Можам на долго и на широко да пишувам за овој клептоманов што го имате постирано, имам слики и видеа од него и се трудам да го најдам со дечко ми и двајцата браќа. Во јули минатата година другарка ми го посочи дека е лопов и не ја сфатив озбилно, но за среќа или несреќа решивме да останеме да видиме дали нешто ќе направи. Дешавкава беше кај Сити мол автобуската, дојде приватен бус, гнидава ја имаше таргетирано една жена која ташната (мислам и новчаникот) ги носеше во рака, а ташната отворена скроз. Како што се качуваше жената на задна врата, овој ѝ се упика од позади, влезе заедно со неа внатре, а други жени веднаш изреагираа во бус, буквално викаа: ,,Лопо,лопов!". Никој друг не изреагира, ниту тие во бусот, ниту тие на автобуска, сите набљудуваа како неми и испи*кани, а имаше и мажи, си викаш бар они би требало да помогнат, но не. Шоферот не знаеше што се дешава, отвори-затвори-отвори направи на вратата и лоповов некако вешто се симна од бус, женава остана без новачникот мислам. Мајка природа ме дала таква - да делам правда кај што треба и не треба, ме дала и со краток фитиљ, ни еден ни два - му удрив директен бокс во делот на носот, сметајќи дека ќе се исплаши, ама неуспешна мисија, пошто амебава ми возврати удар во десна аркада. Ништо не ми беше, само ми пукнаа капилари и имав мала модрица. Во меѓувреме овој премина улица и избега во правец накај Тафталиџе. Другарка ми одма викна полиција, за 2 мин. ТРОЈЦА џандари дојдоа, потоа и интервентна дојдоа уште двајца, им посочивме каде избега и НИКОЈ не отиде да го бара, си стоеа како манекени и рекоа да извадам лекарско. Дадов изјава, ама секако дека не извадив лекарско бидејќи не би се замарала со институции за вакви работи и бидејќи е лопов и нема да очекувам оштета или нешто слично. На истава другарка ѝ има испратено вербална порака/мимика на автобуска (бидејќи го знае кој е), со прст на врат, демек ако каже на некој дека краде - ќе ја истепа/убие. Значи девојки, ве молам внимавајте, веќе кога полицијата не е способна да внимава и брани. Телефоните скриени или барем до вас секогаш да не може ни со сила да ви го земе, ташните затворени, во џебови пари никако, барем кратко време дур се качите во автобус и знаете дека нема никој позади вас! Овој секогаш, ама секогаш со себе носи кеса (кај што ги става украдените работи) и понекогаш маска. Низок е, слаб, стар на лик, со потемна кожа, носи фармерки и патики (го имам приметено некои Nike сини патики носи) и таргетира единствено жени!. Лоповиве се спремни да те удрат, да те масакрираат, без разлика што си женско. Овој знам дека има јадено јаки ќотеци, сегде го има по групи, ама ќе ми биде мерак да го начекам негде со моите луѓе, наш ќотек да изеде. Се движи релација: Џамбо, рекорд, соборна, сити мол, кај што поминува 5-ка од кај Тафталиџе (не знам конкретно каде) и веројатно на југордрво. Еве и слики од него, видео не можам да постирам (не знам зошто нејќе):
Ја да го видам, ќе го излупам и без да ме покраде Браво @dea.18 шо сподели.Изгледа не е маван од тротоар.И браво шо си го лупнала, некои жени имаме поголеми муда од мажите.. Иначе ја одамна мислам дека трасата му е по 5ка и 57ца Многу на фб се жалеа дека од Козле до Рекорд им снемува работи Иначе овој дознац кај живее Гомнарот е од Чаир.Кај некое игралиште живеел.Инфово е од Чаирчанец шо го гледал таму.Ваљда не ме излажал.По тоа на фб шо читав пријавуван е сто пати, а одговорот на полицијата е ,,не можеме ништо да направиме” Иначе можеш да тужиш мислам.Знам дека ако три пати поднесеш поплака во полиција, после третото веќе државата го гони и е кривично.Е тогаш ќе мора да се замараат. @Forca @SeaMermaid @Luciferka кажете совет шо може оштетен да напраи во ваква ситуација?
Гад еден каков е!!! Овој кој ќе стигне треба да го изгази од ќотек. Ако не реагира неспособната полиција тогаш логично е сами да се млатиме и пресметуваме по улиците. За жал така мора, како племенска заедница да сме.
Можеш да пријавиш во Полиција и да чекаш до бесконечност. Можеш да собериш податоци за лицето,сведоци и докази за стореното и да пуштиш кривична до ОЈО за сторителот па пак да чекаш до бесконечност или да се ангажира добар адвокат и да се поднесе приватна тужба со претходно вештачење за нанесената штета.
А ако ме удри еве како членката горе и имам модрици? Како да го тужам? Можам државата да ја тужам поради незамарање?
Полицијата ништо не прави луѓе. Ако ви се спичкани телефонот и новчаникот нема назад. Чувајте се, и сами заштитете се.
