Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вметнување ретинол во негата на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 6 декември 2022.

  1. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Здраво,
    Не го имам користено ни пробано ама можам нешто да ти објаснам и кажам од мое лично знаење и што ја имам препрочитано таа состојка Витамин А. ( на кратко секако )

    Во овој состав имаш Retinaldehyde дериват на Витамин А.
    Retinaldehyde е помалце ефикасен од Ретинол но затоа има помалце и најмалце негативни ефекти и е одличен за луѓе со посензитивна кожа и некој што не сака негативни ефекти едноставно. Функцијата е иста но му треба повеќе време додека конвертира и се во кожата внатре. 1% на Retinaldehyde е сосема доволно обично толку и го даваат бидејќи е нежен, и да кај нас имаме појаки ретиноли и ретиноиди / третиноид.
    Имаме 2% и 3% ретинол чисти и исто така третиноид уствари што мора да ти го препише дерматолог ( како што е и соната и сите тие кај нас не ги знам за жал … ).

    Така што заклучок е дека 1% на дериват на Витамин А (Retinaldehyde) не е јак туку е сосема доволен за да може да се постигне ефектот. Секако користењето е најбитно да не се претерува во количина и во ставање на неделно ниво.

    Нема за нејзе информации по интернетот бидејќи ако прочитсв добро руска е. Кај нас французи и корејци имаат добри и стабилни ретиноли и бакучиол со искуства и реклами и се тоа што ова не може да се постигне да се види искрено .

    Мило ми е што ти е погодено од овој бренд работите но читањето и информирањето на состојки посебно главната е најбитното нешто.

    Ако ти треба тебе или било кого информации за ретинол / витамин а било која состојка прашајте ќе пратам и линкови ако разбирате добро англиски има уште поубаво објаснето и од мене . (fingers)
     
    На Ketchup и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Фала ти многу што ми објасни опширно :hug:

    Мислев дека е нешто појако од ретинолот, затоа што веќе некое време користам 1% концентрација и планирам потаму да преминам на уште појака..
    Не знам зошто не сум забележала кај нас појаки ретиноли па ако може да споделиш линкови од тие што ги спомна со 2% и 3%..

    Да знам за Третиноин но во Македонија за жал нема, сум барала секаде, единствено знам дека евентуално може од Грција или Бугарија да се најде но и тоа тешко.

    Соната е адапален, и наводно е појака од ретинолите. Јас ја користев кога имав ептен многу акни и можам да кажам дека таа беше единственото нешто што ми помогна и навистина ми го среди лицето од цистите, ништо пред неа не ми делуваше. Но ја користев премногу долго, со години и потоа веќе престана да ми делува. Сега мака мачам со флеките (веќе имам пишувано по темите за ова знам дека сум досадна :tmi:) но мислам дека концентрациите на ретиноли што се достапни кај нас нема да ми помогнат за да ги избледам скроз, и вака што читам искуства од луѓе по нет со ист проблем само третиноин им помогнал или ретинол ама ептен јак па затоа прашав за оваа крема на True Alchemy мислев дека е појака ама ете сум згрешила. Добро е што сподели информации ќе ми беше за џабе ако ја земев.. :)
     
    На Bella2_ и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253

    Искрено јас немам некој видено ефекти од ретинолот за флеќи можеби минимално. Исто имам и јас по некоја од акни што имав ми останало но можам дс ти кажам кои состојки се наменети за да осветлат и имаат докази дека помагаат. Може ако сакаш и треба да едитирам и да ти објаснам точно што прави секоја состојка.

    Lactic Acid ( AHA ) - мене ми има помогнато ама заедно со пха серумот видов некој резултати така.
    Направена е да прави ексфолијација, осветлува флеќи, помага со брчки и линии и ги чисти убаво порите .
    Alpha Arbutin - има помогнато на многу знам бидејќи главна компонента му е да осветлува при тоа нема иритации
    Vitamin C - се знае состојката што тек ќе јс испробувам..
    Одлична е за колаген да поткрене , да осветлува и спречува да се појави било каква пигментација и секако помага со брчки и линии.

    Се надевам ова дека ќе ти помогне, сеуште сите си бараме состојки и производи што ќе работат за нас и нашите потреби но еднаш кога ќе го најдеш и решиш нема да се замараш но мора да се иде по правиот пат за да достигнеш такви резултати. :l:
     
    На MayDiamonds и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Јас после две недели користење на ретиналот на Geek&Gorgeous можам да кажам дека сум ептен задоволен. Нешто што највеќе забележав е промена на текстурата на кожата, изедначување на тонот и помали иритации?
    Јас едно време ептен мака мачев со онакви ко ситни пубертетски бубулички. Лицето многу ми се иритираше, потоа некако го средив, иако знаеше да се иритира понекогаш, ама откако го користам ретиналов, ептен ретко нешто да ми се појави на лицево.

    @MayDiamonds, конкретни производи за флеки навистина не можам да ти препорачам, затоа што и јас имам користено доста производи изминатиов период и не знам што конкретно помогна во чистење на истите, ама можам да ти кажам дека сум голем фан на млечна киселина, што веќе ја спомнала Бела, а исто така и хијалуронска киселина. Хијалуронска киселина мислам дека е underrated кога станува збор за акни. Мислам да, таргетира хидратација, ама јас бар за моево лице, мислам колку поголема хидратација, толку побргу секој проблем се решава. На пример ако наутро забележам бубуличка, ќе ставам хијалуронска киселина, спф и до вечерта ем не е веќе толку црвена, ем никаква болка не чувствувам. Ден-два и веќе скоро и да е исчезната. Без хијалуронска киселина, процесот е каде каде подолг.
    Млечната киселина исто така помага ем во хидратација, ем во ексфолијација, така да и таа е одлична состојка која би можела да ја пробаш.
     
