Вметнување ретинол во негата на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 6 декември 2022.

  1. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    3.030
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило од ретинол да ви отече лицето цело, посебно капаците очни? И црвенило на лицето.
    Синоќа завршив на дежурна на урбазон.(facepalm)
    Незнаев дека ќе ми развие алергија прв пат го употребив.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.857
    Допаѓања:
    81.098
    Пол:
    Женски
    За кој серум се работи поточно? Баш ми е жал што вака ескалирало, се надевам дека сега ситуацијата е добра. Најверојатно си алергична на некоја од состојките. Штом лицето вака реагира, следниот пат кога прв пат ќе пробуваш нов серум прво тестирај на мала регија од вратот...за да видиш дали кожата бурно би реагирала.
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    3.030
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, сега сум добро, покриена сум со терапија урбазон, дексазон, синопен и инфузија ми вклучија. Се повлече црвенилото, а и отекот. Се надевам така и ќе остане.
    Ги користев капсулчињата на балеа ретинол концентрат.
     

    Прикачени фајлови:

  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.857
    Допаѓања:
    81.098
    Пол:
    Женски
    Ова е некој микс од повеќе состојки, којзнае од што точно се јавила реакцијава. Можеби и нема врска со ретинолот, ама кога е толку бурна, ништо чудно и да е тригерната од главните состојки.
    За во иднина, избегнувај миксови и употребувај си чисти серуми. Јас би била претпазлива и со обичниве за хидратација (пример, хијалуронот да е само хијалурон, без додатоци и слично). А ретинол, ретиноиди и остало, па и бакучиол избегнувај засега. Не знам ни како може да се дознае што точно ја предизвикало реакцијата, некој алерготест...
     
    На Bella2_ и Kaley им се допаѓа ова.
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    8.365
    Пол:
    Женски
    Јас имам ставано од овие.
    Не ми се појавила никаква алергија ама не сум ни имала некој ефект.
    Грешката е твоја што прв пат употрбуваш производ и одма го ставаш на лице.
    Како што ти кажа членката секогаш прво тестираш

    Со тоа што би напоменала не на врат, туку на внатрешната страна на раката, онаму каде што вадат крв во лаборатотија, или испод.
    Доволно е нежно да ако има реакција веднаш се забележи а притоа да не направи таков хаос како кај тебе.

    Посебно со производи што се нанесуваат во близина на очи мора да се биде претпазлив.
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    3.030
    Пол:
    Женски
    Да така е во право сте и двете грешката е моја, одсега додека не тестирам така нема ни да ми текне да ставам на лицето нешто.. само се надевам дека кога ќе помине дејството на инекциите нема да отечам пак:o
    Кај мене пак ете и покрај се имаат ефект на затегнатост на лицето и измазнето и помалку видливи брчки не дека имав кој знај какви и колку, но има ефект :?:(facepalm)
    Но повеќе нема да ми текне на овие.
     
  7. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Со помин најпрво и жал ми е што си имала негативни ефекти од производот.
    Одлични совети ти дале и јас би рекла на врат од причина што е најблиску до лицето и исто реагираат. Ретинолот не е состојка што може туку така да се земе и користи многу е битно да се има знаење зс секоја состојка ама посебно за оваа. Никогаш не се знае од што може дс направи реакција тоа е факт но можеме да пазиме на состојките и да ги научиме кои не ни одговараат и да им бараме замена. Понатака кога би сакала нешто како ретинол иди со бакучолот но со пред тоа тестирање обавезно на врат и сегде ако треба. Затоа на крајот од денот сме тука да си помогнеме / кажеме искуства и споделиме знаење на овие состојки и производи.(fingers)

    Исто така ако ти е за брчки ретинолот подобро ќе земеш пептиди тос го имаме во самото тело и е одлично и за хидратација и за потполнување / спречување на брчки и целиот процес. Со таа состојка нема никаков ризик а ќе имаш резултати но остави го сега лицето и пази многу на состојки и што како се користи.
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    3.030
    Пол:
    Женски
    Фала ти на советите, што мислите дали да ставам крема за хидратација сега пример на биодерма ја имам атопик дерм? За да се смири кожата на лицето или ќе направам грешка? Некако почнува пак да ме жежи лицето затоа прашувам.
    Неа сум ја користела на цело тело и лице и сум немала проблем.
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Да слободно и гледај да избегнуваш да го допираш лицето и шминка дс ставаш некоја тешка како пудри и такви работи бидејќи тоа може ссмо полошо да направи. Барем овие неколку дена да се смири :)
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    105.403
    Пол:
    Женски
    Ретинолот на Geek&gorgeous некоја да не го користела? Ми го препорачаа од кослов да почнам да го користам
     
