Фала, ќе земам. Пробуваме јајце деновиве и месо неделава планирам. Глутенот/хипов отпосле или во меѓувреме и од него да дадам?
Па дади од сабајле за доручек од ова. А месо немаш воведено? Јас дадов веќе и телешко и мисиркино и пилешко. Јајце уште не сум дала, татко и е алергичен и ми е страв уште.
Не, беше настинат и одложивме малку. Нас уште белка цела ни остана да воведеме, па се мислам ден два пауза и да дадам пилешко и телешко. Имам и една каша на хипп или холе беше пилешка, се мислам таа прво дали да ја дадам.
Па ти си почнала со алерген а си одложила месо. Ептен на јако одма хахахаха. Белката е малку покасно за воведување. Прво телешко дади, пилешко покасно.
по препорака на педијатар така воведов, прво јајце па месо не советуваше.Да, телешко ќе дадам прво. Од каде купувате телешко убаво тазе?
Јас после годинка и воведов белка. Не одеше во градинка, па не ја брзав. И педијатар исто ми кажа после година.
Ми треба совет/мислење, бебево 6м од неколку трошки леб што си ги дофати на маса му се направи реакција околу устата. Може да е од некоја состојка во смесата? Ако е интолерантност би се појавиле и др симптоми и би имал мака подолго. На големата на 6 и давав глутен немаше проблем