Купив преска на хип повеќе видови житарки без млеко, пченица, пченка, овес, спелта и не ми текнува кои други, ама прво да воведам глутен па после ќе ги дадам нив. И што е подобро, цело зрно или такви сомелени во прав?
Ако се посебни житарки (не измешани), пченката може да ја дадеш, таа е безглутенска. Но ако се мешавина, дај прво овес или гриз, па после ако нема реакција, давај и од другите
Јас купив спелт пченица од веро. Имаат некоја нова органска линија. Незнам дали да воведувам глутен со неа и како да ја припремам? или сепак со гриз да пробам прво? И дали може глутен да воведувам со повеќе житарки(сејој ден различна) или да се држам до една.
Со вода го спремив. 100мл со една рамна супена лажица. После измешав со јаболко и вишни. Инаку читав и тука, а и на интернет се препорачува првста недела на тро дена, па на два и после дека може секој ден и така пламирам и јас да давам
За една недела правиме 8 месеци и сакав да и воведам глутен.Дали пченкарниот гриз содржи глутен ? И дали сите житарки треба да ги испроба посебно и дали има некој редослед? Сите се даваат по три дена ? Кои житарки се најдобри од која фирма? Реално можеби некои прашања испаѓаат глупи и се повторуваат,ама додека не ја заранив не ни знаев за глутен,и сега некако застрашувачки ми делува.
Пченичен гриз од плавиот со бебе давам. Инаку не воведував житарки секоја по три дена, ама прочитав една шема за воведување на глутен и по нејзе се водев, односно првата недела дадов два пати, втората преку еден ден, а веќе од третата секој ден. Јас до сега сум дала овес и гриз.
Воведовме минатата недела глутен со гриз. Сега сакам овес да земам, па препорачајте ми кој е добар? Гледам има овесни снегулки, па нешто друго...јас тоа никогаш не сум купувала и појма немам.