    На sweet-cherry, MayDiamonds, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    @Ketchup и јас го користам ретинолот на Geek&goregeous , веќе месец, сега почнав почесто 3 пати неделно.
    Ти како го користиш?
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Јас почнав со двапати, ама со оглед на тоа што не гледам некои несакани ефекти, од следна недела планирам и јас да почнам трипати.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Тие што имале проблем со акни предизвикани од хормонален дизбаланс и полицистични јајници знаат за каков проблем се работи. Овие акни оставаат долготрајни флеки тоа се вика post inflammatory erythema за кои е потребно мнооогу ама многу долго време да избледат.
    Значи не се работи за акни и мозолки кои се појавуваат во време на циклус и се на површината на кожата, тие со бел врв, таквите избледуваат одма, помалку или повеќе за месец.

    PIE трае со години и веќе е научно докажано дека најефикасен третман се јаките ретиноли и третиноинот. Како дежурна на Редит на овој подфорум, таму третиноинот е наголемо воспеван дека навистина прави чуда за овој проблем. Секако за комплетно да ги снема овие флеки мора и козметички третмани на дерматолог, (ласер, овошни киселини, microneedling) ама за сите овие третмани да дадат резултат мора пред тоа да се користат ретиноли за да се допре до тој слој на кожата бидејќи предизвикува cell turnover.. во спротивно само ќе ставаме состојки на површината и нема да има ефект бидејќи овие флеки се длабоко во епидермисот - значи, витамин Ц и арбутинот не помагаат без ретинол и третиноин..

    Користев долго витамин Ц и искрено не видов некое големо подобрување во однос ма флеките, мислам дека само тенот на кожата ми е доста подобрен. Имам ептен блед тен и од него некако изгледам посвежо, поживо :D но кога имав многу цистични акни го прекинав бидејќи ептен ми ги воспалуваше така да со него дум баш во love-hate врска. Тие што имаат кожа склона кон акни витаминот Ц е премногу ризичен.
    Сега го додадов пак па ќе видам дали пвој пат ќе делува. Исто и алфа арбутинот, од него забележав големо подобрување во однос на хидратацијата на кожата, бидејќи имам премногу сува кожа ми спречи перутање, но освен тоа на флеките не видов нокаква промена.

    Откако додадов ретинол пред 6 месеци забележав огромно осветлување на флеките, од темно бордо боја веќе почнаа да бледеат, сега ми се светло розови но потребен ми е medical grade ретинол или третиноин за да можам да добијам изедначен тен арно ама кај нас не се достапни..

    АХА/БХА користам сеуште и се предобри за текстурата на кожата. Ситни акни, затворени пори, црнки - помага беспрекорно.. Забележав тоа најмногу кога ќе ставам пудра особено некоја потешка, не изгледа cakey и грозно онака од блиску ако ме разбираш - особено ако сакате glass skin баш кожа како со филтер АХА/БХА киселините се неизбежни ама пак ќе кажам за флеки и лузни избледување не баш. :)
     
    Последна измена: 16 декември 2023
    На Bella2_ и Ketchup им се допаѓа ова.
  8. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ретинолот на ревокс кога го ставате наутро пред спф или навечер?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Ретинол секогаш ставај само навечер.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Може некој поупатен да ми објасни со каков ретинол да почнам како новајлија плус сензитивна кожа склона кон себороичен дерматит .....И коо се придобивките .....немам бори но сакам да спречам појавување а и да си ја честам кожата малку :)
     
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037

    Се извинувам што се вметнувам, но мислам дека си ги помешала. РетинАл ( ретиналдехид ) е оној кој има побрзо дејство бидејќи му треба еден чекор помалку за конверзија во ретиноична киселина.
    Се смета дека е 10 пати помоќен од ретинолот.
    Пример 0.05% ретинал = 0.5% ретинол.
    Релативно по нова состојка во однос на ретинолот, без доволно клинички студии.
     
    На koritsaki и Bella2_ им се допаѓа ова.
  12. Ivanicka

    Ivanicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Kade moze da se kupi i koja cena e
     
  13. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Здраво. Имам едно прашање до поискусните со ретинол. До сега користев ретинол на Nacomi 0.5%. Сакам да преминам на појак, но се двоумам меѓу овие на сликите. Кои се ваши препораки? nacomi-next-level-night-face-serum-with-pure-retinol-1-30-ml.jpg A-GAME-10-new.jpg
     
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Иначе,

    Screenshot_2024-02-08-23-05-50-178_com.android.chrome-edit.jpg
     
    На JoyJoy, Bella2_, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Аман. :D Не може човек скин кер да има у ЕУ. Не користам ретинол, но обичен тоник со салицилна морам од Македонија да увезувам. Сега и ретинол. :?:
     
    На Gosh и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Ќе можело, али само со рецепт од дерматолог. Се фаќало осеопороза демек од многу витамин А. А шо не трујат со канцерогени у секој еден козметички производ, тоа небитно. Мех. Напрај си залиха сеа, додека уште ги продаваат.
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    1.610
    Препорака добар но не прескап ретинол за почетник?
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски

    Јас спаѓам во групата на почетници, веќе со месеци го користам ретиналот и немам никакви проблеми. Имам наведено дека сум почетник и тој ми го препорачаа.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.