1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување глутен

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 28 септември 2012.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Кога почнавте да воведувата глутен?
    Моето бебе е 5 месеци купив бисквити да му направам попара, ама видов дека има глутен и сега незнам што да правам. Јас мислам дека е рано.
     
    На bucale му/ѝ се допаѓа ова.
  2. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    воведување на глутен

    Рано е мали сте уште јас прв пат бисквити му дадов некаде на 7 месеци е сега на 6 месеци дадов некои житни каши на Хипп кои содржат глутен, ако нема алергија во семејството не би требало да имате проблем, мој совет почекај барем уште 1 месец.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен

    стефи мали сте , и подобро консултирај се со педијатар , нас педијатарот ни воведе крема од бисквити дури 8ми месец :)
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен

    добро кај наоѓате такви педијатри.мене ниеден доктор ми нема ништо речено што да му давам да јади.патронажната ми даде листа кој месец што да воведам и толку беше.се на своја рака си прам :o :o :o
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен


    па добро ако не ти кажува што треба да јаде твоето бебе , тогаш ти треба да си прашуваш што и како смееш да му даваш :)
    а тоа е тоа штом ти дала п.сестра имаш напишано на листа , а за глутенот не пишува?
     
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен

    во советувалижте кога одам сите различно кашуваат и јас незнам кого да слушам
    оваа е листата од п.сестра
    ,,5 - ти месец
    - доење
    - 3Д капки
    - овошни сокови од свежо овошје (само од 1 вид овошје) неколку лајчиња во почеток постепено до 50 мл, најмногу 2 пати на ден
    - не јагоди, малини и капини -можна е алергија
    6-ти месец
    - доење
    - 3Д капки
    - овошни сокови
    - овошни каши - можат да се подготват со миксирање, пасирање, сецкање - до 100 мл дневно
    - каши од зеленчук - од свеж сезонски зеленчук измиен, сварен и пасиран
    7 - ми месец
    - доење
    - 3Д капки
    - овошни каши
    - каши од зеленчук
    - супи од посно месо (телешко, говедско, јагнешко, свинско, пилешко - месото до 50 гр, а се додава во супата и пасиран зеленчук)
    8-9 ти месец
    - доење
    - 3Д капки
    - овошни каши и сокови (ананас, киви, варена круша, дуња)
    - каши од зеленчук (грашок, боранија, карфиол)
    - месо варено, миксирано
    - жолчка од тврдо варено јајце (1/4 до 1/2) 2 до 3 пати неделно
    10 -ти
    - доење
    - 3Д капки
    - овошни и зеленчукови каши, супи и оброци од месо, жолчка од јајце
    - житарици (леб, бисквити, гриз, ориз, тарана, кнедли)
    - млечни производи (кисело млеко, посно сирење, павлака, јогурт, изварка)
    11-12 ти
    - доење
    - 3Д капки
    - привикнување на општа исхрана без зачини
    чорби и супи од зеленчук со месо
    на крај на 12 м цело варено јајце
    - леб, сирење, кифли, кори, тарана
    - лупено свежо овошје
    - до 1 год да не се дава производи од пченица, риба, чоколафдо, еурокрем, зачини, сувомеснати, конзервирана храна, праски, кајсии и јагоди
    - по 1 год исхраната да биде разновидна - 5 оброци - 3 главни и 2 ужини,,
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен

    Мене оваа листа воопшто не ми е логична !!! Свинско месо на 7 месеци ??? Праски и кајсии да не се даваат до 1 година ???? :x
    Житариците се даваат секаде различно.Во Америка прво се почнува со нив и тоа од 4+,кај нас некои викаат 5+,некои 8+. Јас и со двете деца почнав со исхрана по навршени 4месеци и тоа првите три недели само јаболко(сок,рендано,варено),па потоа дадов морков ,а на 5 почнав со Хип кашичка со АД млеко и ориз.Потоа почнав да давам компир и сите други зеленчуци и овошја ,но се разбира постепено и тоа во текот на една недела внесував по едно ново овошје и еден нов зеленчук.
    Имаш на форумов и тема за исхрана од 4+ ,па разгледај ја ,може ќе си најдеш некоја корисна информација ;)
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен

