Вчера и дадов овесни и имаше реакција вечерта ,во консултација со педијатарот ми рече да не давам ништо ново 3-4 дена па да пробам со пченица.....
Што реакција имаше? Не е тоа од глутен, нешто друго е проблемот. Интолеранција на глутен не дава одма симптоми, туку после долго време конзумација на глутенски намирници.
И се појави црвенило и ја чешаше многу,борба беше. Да да, пропуштив да пишам погоре дека реакцијата изгледа е од овесот како житарка,бидејки ништо друго ново немаше пробано дента.
Да, алергија на житарката. Иако е ретка, сепак постои. Внимавај и со другите житарки. Кажи ми, чисти овесни даде, или од кутиите на Хип?
Па да, пробај со пченица пченичен гриз, баш како што рекол педијатарот, а црвенилото е алергија на житарката, оставија за покасно
Со што прво глутен да воведам? Имам гриз со бебето синиот, овесни снегулки на Виталија (добри се овие или да купам други?), и 5 жита со липа на Нестле.
Јас со овес воведов. Оној во кутија на Хип. И тоа несакајки Инаку со гриз воведуваат обично. Млечна каша со гриз и банана мене малава ми обожава
Со гриз и овес да, почни со овес. И јас го користм плавиот гриз со бебе. А овесни на Натурела , мелени се ама пак го ставам во блендерот со овошјето. Откако излезе хајката за Виталија, ја избегнувам максимално.
8+ Прво дадов гриз, па потоа со ред ги изредив сите глутенски житарки. Некои почнуваат со овес, но јас дадов крај на 7ми еден на кој стоеше на кутијата дека е без глутен
Второ дете ми е, аа верувајте имам повеќе раб заборавено. Кога и со шо се воведува глутен, и житарки со шо да комбинирам ?
Глутен 7+ јас воведов со житарки на нестле во кутија на нив пишува баш за воведуње глутен нешто така не ме факај точно за збор.Житарки можеш да комбинираш со било кое овошје без проблем.
Ми донесоја со глутен каша од банана за госпожава. Во овошната преска и бапнав едно лајче од таа со глутен. Се рачуна дека е воведен глутен? Ако има реакција околу уста ќе се вцрвенит?
Majki zdravo, malku sum. Vo zabluda vo vrska so glutenot. Dadov griz plaviot so detencr sto e, davav 2 pati i nemase reakcija nikakva. Denes dadov ovesni snegulki na hipp so jabolko i isfrli crvenilo na raceto. SEGA NEZNAM ALERGIJA NA GLUTEN LI E STO LI E. Ve molam za vase mislenj koi imate iskustvo. Bebeto e 9 meseci.
Претпоставувам дека се исфрлил од овесните. Не од самиот глутен. Почекај да помине и дади пак за некое време и следи.