke deka problem od prv pat
Проблемот е што твојата кожа се пресушува бидејќи ретинол не се става на сува кожа. Пред ретинол секогаш сите ставаат или тонер или серум хидратантен бидејќи поголемиот процент на луѓе им се случува истото. Ако имаш некој тонер / есенција дома што се за хидратација после двојното чистење ќе ставиш убаво ке причекаш да ти упие ако е нешто погусто и ќе ставиш ретинол. Јас сега почнав ретинал со бакучол да користам с имам најсезитивна кожа со проблематика па благодарение на тонерот ништо од тоа не ми се случува. Исто такс ставај многу малце, знам дека си знаеш колку треба и се но понекогаш некој се лажат ајде ова е малце и ставаат повеќе од што треба. Решен е проблемот не мораш да го чуваш за на полица ретинолот ти треба само хидратантен тонер или есенција обавезно пред него .
@koritsaki @Bella2_ Eeee ova ne znaev Koga go poracuvav ne mi ni kazaa, i plus im pisav da im kazam deka imam problem i mi kazaa produkti za zajaknuvanje na barierata na kozata… A citam pozadi upatstvo na suvo cisto lice.. Znaci mozam bilo koja hidratantna krema koja sto si ja koristam non-stop, retinol, pa pak istata krema?
Секако дека можеш. Тоа се вика сендвич метод, луѓе што имаат сензитивна кожа или вака им ја пресушува кожата , што почнуваат ја практикуваат. Прво крема па ретинол па пак крема и ќе го достигнеш тој ефект потполнет на ретинол без да ти ја пресуши кожата а да видиш бенефит. Одлично и погоре ти објаснија Се надевам ти помогнав тука сум за вакви прашања
Го земав обој Ретинол за почетник, бидејќи е најслабиот што постои 0.1% дали треба во почетокот да го нанесувам два пати неделно неколку месеци за да ми се навикни кожата или ќе можам да речеме секоја втора вечер? Бидејќи гледам по тикток дека некои почетници ги користат тие ретиноли со 0.2% до 0.5% повеќе пати неделно
Се зависи од тоа како ќе ти реагира кожата. Моја препорака е да почнеш со количина колку зрно грашок, 1-2х неделно во рок од барем 4-6 недели. Притоа, ќе следиш дали имаш црвенило, печење, лупење итн. Доколку по изминатиот период кожата добро ти се прилагодила можиш да одиш 3 пати неделно, па макс, според мене секој втор ден. После можиш да зголемуваш концентрација итн.
Се согласувам до негде ама искрено се иде првите две недели со 1-2 пати неделно. После тоа ако нема реакција / црвенило се тоа се иде со 3-4 пати неделно и тука јас би застанала искрено. Знам жени и девојчиња што користат и мал и голем процент секој ден ама секско после месец дена но не мора секој да го праи тоа. Но за да се видат резултати потребно е да си се достигне барем 3-4 пати неделно може да биде и после месец дена за некој . Ама убаво објаснето ссмо што нема потреба кај секој 4-6 недели на 1-2 пати тоа е кај некој што има сензитивна кожа или да добие лоша реакција . Ама покрај тоа се одлично објаснето .
Се согласувам. Иако немам сензитивна кожа, не ми се ризикуваше како почетник, па реков better safe than sorry , па и енкапсулиран ретинол користев. Инаку @MayDiamonds би ти препорачал и производи шо содржат АХА и/или БХА к-ни да ги паузираш привремено.
Не користам воопшто АХА+БХА но каков тајминг на твоето мислење не ми се верува бидејќи баш разгледував аха бха тонери за да вметнам некој во вечерната рутина пред хидратантен крем за во деновите кога нема да го користам ретинолот.. Значи не смее? Изгледа премногу гледам тикток бидејќи секој различно кажува
Не дека не смее или не можи, ама барем додека ти се прилагоди кожата на ретинолот, бидејќи и ретинолот и киселините ја зголемуваат фотосензитивноста на кожата. После тоа можиш да вметниш, како шо рече, во денови кога не користиш ретинол, доколку имаш потреба.