Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вметнување ретинол во негата на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 6 декември 2022.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски

    Да. Само навечер, обавезно после крема а наутро крема со спф 30/50
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Секако и убаво погоре ти кажаа како иде процесот. Само би ти рекла биди внимателна, пази колку ставаш и да немаш реакција некоја бидејќи се сепак јаки состојки и ги користиш во време од 24 часа. Ако се ти е во ред вака да ти биде одлично и ми е мило, но ако имаш реакција некоја ( црвенило,акни) слободно стави ги различни денови . Пример еден ден витамин ц секако наутро и наредниот ден навечер ретинолот. Обавезно крема или серум (што си користиш тоа) со ретинолот . :)
     
    На Ivanicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ivanicka

    Ivanicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Predlozete ki krema.so rerinol dali nekoj ima iskustvo so a313 kremata gledam.dosta rrklaki za nea
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ivanicka

    Ivanicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Kakva krema stavate posle serunot?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    @koritsaki Паметам дека прашуваше за Ретиналот на Geek & Gorgeous 0,01%, не заборавив чекав да помине време за да можам да споделам впечатоци.
    Искрено јас сум пре, ама пре задоволна. Го користам 2 пати неделно ама сега планирам да зголемам бидејќи помина доста време откако вметнав ретинол во негата на кожата па веќе стекнав толеранција. Јас немав никаква иритација, можам да кажам дека имам огромна разлика во изгледот на кожата и текстурата. Никогаш не ми било толку мазно лицето како на бебе. Јас иначе имам проблем со акни и флеки, мислам дека за избелувањето на флеките ќе треба подоста време за да кажам за сигурно ама дека има промена, да има особено завележав дека ситните фунгални акни што ги имав на почетокот го немам веќе.
    Во однос на брчките, јас и немам некои изразени брчки но се забележува дека текстурата како што спомнав претходно ми е многу многу подобрена.

    Исто така да те предупредам дека ја суши кожата подоста и сега бидејќи е постудено, мора да се користи доста хидратантна крема.
    Јас бирам таква со церамиди, центела и хијалурон и немам проблем со сувост и перутање. :) Би ти ја препорачала на Cosrx Balancium Ceramide Comfort мене ми е супер во комбинација со ретиналот.
     
    На do-re-mi, Ketchup, Bella2_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    @Ivanicka
    До пред некое време оваа ја користев , супер беше. Сега ја имам оваа дома и со беа продолжив

    [​IMG]
    И двете се супер, за мрсно лице , геласти (втората ја нема во Мк)

    @MayDiamonds

    Ти благодарам многу за опширното мислење :)
    И јас 2 пати го користам ама ќе почекам да помине некое време. Ти колку време го користиш?
    Баш ми е мило што имаш резултати, а за флеки јас овој серум го користев и сега го ставив на пауза и не знам дали веќе да го користам кај мене cите флеки исчезнаа

    https://coslovemetics.mk/product/geekgorgeous-apad-20-azeclair-serum-30ml/
     
    На Ketchup и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Ретиналот го користам веќе месец, но за да делува на флеки како што читав по нет ќе треба да се користи многу подолго, да бидам искрена забележувам дека ми се поосветлени малце но кај мене е прилично комплицирана состојбата бидејќи ми се од хормонски акни.
    А општо ретинол користам веќе 4 месеци, но пред да го земам ретиналот на G&G користев со најниската концентрација.

    Моментално го користам серумот со азелаична киселина на Facetheory Lumizela Azelaic A15, па кога ќе го дотрошам секако ќе го пробам и тој на G&G. Фала ти за препораката! :hug:
     
    На Bella2_ и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Dali vo tek na bremenost I doenje smee da se koristi retinol?
     
  9. vviktorijaaa

    vviktorijaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    66
    Не
     
    На Bellaa1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Не е безбеден.
    Ако сакаш алтренатива која е безбедна , а ја има истата функција можеш состојкатс бакучиол да ја користиш и да си ја пробаш. :)
     
