Не е така. Не плаќаш колку сакаш. Имаат ценовник за секое пеење. А за свадби и крштевки колку земаат, толку некои работи цел месец, а овие со едно пеење во еден ден, со 2 саати работа ги земаат.
Па на материјалното примат на сметка на духовноста му ставиле самите попови. Доброволно може ќе ти биде денес да одиш и да не оставиш ништо, ама ти како христијанин кога ќе сакаш да си го крстиш детето, самиот поп ќе ти ја каже цената, а тоа сигурно не е доброволно и ти колку ќе сакаш и можеш. Вака изгледа кога пред законот се сите исти. А малверзации, прикривање даноци се кога држава нема увид и секој прави што сака, макар и на штета на други.
Како ќе има државата увид колку пеења биле во денот? И дали некој оставил повеќе,а некој ништо можеби?
Како ти се фаќа исто? Како 10 посто од секој месечен приход = 6.000 денари да речеме, што сум ги платила во животот за венчавка и крштевка? ... Данок мора да се плати. Ако си сиромав. Ако си супербогат, снаодлив, имаш пријатели, не мора баш- нова светска поговорка
За вториов пасус само ќе ти пишам многу генерализираш и пак ги идеализираш поповите и меѓу нив како и низ народов од секоја професија има луѓе и нелуѓе, професионалци или непрофесионални. Вербата, религиозноста, спиритуалноста како сакаш да ја наречеме не зависи од надворешниот изглед и финансиски можности тоа е одраз на внатрешниот, душевен раст и развој. Не има и такви кои сме се треселе над црквата како божји храм, но по се видено и посведочено колку се гнаси тој од внатре од некои нешта сме укапирале дека тоа е само објект. Комплексна тема за дискусија е и прилично оди надвор од темава, ама кога отиде во тие насоки би допишала дека јас како поранешен силен верник потполно те разбирам на што алудираш, ама и сега вака од другата страна ги разбирам и останатите. И пишав ете и ти си согласен, ако државата утврди си пишал, баратаат со пари и треба на тој профит кој би го пријавувале да плаќаат данок. Е сега како и што ќе пријавуваат, дали ќе се изведува се регуларно и сите тие законски прописи како би профункционирале во таквиве божји храмови мене ми е под огромен знак прашалник ставено познавајќи некои дешавки таму внатре.
Ама сте се фатиле за ценовникот, прават отстапки за некои, не се до толку фатени како слеп за стап до ценовникот. И јас за ова пишувам како е кога е наметнато во духовниот свет да се стави примат на материјалното, ама со оглед дека некои духовници така си ги поставиле и сфатиле работиве, ќе испадне ако се примени ова во иднина покрај нив и други кои не гледаат така, да се принудени да започнат. Работава испаѓа покрај сувото ќе изгори и суровото, нажалост.
Си имаат дури тефтер за должници..Те запишуваат ,и во иднина ако не платиш немаш право да крстиш дете,да се венчаш итн ,се додела не го подмириш долгот.
Можеби, секакви ги има, па и секоја епархија по свое. Пишав поради ваквите суви што ќе горат, ќе изгорат и суровите, кои не се до толку малодушни, скржави и ситничари. Ама ништо не ме чуди веќе на овој бел свет, се има по него.
Очигледно не ја знаеш ситуацијата на терен. Повеќето во Македонија, не плаќаат даноци. Та богати, та сиромаси, та тие измеѓу... И кажи како е организирана религијата таму кај што живееш.
@Monofonik Бог е за сите - ниска, средна, висока класа. Побитно прашање е дали во една црква го има Бог како што треба да го има и тоа е преку луѓето, наши браќа и сестри (а не лицемери како шо ги има скоро сегде). Имаш избор, никој не те држи да одиш во некоја ако гледаш дека се коси со некои твои размислувања. Ниту те тера. Нејсе, да не ја тупам, на тема даноци - треба. Сум и за јавен увид на трошење на парите обезбедени преку невладини/странски организации итн. Убаво би било да знаеме која била првобитната намена, а каде завршиле тие пари.
