Луѓе внимавајте особено при качување или симнување од автобус. Пред една година ми се случи на постојката кај Градежен факултет при влегување во автобус ми го украдоа новчаникот од ташна и тоа не ми беше отворена туку од оние со магнет, значи ја отворил и го зел, а ништо ни видов ни осетив. Среќа една жена видела и почна да вика да застанат и возачот истрча по него и овој го фрлил и новчаникот и јакната (жената што видела ми кажа дека ми се приближил и имал јакна преку раката и ја ставил до ташната додека го земал за да не се види). Јас од што бев испаничена одма зедов да и ѕвонам на мајка ми да ми ја блокира картичката и не ни видов дека автобусот застанал и возачот излегол, а не го видов ни него за да можам да потврдам дали е тој на сликата. Најстрашно ми беше што толку блиску бил и ја отворил ташната, а не сум приметила и од тогаш имам траума при влегување и излегување цврсто ја држам ташната и во џебови ништо немам, исто картичката за автобус ја вадам пред да стигнам на постојка зошто тогаш ја вадев додека чекав и сигурно видел дека лесно може да ја отвори ташната. Исто на другарка и го зедоа телефонот од заден џеб кога влегуваше во автобус. Се извинувам на долгиот пост, се надевам дека ќе бидете претпазливи.
Заден џеб е најлоша опција, since BC Најлесно се вади.Жал ми е што сте биле и вие мета..Ужас невиден е ова Мора да напраиме нешто Он е преизвежбан Дајте да напраиме нешо.Да го има по цело Скопје.Да го објавуваме по групи со многу членови како ЖДМ, МДМ, за миленици некои, да пишеме на луѓе со многу фоловерс да го објават, ко Дарко Влогс шо напраи.За да пазат СИТЕ.Овде сме 120,000 членови, од кои ни пола не се палат.А и кузнае колку прочитале.Ако напраиме бум, сите ќе се пазат и нема кога да крадат више.Чим полиција неќе ништо, дајте ние.Мртва сериозна сум.Ќе пишувам и ќе постирам каде треба Ама сакам да имаме бројност.
Прилично сум сигурна дека е истиот иако не го видов, жената ми кажа дека на ќерка и истиот и го украл телефонот и затоа одма го забележала, а и ми кажа дека најчесто на рекорд и кај џамбо крадел иако имав ваков податок никогаш немав слика видено така да и да го видев тогаш немаше да знам. А и гледам има јакна преку рака на едната слика значи истиот метод е. Искрено повеќе ми беше за стресот отколку за парите, нозете ми се пресекоа, ете тие се бркале на метар од мене, а јас од што бев во шок не приметив автобусот застанал само што излегов.
Ранец/ранче на грб со новчаник и важни работи внатре е најлоша опција за во автобус. Јас никогаш не разбирав како може да не осетиш дека некој ти отвара ранец/ташна и ти бура внатре се додека како ученичка во средно, во 9ка, некој не ми го прибрал новчаникот. Гужва, едвај се држиш те буткаат од сите страни, и некој начекал шанса. Среќа па немав ништо од документи во него, слики од другарки и 600,700 денари. Сфатив на одмор кога ми ги немаше парите за јадење. И од тогаш ранец немам купено. Страшно да мора да внимаваш на тоа како ја држиш ташната или каква ташна ќе носиш со себе. Затоа што на овакви личности како на сликава изгледа им е дозволено се да прават. Btw, шокирана сум колкави пи*ки се нашиве мажи. Гледаат и не реагираат.
Па не е тешко да го слушнеш народот, само од форумов можеш опис да дознаеш, а не па да се распрашаш како изгледаат. Веројатно е ствар на договор колку полицијата си зема процент од секоја кражба, затоа никој ништо не превзема. И со слики го има, џабе никој ништо не му прави. Стегајте се вие, кријте чанти, телефони оти полицијата ја мрзи да постои. Мрш.
Вакви ствари ми се една причина зашто сите ташни што ги имам ми се со долг ремен па ги носам преку рамо, не на едно рамо (мислам ме сфативте), зашто потешко може да ја земе ташната на тој начин. Додуша поудобни ми се такви и на едно рамо ми паѓаат. Ранче носам поретко, ако не сум негде меѓу луѓе, тогаш ми е на грб, во гужва и во автобус пред мене е во рака. Исто со ташна преку рамо, раката ми е врз ташната баш кај што се отвора цело време во гужви, така шо тешко да проба нешто без да осетам по раката (барем се надевам). На другарка пред неколку години од џеб на капут некој ѝ дрпна телефон во автобус, тек кога се симнала видела дека го нема. Затоа во џеб не чувам во гужви, ако имам па исто таму ја држам раката.
Размислувам и јас како би постапила во ваква ситуација. Не си на чисто со ваков, ќе те мани, ќе ти извади нож и око нема да му трепни, спремни се на сè. А полицијата ќе превземи нешто само тогаш кога ќе е касно.
Абе од една страна и ја би сакала да реагира некој за мене и можам да речам дека би реагирала за друг, ама у тој момент не иде сѐ по пресметките. И нема врска колку си јак и дали можеш да го сокршиш. Шо велат погоре, нож да ти извади (а ништо чудно да носи) сила не те спасува. Колешка моја така просведочила некој како зима новчаник па лоповот со поглед ѝ упатил закана да ќути.