Алергиска реакција на организмот е едно, а нетолеранција друго. На бебињата им даваме глутен до одредена возраст за да превенираме целијакија и плус тоа што сме генетски предодредени за житарици со тој протеин. Каков ке биде одговорот на организмот е индивидуално за секое бебе.
Нема потреба од извинување мила, пишувам за да се знае, на интернет некогаш ке прочитаме се и сешто но не секогаш е така како што читаме. Поздрав
Јас вчера прв пат воведов глутен, со гриз, бебе е 7+.Немаше реакција, што да дадам следно освен гриз што давате? Педијатарката ми рече ако не покаже реакција на гриз можам се, ама шубе ми е сакам постепено
Штом си дала глутен, продолжи со житарки кои содржат глутен . И после 2 год може да се јави, нема правила.
Штом се воведе глутен колку често треба да се дава? Или може да продолжам со безглутенски житарки, а од време на време да давам глутен?
Скоро полни 7, дадов една каша на хип со овошје, банана, круша има и житарки со глутен. Вчера дадов 2 лажички денес исто. Сега ми поврати. Читав реакција на глутен покасно се јавува но дали може сега да е од тоа?
Јас несакајќи воведов.. Маж ми пазареше, му напишав што и како. Донесе дома. Бев уморна и поспана. Го терав него да му даде на малиот. И он прочитал ноќна млечна кашичка и му дал бидејќи ноќно време беше. И јас земав теглата да ја измијам, гледам со ситни букви пишува дека содржи глутен.. Бебето беше 5 месеци, ама не се притресувам јас многу.
Токму за идтата каша се приклучиб да прашам. Ми ја донесоа подарок ноќнава каша и прочитав дека има глутен а пишува над 4 месеци. Ние сме полни 5. Јадеме веќе каши но домашни и правам купечки дали 2 има пробано. Исто сакав и палента да воведам ама пишува дека може да содржи траги од глутен. На кашата и јајца пишеше додуша. Незнам дали да давам вакви работи што би ме советувале. Фала мајки
Давај ако сакаш и види дали ќе има реакција. Подоцна се воведува затоа што е похранлива, кога се регулирани оброците.
Здраво, каков овес се дава на бебе? Обичен, лупен па да го блендирам за во каша? Или овезово брашно? Или овесни снегулки?
Здраво.Ние само што влеговме во 7 ми.Сакав да прашам ноќните каши од кога ги воведовте? Или да почекам до 8 ми