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    2.059
    Ретинолот е ноторно нестабилен поради што е и толку скап.. Искрено кога сакате да вметните вакви состојки во негата на кожата не е баш паметно да бирате вакви ефтини да не речам пазарски брендови кои којзнае што користат и под какви услови. Да се развие стабилен ретинол е прескапа процедура и бара екстремно квалитетна лабораториска технологија..
    Да не ме сфатите погрешно немам ништо против Балеа како бренд или било кој друг од овие што се во буџет френдли категоријата, само не би им верувала кога се во прашање вакви скапи и специфични состојки бидејќи шансите се дека се екстремно low quality. Како би им се исплатила технологијата и се вкупно за да го продаваат толку ефтино, малку нема смисла..
    На почеток и јас не размислував толку за кој бренд ќе го одберам, гледав по тик ток дека сите го фалат ретинолот дека прави чуда бла бла па си реков ај и јас да пробам ништо не губам.. После кога прогуглав малце и кога открив колку надолго и нашироко се разглаба по Редит и слични форуми за кој ретинол да се одбери ме фати да не речам паника.. Има теми со по 100 и кусур мислења за секој бренд што произведува ретинол и под какви услови, нормално не ги читав сите само сериозно се подзамислив штом толку жестоко се дискутира во beauty сферата значи дека треба да се внимава што се одбира. Има ретинол на брендови што кошта и по 300 долари па не можам ни да замислам што би можело да се очекува од некој што ќе го земеш за 200-300 денари..

    Истражувајте кога е во прашање негата на лицето оти не е играчка, ете што можи да се случи.. Разбирам дека не секој има буџет за толку скапа козметика нормално, ама има супер квалитетни брендови што имаат и простапна цена и квалитет.. Треба само да се истражува повеќе.

    Ретиналот мислиш? Јас го земав денес само што ми стигна.. Прочитав супер рецензии по Редит за него па ќе јавам откако ќе го почнам.

    Моментално го дотрошувам на Cosrx Retinol 0,1% (во крем) и сум презадоволна, немав иритации ни црвенило. Сакав да сменам на Ретинал бидејќи велат дека е по ефективен па сега ќе видиме. :)
     
    Последна измена: 13 октомври 2023
    На Kaley, koritsaki и Bella2_ им се допаѓа ова.
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    И јас тој го користев тој на Cosrx и навистина е одличен.

    Сега го почнувам тој на The Оrdinary од 0,5%.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Се согласувам имам пробано ретинал од 2200 денари и од 1000 денари и е разлика во цена голема ама и резултатите се одлични. За мене искрено бакучол и ретинал до сега нсјмногу ми помогнале. Од акни, флеќи, темни кругови под очите и пори. Има и добри ретинол / ретинал зс 800/900 ден ама искрено тешко е да се најдат кај нас. Многу треба читање и пазење со овие состојки бидејќи најголемс реакција може дс направат и да ја повредат кожата.
    На inkey list, the ordinary , cerave имаат добри ретинол само дс е оргинал состојки и имаат мал процент од нив.

    Има некои работи во козметиката што вреди да се почека и заштеди пари и да се земе поквалитетно и подобро.
    Како што е ретинолот во оваа тема.
    Подобро купете поевтин чистач / тонер отколку оваа состојка поради тоа што од нејзе има многуу бенефит додека другово се измивс и се става за хидратација, а зс евтини пари има убави и квалитетни барем од нив :) .
     
    На Kaley и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  14. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Женски
    А зашто го менуваш ако е одличен? :)
    Јас сум обратно, го користам веќе 3-4 год тој на ординари и сега сакам да го сменам со тој на cosrx, ама незнам зошто :D супер ми е ординари, може ми здосади веќе
     
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Затоа што сакам појака концентрација затоа го менувам:)
     
    На CooperD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    6.703
    Го користам Редермик на Ла Рош, околу 0,3 е јачина.

    IMG_5971.jpeg

    Сакам да преминам на нешто појако, ама од претходно искуство на The Oridinary нема да ми одговараат мислам.

    Некоја препорака? Не ми е битна цена.
    Се мислев и да барам третиноин по Србија/Грција, можеби некоја препорака и за тоа имате?
     
  17. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    1.648
    Пол:
    Женски
    Дали ретинолот се става искличиво навечер?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.857
    Допаѓања:
    81.098
    Пол:
    Женски
    Да, само навечер. Сабајле следниот ден задолжително нанеси крем со заштитен фактор.
     
    На Bella2_ и MorskaSirena им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.818
    Допаѓања:
    35.511
    Пол:
    Женски
    Од која возраст може да се користи ретинол?
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Дерматолози ги даваат од 18 за акни но искрено, јас од се што имам читано, гледано, со докази и се . Препорачливо е 24-25 да се почне бидејќи тогаш викаат превентивно за брчки да се спречат и текстура.
    Ама пак ќе кажам зависи за што да се користи дали е за акни и проблематика или за брчки и превентивно текстура се тоа.