    На Bellaa1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Јас од денес го користам овој и баш ми е мило што читам позитивни коментари. Туку ќе прашував, не ли ти е малку тежок за размачкување?
    Јас почнав со еден памп, и сфатив дека не ми е доволно, па продолжив со уште еден и размачкав некако. Ти колку користиш?
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Како мисиш тешко се размачкува? Кај мене е доста течен дури се разлева..
    https://vm.tiktok.com/ZM6eTYXya/
    Ова е првиот ретинал што го имам да има толку течна текстура, претходно тој на Cosrx беше погуст, со него имав малце мака во размачкувањето ама со овој не.
    Користам едно пумпање, обично толку и се препорачува и ми е доволно за цело лице и вратот. Е сега јас не практикувам “сендвич” метода бидејќи како што читав ретинолот е најефикасен ако се нанесе на чисто лице, без ништо пред тоа затоа што најдобро се упива и дава најдобри резултати.
    Инаку откако ќе го нанесам доста го суши лицето па ставам поголема количина на хидратантна крема и го осеќам лицето супер хидрирано и меко, немам сушење нити перутање досега. :)
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Кај мене не излезе волку, може и јас премногу пазев да не истече многу, па така премногу мал притисок на пумпата сум дал. Ќе пробам за некој ден пак, па ќе кажам како сум се снашол. А утрово кожава ми е океј, не е сува, не е иритирана, не се перути. Ептен сум ексајтед да видам резултати. ^_^
     
    На Bella2_, MayDiamonds и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Исто така сакам да прашам. Што користите вечерите кога не користите ретинол? Јас пред некое време купив гликолна киселина и ја користам секоја втора вечер. Не ја купив со никаква намена, сакав само да ја пробам, па се мислам сега дали да си продолжам така, или?
     
  15. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Јас на вечери кога не го користам дека кај мене е ретинал+бакучиол,
    Имам серум со две киселини АХА и ПХА и ми помага. Тоа засега ми е така друга киселина што ја користам на тие денови но ќе додадам пептиди како состојка за повеќе да ми издржува кожата и појака бариера на мојава кожа.:)

    Гликолната слободно користи ја на денови кога не го користиш ретинолот само не го форсирај многу и дај и на кожата еднаш неделно каде што ти е само хидратација.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  16. snow..white

    snow..white Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Девојки препорака за крема или серум со ретинол? Не сум користела до сега а сакам да почнам со минимална концентрација.
     
  17. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Јас користам ретинол во комбинација со церамиди 3 пати неделно (не едно подруго, пример - вторник, петок и недела)

    Еден ден во неделата ставам АХА БХА тонер, и крема тоа ради ексфолијација.

    Останатите денови користам тоник за хидратација, Iunik серумот со чајно дрво (ми помага за акните да ги исуши и да нема воспаление) заедно со серум со Азелаична киселина киселина и хидратантен крем.

    Сега порачав серум со Vitamin C + Galactomyces да вметнам наутро.
    А планирам да додадам и Mandelic acid за ексфолијација место АХА/БХА.

    Денски секогаш користам Спф на крај.

    Засега немам никакви проблеми, акните веќе ми ги нема, само флеките ми останаа, со нив ќе се помачам малце. :)
     
    На Bella2_ и Ketchup им се допаѓа ова.
  18. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Ти си ми фаворит дефинитивно.:clap:

    одлично ти е се само и јас би ти рекла подобро смени место аха / бха на манделична барем со флеките ќе ти помогне заразлика од киселиниве.
    Можеби и нема да ти треба манделична бидејќи имаш нарачано витамин ц со ферментирани состојки и тоа ќе ти биде одлична замена. Но секако ако ти си сакаш и манделична земи си ова е само совет . :)
     
    На MayDiamonds и Ketchup им се допаѓа ова.
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Леле фала ти :$:hug::l:

    Заборавив да нагласам - паланирам да земам тонер со манделична киселина овој конкретно го меркам, составот му е супер и ќе можам да го користам заедно со серумот со Азелаична тоа навечер кога не користам ретинол, да им удрам јако на флеките :D Не успеав да најдам некои добри серуми со манделична овде кај нас, а не ми се чека додека да патувам некаде надвор па да купам..
    https://coslovemetics.mk/product/by-wishtrend-mandelic-acid-5-skin-prep-water-120-ml/

    Vitamin C + Galactomyces планирам да си го користам денски така да ги третирам флеките во двата периоди од денот.

    Искрено АХА/БХА ми помогна премногу за текстурата на кожата и измазнување, исто и за порите видно ми ги намали но за жал немаа ефект за флеките (ги користев тие на SomebyMi) но можеби би пробала потаму од некој друг бренд.
     
    На Bella2_ и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    IMG_4251.jpeg
    Дали некој ја користел Витамин А кремата на True Alchemy?

    За жал по интернет нема баш многу информации нити рецензии за неа и брендов е некако многу многу притаен..
    Имам пробано неколку производи од нив и генерално биле добри. Кремава не е класифицирана како ретинол туку чист витамин А така да не можам да ја проценам баш јачината во споредба со ретинолите (не сум толку уходана во фармацијата затоа некој поупатен да каже). :)

    На опаковката пишува 1.09% што според моја проценка би требало да е прилично јак бидејќи немам забележано кај нас појак ретинол од 1% ако земеме да споредиме така :?:
     
    На Bella2_ и Ketchup им се допаѓа ова.