Допрва ќе има вакви работи. Инаку највероватно истиов тип краде и на постојката за меѓуопштински превоз спроти Зегин буњаковец после Правда кај што се чекаат автобуси за Тетово Гостивар Кичево... Застанува во толпата луѓе што се прави при влегување во автобусите и обично краде од последните што се во редот. Чувајте ги ташните пред себе при влегување во автобуси или мешање во група луѓе, или ако ви е на рамо отворот на патентот гледајте секогаш да е свртен пред вас.
Добро е и ова да се објави, дека сепак не ограбувале само жени, сите да сме внимателни, пратив на сите шо ги знам и машки и женски, да си знаат. Стварно, кај е полицијата у случајов? Како може вакво нешто да се дешава и да не реагираат до сега, а толку пријави имало и еве читаме од луѓе искуства, значи банана држава.
Која полиција ? Сигурно се шегуваш, во нашава држава никаква корист од нив, секоја чест на многу мал број на исклучоци. Во друга тема го имам кажано истото ако сам не успееш да си се заштитиш на било кој начин ништо корист од полиција не се замараат со ништо. Конкретен случај обиено стакло на возило и украден лаптоп ограбениот со адвокат оди во полициска станица да пријави, одговорот од џандарите што да правиме сега ние каде да го бараме смени стакло и купи си нов лаптоп нема што да се направи. Адвокатот побарал негов пријател инспектор и за 3 часа го пронашле и крадецот и лаптопот. Тоа е нашата полиција ако немаш твој човек таму сметај дека не постои.
Аууу па за 8ми март овој се обиде да ме покраде. Среќа па ташната секогаш ми е во хаос и мене ми треба пола саат да си го најдам новчаникот. Значи го забележав на автобуска ама си рекој ајде не е ништо. Се качуваме на последната врата и бевме само три жени и он. И одеднаш он се забута во мене мислиш гужва има 20 души. За само да слушнам од позади жената како вика ало што праиш. Се вртам и нејзините раце испреплетени со на овој. Земав го турнав и ја прашав дали е добро бидејќи помислив дека ја нападна или нешто сакаше да ја допира. И само ми вика не не, ти бураше во ташната. Он мртов ладен си отиде и седна напред и на наредна станица се симна. Проверив се, ништо не ми фалеше, затоа што ни јас самата не можам да најдам тоа што барам, ама пазете се. Намерно се буткаат мислиш гужва е, и тогаш пробуваат. Ваквите заслужуваат да ги начека некој и да ги прекрши од ќотек.
Мкдбој рече ги има исчукано јас тој што го постирав.. Иначе стара финта е тоа, или во гужва, ќе се убута и нели ќе мислиш он е залепен само пошто нема место и нема каде да ги стави рацете, а он да си оперира. Прстите би му ги искршила.Не се имам качено одамна во автобус, ама ако се качам некогаш, намерно до Рекорд ќе идам, да ми се погоди.Партали ќе летаат.Овој како што знам е пријавуван, така читав по интернет, ама логично рекле од полиција дека не можат ништо.Ако они не можат, ние можеме Мене еден во автобус така ме фаќаше за нога, ама се гледаше дека е со посебни потреби дечкото, и му викам на шоферот за тоа, ми вика па шо седиш таму??? Да бе ја гатам дека он е ретардиран и дека ќе ме фати за нога
Порано на Бит пазар имаше крадци. Бидете на штрек. Пазете на ташни, пари, па и распоредете пари, не мора во ташна, во некоја внатрешен џеб ставете си. Јас кога одам во странство, од страв, пари на повеќе места распоредувам, и во куфер, и во паричник, и во џеб на кошула, па и во ташната за лаптоп сум ставала пари. Стара финта е тоа да ги ограбуваат последните при качување во автобус. Во студентски денови стојам во ред да се качам на Бит пазар во автобус, и отпозади еден дечко полека ми го отвора ранецот. Автобусот брчи, ама пак се приметува. Му велам „Дечко не ми бркај во ранецот, немам пари“, овој не застанува. Се вртам и истото му го кажувам со повишен тон, а дечкото на лош македонски ми вели „ааа, ннене, шалот ми се закачи за патентот“. Носев фармерки со џебови напред горе, позади, и на колена имаа џебови, и во тие џебови на колена си носев пари. А колку пари може да има еден студент? За автобуски билет и за една кифла.
Абе види тоа внатре имаше може 20 мажи во автобусот што се враќаа од работа, плус тоа е автобус кој ме носи до дома, значи повеќето што бевме внатре се знаеме бидејќи тука живееме. Ама никој не изреагира. Во тие неколку секунди додека да се освестиш што ти се случува, прво што ти паѓа на памет е да провериш дали нешто ти фали.
На колешка на југодрво сред бел ден пред 1 месец и украдоа телефон без да осети. Дури кога седнала горе и се фатила сфатила што се дешава, само се бутнал во неа во гужвата и толку... Го пријави во полиција и добила одговор: Еее знаеш колку вакви дешавки има , не можеме ние ништо.
Доообро, и која е нивната препорака? Да искачаме без пари и телефони? Да носиме ладно оружје во нас за да се заштитиме? Не би сакала да дојдам во таа ситуација и да ми го кажат тоа за да прашам
Ужасија од држава сме… Не можела полицијата ништо, а кој да може? Комшија ми? Секаква слобода си имаат овие во државава, а ако ги чепнеш да се одбраниш (и жива глава да треба да спасиш) тогаш ќе се крене бука. И тоа, прво што ќе праша полицијата е дали си го чепнал крадецот. Spoiler Ако сакаш да дознаеш каква е државата и нејзината управа, и каква ѝ е иднината, гледај да дознаеш колку во таа земја има невини луѓе по затворите, а колку престапници на слобода. Тоа најдобро ќе ти каже - ,,Проклета авлија”, Иво Андриќ.
Да, од истата станица сестра ми еден ја бутнал, па за брзо сфати дека и го нема телефонот ама киднал веќе. Оперира тој дечко редовно таму.
Ова е кај Дарковлогс на стори Обично он, Роберто Навали и Саќето објавуваат вакви работи, може и други има ама не сум видела
Да ти се плукнам у државата. Цело Скопје ги научи лоповите и слики кружат и се само полицијата спие. Ај некои крупни фигури кои вршат криминал ќе си рече човек имаат јака позадина, добри врски и никој не ги чепка ради тоа. Ама и овие ли го*мна од по сликиве се јаки фаци па ги штитат и нив?!? Кај нас очигледно секое ѓубре по дифолт не се чепка и му се дава слобода да малтретира и ограбува народ. Згора на се ако си се одбрани некој и му ја размести фацата на крај може и виновен ќе испадне.
Истиот овој од сликата погоре краде веќе со години, сите го знаат. Таа финта, у гужва на влегување. Се случи пред две години можеби на рекорд на влегување во бус на девојче и украде телефон од ташната, додека да забележи касно веќе беше. Затоа ташните, ранците никако на рамо/ грб. Пред тебе ќе си ја држиш.
Ограбена градинка во Велес. Не е лошо да се тргне ова женски чанти од насловот,зошто нема да се само женски чанти. Чувајте и намирници кога одите во маркет/пазар,дом,брави и такви ми ти ствари, се повеќе ќе слушаме за вакви случаи за жал. https://grid.mk/c/wU6iiH8B4-jeX-N42...nka-vo-veles-ukradeni-zejtin-brashno-i-sheќer