    Еве и јас да се надоврзам во врска со списокот , за житариците на ќерка ми и ги давав од 6 месец , а житарките кои имаа глутен , од 8ми.
    а ти праша за глутенот , па еве од 10-ти месец пишува да даваш бисквити а бисквитите содржат глутен, не се брзај ке пројаде и биксвити ;) ..
    инаку за свинското месо и јас не се солгасувам , од 7 месеци зарем? :| нас ни рекоа до 4 години да не и давам свинско ниту јагнешко
    Од 8 месец почнав да и давам варено пилешко и телешко месо , подобро консултирај се и со повеке педијатри..
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    воведување на глутен

    јас почнав да му давам овошни а од пред неколку дена и компир морков и тиква а за месо ќе почнам само од водата со зеленчук со полни 6 а со полни 7 и пилешко.
     
  10. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Тотално нелогично праски кајсии не а свинско месо може,моето дете секој ден си јаде праски уште од 5 месеци во почетокот каши после свежа сецкана,лечни производи јогурт путер крем сирење Абц почнав постепено после 7 месеци житарките не се штетни како што кажа Алт некаде се воведуваат како прва храна така да списоков нема логика,свинско месо дури и возрасните треба да го избегнуваат поради маснотиите кои ги содржи во себе.
     
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Доколку сакаш и сметаш дека треба да даваш житарици,тогаш види по маркетите имаш млечни кашички на Хипп со ориз и со житарици кои не содржат глутен и бидејќи се со АД млеко се раствараат со вода. Јас на мојата малечка почнав да и давам вакви кашички на 5 месеци,зошто почувствував дека моето млеко и овошјето не ја најадуваат доволно .
    Оф топик Сузан јас сум АИТ ;)
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    На кутиите на Лино-конктретно Кексолино и Футолино кај состојките пишува дека содржат пченично брашно и пченичен гриз. Колку што разбрав пченицата содржи глутен.
    Е сега јас на син ми во овошните каши му додавав по некое лажиче Кексолино (од 17.01. знам затоа што го запишувам датумот на отворање затоа што треба да се потрошат за 3 недели), а вчера првпат му дадов и Фрутолино -неколку лажички со пасирана банана. Вчера ми текна да го прочитам составот :tmi:
    Дали ова значи дека веќе сум му дала глутен :?:
    И како ќе знам дека го поднесува глутенот, а не е алергичен, ова го најдов па сега се думам малку. :?:

    Целијакијата е како болест позната веќе 2000 години, но дури во 1950 год. е утврдено дека тоа е всушност неподнесување на некои житарици, специфичноста е во составот на житариците т.е. житарици кои содржат глутен. Глутенот по градба е белковина која кај поединци доведува до уништување на слузницата на тенкото црево, која со тоа ја губи способноста за ресорпција на хранливите состојки.
    Глутен најмногу содржи пченицата, но го има и во ржта и јачменот.
    Целијакијата е трајна и доживотна, а најчесто се јавува откако ке се воведе глутенот во исхрната. Бидејќи кај нас пченицата се воведува многу рано во исхраната на доенчето, болеста може да се јави некаде меѓу 9-12 месец.
    Заболеното доенче добива пролив кој не престанува со вообичаените диети. Столиците се со карактеристичен мирис, кашести, обилни и со несварени остатоци од храната. На оваа болест треба да се посомневаме доколку детето има хроничен пролив проследен со губење на тежината и застој во растот.
    Дијагноза се поставува врз основа на биопсија на слузницата на тенкото црево, а главен лек е избегнување на глутен во исхраната. Бидејќи болеста т.е. оштетувањето е трајно, заболеното дете треба да биде на диета (храна без глутен) цел живот. Доколку строго се придржува оваа диета се губат сите знаци на болеста.


    "Ако некое бебе кое е алергично на глутен внесе храна што ја содржи оваа состојка, тоа е катастрофа по неговото здравје", вели д-р Ели Ѓуковиќ, педијатар во Гинекологија - Чаир. Таа објаснува дека кај овие дечиња како реакција на внес на ваква храна може да дојде до алергиска реакција на органите за варење, односно да се појават проливи, повраќање и слабеење.
    Ист став има и проф. Зоран Гучев, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.
    "Не станува збор за класична алергиска реакција, проследена со црвенила, пликови или слично. Тоа всушност е алергија на цревата, односно цревните ресички, кои доколку постои алергија, не се во можност да ја апсорбираат внесената храна. Поради тоа, децата слабеат, односно тие се постојано гладни и тогаш кога ги храните со храна во која има глутен. Болеста што овие дечиња ја имаат се нарекува "целијакија", која доколку се открие лесно се контролира. Едноставно на детето не му давате храна со глутен, односно не јаде житарици, туку само пченка или соја. Но, ако тоа бебе дојде во контакт со глутенозна храна, болеста потворно му се враќа", објаснува проф. Гучев.


