Јас не воведував глутен класично како другите намирници. Дадов од одма цел оброк со овесни снегулки. Глутенот не дава моментална алергиска реакција која можеш да ја приметиш. Впрочем алергија на глутен не постои, туку сензитивност или нетолерантност. Првите симптоми може да се појават години после неговата употреба. Постои друг вид алергија на пченица која не е поврзана со глутенот туку со друг протеин од пченицата. Затоа кога се воведува пченица се воведува со поголемо внимание исто како останатите алергени, 3 дена по ред, постепено зголемувајќи ја дозата.
Немам нешто посебно истражувано, алергијата е на протеин од пченицата кој не е поврзан со глутенот, се манифестира со класични алергиски симтоми, како осип, чешање, повраќање, дијареа... во благи симтоми, па се до бурна реакција и анафилактичен шок. Многу е честа кај малите деца, меѓутоа исчезнува со текот на растењето и обично после 3тата година ја снемува. Ја поистоветуваат со нетолеранцијата на глутен, но воопшто не е исто. Кај оваа телото дава имун одговор и создава антитела и хистамини. При нетолеранција на глутен нема такво нешто, телото не се бори против тоа и затоа целијакијата е за цел живот, лекот е само безглутенска диета.
Basbme interesirase, neznaev za ova. Se cudev ednas koga mu dadov griz malkuvse zacrveni okolu usta, a gluten veke odamna si jadese bes nikakov problem. A eve sega i pcenica bez poblem.
Ги правам со ад млеко 100 мл и моево ги сака 1 до 2 пати му давам во неделата и тоа само насабајле, потоа почнав да му давам и гриз устотака сабајле и тоа со банана или јаболко помешано и до сеа ми нема одбоено си го прифаќа убаво и го држи доста време сит
Зависи кој ти е педијатар. Сајковски вели до 7м да проба, некои велат на 9. Се зависи по каков ред се водиш. Мислењата се поделени.
Со новите истражувања се препорачува најдоцна до 7мес да се воведе. Слободно на јутуб на 0+месеци на Телма изгледај ја емисијата за глутен и многу убаво е објаснето. Јас на 6+ воведов глутен.
Баш денес купив ама за мама не за бебе. За бебе купив палента од ДМ, био. Некој спомна органска имало ама само таа ја најдов, за истата се мисли? 500гр 99 ден, таа е? Мислев и гриз да купам, оној во темно сино кесиче од нашето детство Ќе дадам прво палента, а за глутен не знам што е подобро прво, гриз или овесни снегулки? А како ги правиш овесните @mariz ? И со што во комбинација?
Јас суви ги блендирав, па ги додавав во каша, така како прав доаѓаа. А некои сум слушнала ги потопуваат, па ги блендираат отпосле. Инаку @eli25 овес без глутен? Овесот е глутенска житарка, како без глутен? Јас колку што знам безглутенски се амарант, киноа, просо.. а овесот е глутенска житарка.. Оф извини @Вереничка мојов не јаде каши одамна, па сега купувам житарки со додатоци семиња, суво овошје... голем е а тогаш комбинирав најчесто со овошје некое, варено, блендирано и само ги додавав овесните сомелени како прав.