Да, секако дека треба да се оданочат. Сите услуги треба да бидат со фискална (зборам за црква, за другите не знам како функционираат) купуваш сваќи фискална, пеење за слава фискална, погреб(недај боже) фискална итн итн... Поповите да бидат на плата а не кој колку може да напуни у џеб. По големите градови и богатите села се тепаат кој да биде поп а додека во сиромашните и мали села поп нема затоа што таму има малку жители и малку пари. Кога би биле поповите на плата секаде би имало поп. Голема тема е ова, но ова е накратко моето мислење.
Фискална не може да дава верска институција која постои за верски потреби на луѓето. Црквата, а и другите храмови, постојат, главно, за луѓето да се молат и со тоа да се приближат до Бога, во прашање е духовен живот, а не пазар. Крштевки, венчавки и тие работи, тоа има врска со духовниот живот, тоа се свети тајни, а не обични услуги за кои ќе се дава фискална. И како што кажав, плаќањето не е ни задолжително. Не би требало да има ценовник, ама па како ќе се одржуваат тие храмови? Затоа и е воведен ценовникот.
Прво, законот не дозволува бидејќи спаѓаат во хумантарни дејности. Тоа што има ценовник, треба да се буниме во МПЦ, не треба пример кај што стојат свеќите да пишува 5 ден. 15 ден. Него кој колку сака да остава, факт е дека ќе има трчи-трчи пара, ама тоа е. Така се замислени. И за слави, крштевки, треба да е кој колку може. Некој може има 18,000 плата и стварно не може 3000 да даде за крштевка, а сака детето да му е кршетвано и поблиску до Бога. А да знаете колку институции се ослободени од данок, глава ќе ве здоболи Камо да се црквите и џамиите само https://finance.gov.mk/даноци-на-имот/ еве пример не се плаќа данок на земјиште кое се користи за производство. ја може имам 10 ниви, од кои добивам 2,000,000 евра чист профит годишно, и нема да плаќам ич данок. Тоа океј е? или дека некои сте атеисти, или како и да се карактеризирате, па ви дое до МПЦ и ИВЗ?
Би требало да е така но не е. На секоја црка има закачено ценовник и тоа со поприлично високи цени (венчавки, крштевки, погреби...). Има цркви и кај што се наплаќа влез. Тоа во ред е? Секаде каде што се врти пара треба да се плаќа данок. И не е фер поповите да бараат 6000 за венчавка на пример, што доколку некој нема да плати? Иначе црквата располага со буџет приближен колку државата. Дали знаеш колку стари цркви има во Македонија што се распаѓаат а МПЦ не прави ништо. Кога некоја црква ќе се запали или оштети се бараат пари од народот за да се обнови а МПЦ не дава ни денар. Владиците и поповите сите знаеме какви возила возат.... Прашање ми е, каде одат парите од црквата?
Првично, црквата не била создадена за вака како денес да функционира. После, некој решил да воведе ценовник. Да се наплаќа за влез, што јас лично не сум видела никаде, но еве други викаат имало, тоа не е во ред. Не би требало ни за венчавки, крштевки и погреб да има цена, но тоа веќе можам да го разберам, како што кажав, црквата има потреба од парични средства. Она што се одржува во неа чини пари. Тој што сака и има, плаќа, тој што сака ама не може да плати, црквата плаќа за него. Од тие пари што други ги дале, што прашуваш каде одат.
Немој да ме сфатиш погрешно, не сум јас против црквата. Јас верувам во црквата но не и во поповите. Точно дека црквата порано не функционирала како денес но денес е под водство на лопови. Порано поповите живееле од донации од народот и црквите се направени и одржувани од народот. Црквите не се изградени од МПЦ па МПЦ да наплаќа сѐ по ценовник. Ова што го пишувам сум сигурен дека е така, ете како пример ќе пишам у село кај што имам викендица црквите се изградени од народот и се одржаваат од народот (од донации) и тоа е со генерации така. Имаше поп од тоа село но тој почина, и сега тој што се назначен како негов заменик поставува услови со цени по негово, и бидејќи доаѓа од најблискиот град, бара луѓето да му плата и превоз иако неговото работно место е тука. И измислува начини како да земе пари....