Да си собериш доволно докази дека ти се што е потребно од информации и докази си ги дала на МВР ОЈО и Др и тие ништо не превзеле па да си тужиш во Стразбур. Но во меѓувреме да бидеш спремна да ги истрпиш сите закани, деградирања и тортури од страна на некои лица со цел да повлечиш и тужба и се. па можеби ќе дојдиш до правда.
Зависи од предмет до предмет и од многу други фактори еве да речеме помеѓу 5 и 10 илјади евра за старт.
Значи оваа гнида ми го украде мобилниот од џеб на постојка кај Џамбо. Сигурно беше 5ка бус. Кој стрес го јадов тогаш. Не за парите, во нив нека е лошото, ама јас се осеќав ептен грдо. Се ежам само ко ќе ми текни. Го колнев до 10то колено, животот ми го скрати.
Пред неколку години у бутик на мајка ми и украдоа паричник. Среќа немаше многу пари, повеќе и беше криво за паричникот, за фотографии од блиските и личната карта. Имаше и камера бутиков а вработените кокошки ни рекоа дека камерите се за нивна заштита а не за клиентите. Отидовме во полиција, џабе. Воловите оптегнати таму по столиците само се потсмеваат и ни рекоа да не носиме по нас вредни работи, ни камери ни ништо не ги интересираше, да не сме гледале филмови. Тоа е тоа што треба да се знае за скапаница држава и за се што е на власт во неа. Стварно е лекот понекогаш правдата да се земе во свои раце. Кога не си видел на лице место неможеш ништо ама да го видам и да ми се пружи прилика, ма има да го трескам од земја без око да ми трепне. Личен опис заслужува да му биде сменет. И да тужиш што, и судството е исто ко полицијата, џабе само еден куп пари ќе дадеш по адвокати и тужби. Па гомното може да испадне во право оти сето тоа кое не вреди ни пет пари, кај нас е заштитено.
Во населба моја има еден што стално оперира по маркети, во еден го знаат многу добро и нонстоп е пријавуван. Од полиција им рекле затоа што е нешто со ментална попреченост, не смеат да го казнуваат. Секогаш крадел ситници, двапати во ист маркет се случи да сум таму присутна. И полиција викнаа и ништо, пак го поштедија. За новчаници, телефони и слични работи наводно ако е под 6000 загубата, исто не прават ништо. Лично веќе станав параноична, па не ни застанувам ако рандом човек ме повика да ме праша нешто од страв дека ќе ми дрпне ташна некој у тој момент. Знам и случај каде луѓе физички нападнале крадец кој им провалил дома ноќеска за типов да ги тужи за нанесување телесни повреди и да добие на суд, а самиот никаква казна за провалата. Така што од полиција не очекувам да направат нешто, најреално
Точно е дека овие со ,,жут картон" не може да се апсат, као шо знам.Ако имаат стварно, ама постои Бардовци бе, нека го клукаат со метадони морфини, со шо и да ги клукаат.Шо сум ја дужна или било кој да е оштетуван ако он е одлепен? Денес само прочитав у рок од саат време 2 објави за украден телефон..жалосно
Можеш да извадиш лекарско и да поднесеш кривична пријава за нанесување телесни повреди, а може и во граѓанска парница да тужиш за нематеријална штета. А за државата.... Па прво мораш да ги поминеш сите инстанци тука, па после во Стразбур (ова важи за сите држави членки на Советот на Европа со таа разлика што ние сме катастрофа). Реално како стојат работите ти пишала @Luciferka Пријавувајте, веројатно на повеќе пријави ќе изреагираат и ќе преземат нешто.
Бришат податоци, финти прават и после истите ги препродаваат по Бит пазари и сл. за ниски суми. И пак полиција со прст не мрда а на сред улица им се. Некои повеќе што се разбираат од технологија подобро ќе објаснат ама се се прави со уредите. Битно е дека ќе успеат да ќарат некое 1000че.
И уште ова, на Бит Пазар исто така има доста кражби, најчесто се организирани тројца лопови исто така се повозрасни и стари лопови, тоа им е занает и начин да заработат. Најчеста ситуација: eдниот на предна, другиот на задна врата, а третиот пак, набљудува од средина дали ќе начека некоја жртва. Е, овие не крадат само од жени, пошто е на Бит Пазар, се случува од постари лица да зимаат од џебови што стигнат. Сума сумарум: претпазливост на екстремно ниво. Јас практикувам да се качувам последна, макар и да тргнал бусот, значи нема да ви избега автобусот, побитно е да им ја провалите финтата на гнидите. Или, друг начин на превенција: држење рацете во џеб доколку имате нешто вредно, ташната пред вас (ако имате можност преку рамо од оние ташничките со долги ремени, нема шанси да провали нешто така). Ако немате таква ташна, тогаш нека биде затворена и до вас држење како да држите нешто скапоцено. Или ко мене пошто троа сум мушкоданкеста - педерка на појас и нека земе нешто ако може . ПС. Веќе сум станала детектор на лопови. У очи им се чита! Ако осетите некој лош вајб или некој ви изгледа сомнително, знајте дека не ве лаже инстинктот и што подалеку од нив, тргнете се на страна. Се надевам после темава ќе слушаме и читаме за се` помалку кражби... Со среќа, храбри жени!