Не се базирај на тикток тоа е све платена реклама. Само дерматолози што знаат што зборат со докази и проверувај на интернет како и што го пишува бидејќи на крајот од денот збориме за лице. Не смее ретинол со други киселини бидејќи ќе го пресушиш и ќе ја уништиш бариерата на кожата. Како што ти кажаа погоре убаво. Понатака ќе ги вметнеш на денови кога ќе немаш ретинол Јас сега почнав да користам бакучол со ретинал па да видиме.Јас имам најсезитивна кожа со проблематила хаха
Јас сакав да пробам ретинал, ама до сега шо сум забележал во мк, ниту еден од производите со ретинал не ми одговараат поради други состојки, зашто имам себ. дерматит.
Фала ти. Инаку заборавив да нагласам дека претходно имам користено Бакучиол (тој на Skindivision) но не видов никакво подобрување ни во брчките ни во текстурата на кожата, па затоа се одлучив да почнам со ретинол. Инаку и јас имам ептен сензитивна и проблематична кожа меѓу другото со акни и флеки.. Не знам дали бакучиолот има некое влијание во однос на толеранцијата кон ретинолот (затоа сепак земав со најнизок процент 0.1) некој можеби што знае да одговори?
Бакухиолот иако го викаат био-ретинол, е сосема различна супстанца ајде да речам, од ретиноидите(тука спаѓа ретинолот), нема врска со витаминот А. Едино се смета дека има слични својства, ама тоа не е клинички/научно докажано. Додуша и за ретинолите нема толку многу истражувања како за третиноинот врз кој се базирани најголем дел од анти-ејџ истражувања и докази во сферата на ретиноидите. Имајќи предвид дека и ретинолот е дериват на витаминот А така и него му се препишуваат дел од дејствата, но е занчително понежен од третиноинот.
Бакучиолот е природно растение и е дериват на витамин а да со помалце негативни ефекти затоа и го почнав но во мојот има и ретинал тоа е појако од ретинол. Искрено мене засега ми е одличен но скапа состојка е да ја најдеш бидејќи е корејска и си ја користат тие што си знаат и што имаат пробано виделе резултати. Бидејќи не е киселина како ретинол е побавно да ама па многу ефективен и според мене повеќе би помогнало за акни додека ретинолот си е за против брчки.
Дали правите пауза од користење ретинол летово? Некаде ми е останато во сеќавање дека не треба во лето да се користи и јас од јуни престанав да го користам. Инаку, оваа крема со ретинол ја користам дека почетник ама искрено не забележав некоја промена. Два пати неделно ставав од јануари до јуни.
Жемски, се одлучив за ретинолот од Nacomi, арно ама нигде го нема на залиха... во дм некоја случајно да не го видела оној со 0.5 концентрација, дека само тој со бакучиол таму го видов, исто и по онлајн продавнициве.
Тешко дека од крема ќе видиш некој длабоки резултати. Они не се толку концентрирани како што се серумите затос и ретинол како серум најмногу се препорачува и се користи. Можеби е добра крема за почетници но не е доволно за да се види резултати , а ниту ни за да ја навикнеш кожата на таа состојка. Иначе нема везе дали е лето или не за ретинолот нема граница, кај нас само се шират такви информации. Има толку докази од дерматолози / лекари со докази и со испити и тестирања каде што покажуваат се додека си носиш јак фактор сабајле и се грижиш за кожата нема да имаш проблем. Креми со ретинол може да се ставаат и повеќе пати неделно бидејќи не се толку концентрирани ( зависи и колку е сензитивна кожата ), додека серумите се веќе подлабоко во кожата и посериозно треба да бидат сватени.
Батали ја фирмава. На гугл неможеш ни да ја најдеш од кај е ниту пак некакви критики или ривју за производите. Имаш многу добри брендови на наш пазар. Најди друго
Дали некој користи лосиони/креми за тело со ретинол? Има интересни видеа каде што се шегуваат дека сите што ставаат ретинол само на лицето и вратот по неколку години ќе изгледаат со глава како бебе а тело како баба па ме заинтересира дали и кога е време да се почни со користење и за тело
Кога е есен / зимо и сме покриени бидејќи иначе ќе треба да ставаш фактор и за тело. Можеби ќе помогне со нешто хаха ама искрено за тело е направено ќе треба многу време и многу користење и да е поголем процент за да видиш некојс голема разлика ама вреди дс се проба .
@Bella2_ @koritsaki Probav toj nacin so retinolot i super e, eve vtor pat nedeleva stavam i ne mi prave taka ko predhodno, so perutenje, suvost, peckanje.. Samo se mislam dali se postignuva and fektot na toj nacin, deka poveke na krema e tretmanot hahaha. Ne stavam kolicinski mn krema onaka kolku da pominam liceto, retinol, pa povtorno malku krema
Како што ти кажаа погоре се согласувам 100% ,кремата не достигнува толку длабоко колку серумот така што нема да имаш никаков проблем ниту во гледање резултати. Само си треба време и грижа и трпение за процесот.
Предлог крема со ретинол? Имам неколку плитки брчки кои сакам ги намалам. Дали некој знае дали сеуште има кај нас Аирол крема со третиноин?
Аирол веќе некое време не се произведува, третиноин кај нас нема ако не се лажам. Да провериш по аптеки во Косово, Србија, Бугарија…