    Симптоми на целијакија се:

    Хроничен пролив
    Губење во тежина
    Повраќање
    Болка во стомакот
    Подуеност
    Анемија


    Останати симптоми се:

    главоболки и мигрена
    чиреви во устата
    замор/летаргија
    болка во мускулите и зглобовите
    бавно растење кај децата


    Целијакијата обично е проследена и со создавање пликови и јадеж на кожата наречен дерматитис херпетиформис, кој може да се појави и да се повлече и без лекување.
    Важно е луѓето што боледуваат од целијакија да не консумираат храна што содржи глутен, дури и ако немаат никакви очигледни симптоми. Некои луѓе имаат силно нагласени симптоми, а многу мало оштетување на клеточните ѕидови, а други воопшто немаат симптоми или се малку манифестирани, но оштетувањата се многу поголеми.

    Алергија на глутен, состојка на пченицата која може да предизвика сериозни здравствени пореметувања. Дури се смета дека ова е најсериозниот вид алергија оти "нападот" може да се појави во кој било животен период, а кога ќе се појави, останува како постојана и трајна пречка и неможност да се јаде пченично брашно и се што се прави од него. Овој вид алергија на храна неретко е притаена. Глутенот, уште наречен и растително лепило, е онаа состојка на пченичното зрно која му ја дава лепливоста. Таа може да предизвика пореметување во органите за варење, што во организмот доведува до недостаток на калциум, железо и витамини. Понатамошните последици се нагло слабеење или гоење, гастритис, дијареја, чести главоболки, замор, кршливи нокти и заби подложни на кариес. Овој вид алергија најмногу ги погодува малите деца и жените по 35-та година од животот. Кај бебињата се јавува со првите оброци од млеко, по одбивањето од доење, а кај жените по бременоста и породувањето. Лесно се утврдува алергијата кај бебињата затоа што недостигот на витамини предизвикува недоволен развој, а кај возрасните сомневање може да предизвика анемијата која никако да помине, остеопорозата во раните години, хормоналните пореметувања. Оваа алергија честопати е притаена, а кога лекарот ќе се посомнева може да ја открие со анализа на крвта во која се откриваат антитела. Кога ќе се утврди алергијата на глутен првиот чекор е темелна промена на начинот на исхрана.
     
  13. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    Женски ова со глутенот читав дека најпогодно за воведување глутен во исхрана на бебиња е од 6 до 7 месец, бидејќи понекогаш и покасното воведување правело проблем. Запознаени сте со нешто вакво????
     
  14. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    238
    Јас знам до 8ми најкасно да се воведи покасно не ради некој компликации понатаму, е сега незнам колку е вистина тоа
     
  15. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    Најпогодно време за внесување на глутенот во исхраната на бебинњата е помеѓу 6ти и 7ми месец, прераното и прекасното воведување можи да јави алергија, ова го прочитав во една статија ако ја пронајдам ке ја постирам.
     
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Пребарувајќи на интернет ја најдов темава и интервјуво па сакав да ги спојам. И овде најдов дека глутенот не е препорачливо да се воведе прерано (4м), но и предоцна (7м).

    http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=FA645D0580A05940A96F94FA8E63E160
     
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Глутенот го воведов на 7 месеци. И тоа со двете деца. Немало никаков проблем.
     
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Па така и пишува. Ние имаме 7 месеци, а уште немаме воведено глутен. Се мислев за подоцна да го вовдеме, сега се думам...:?:
     
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Педијатрите не ми дозволуваа ама јас на своја рака воведов. Инаку знам дека се воведува после година. На син ми на 7 а на ќерками на 6.5 месеци. Почнав со тарана.
     
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И јас воведов глутен на 7 месеци.
    Како да се воведе на 6 кога треба да се проба прво овошје и зеленчук? Ми нема логика.
    Нема потреба од толку брзање, а нема потреба ниту пак да се одложува, освен ако нема некој од семејството глутенска ентеропатија - целијакија.