Ние бевме на ад млеко па од 4 месеци пичнавме со овошни каши, на 5 зеленчукови и на 6.5 глутен. Дохраната на 4 месеци ни беше препорачана од педијатар
Некогаш има причина зошто нешто се одложува, а со нешто се започнува порано. @anina сигурно имало добра причина што сте почнале толку рано со дохрана. Но во случај кога се е како што треба навистина нема никаков смисол да се одложува, ниту пак прерано да се почне со воведување не само на глутен, туку со било што. Со оглед на тоа што се препорачува ексклузивно доење до 6 месеци, прерано е (според мене) на 6 да се воведе глутен, бидејќи прво треба да се воведат овошје и зеленчук, па дури потоа глутен. Јас лично потполно се согласувам со мислењето дека не е во ред одредени намирници предолго да се избегнуваат, исто како што не е во ред и прерано да се воведат. Кога е "таман" да се воведе одредена намирница, самите ние како родители треба да си процениме.
Nie imame cela lista so sto se pocnuva od cvrsta hrana i sto sledi naredniot mesec. Gluten pocnavme od 7/8 mesec.
Јас дадов пченица спелта, ја има во продавници за здрава храна. Потоа овес, гриз, рж... Прв пат дадов на 9 месеци. Глутен се воведува од 8 месеци.
Дали е време за воведување глутен(имаме 8 месеци)и што прво да воведам?. Купив од бисквитите cicibebe и Lino grisolino(ама подготовката е со млеко)вие како ги подготвувате може со вода?И од кога се воведуваат млечни производи?
Јас дадов гриз. Можеш и овес. Можеш да ги измешаш со некое овошје. Ќерка ми ги обожава со банана и круша. Џиџибебе имаат многу шеќери, остави ги за после година. Едит Млечни производи како јогурт, кисело млеко, урда, несолено сирење, се воведуваат после 7 месеци, а млеко на 12.
Мене ме советуваа дека можам да почнам со спелта (помалку глутен содржела) или овесни снегулки. Планирам со овесни да почнам (иако оваа недела почнав да и давам корка леб сама да гризе, што значи сум и вовела глутен) бидејќи и јас си ги јадам овесните. Бисквити понатаму, план ми е да ги ставам само за да постигнам густина на некоја каша.
Да, можеш да воведеш глутен. Јас воведов со бисквитче од хипп, тие се мали, и некако по составот најасални ми изгледаа спрема другите- џиџи, плазма....и сега ретко давам по две мали бисквити. Потоа дадов овесни снегулки, потопени во врела вода кратко па изблендирани и малку кис.млеко. Или лепче бело со кис.млеко. Понатаму дадов и кус кус ( кој најлесно се спрема).
А каков јогурт и кисело млеко да купиме,и чисто да го давам или со нешто да го комбинирам? А не добив одговор дали да дадам Лино грисолиноод 6+ е ознаката пишува дека се подготвува со млеко,бидејќи јас му давам адаптирано,дали со тоа млеко или со вода да го подготвам?(се разбира ако дадете зелено светло дека можи )
Грисолино јас не би дала, можеш гриз да си свариш.... Кисело млеко дај за почеток, јогурт не. Три дена за проба можеш и чисто.
И јас не сум дала досега вакви кашички. Само кисело млеко со житарки и палента. Не ни знам како се приготвуваат.
Јас да си прашам за воведување на глутен. Како почнавте, со што? Син ми е 8 месеци и 10 дена и сакам да почнам да му давам. Купив овесни снегулки мислејќи да почнам со нив, а тука читам дека биле безглутенски . Сега се мислам со што да почнам.