Не, не, другарице. Психоза е кога ќе почне да се релативизира, ова е наука, ова не е наука, пошто така ни одговара. Во средно угостителско што учат и наука ли е тоа? Инаку пишав погоре, зошто не веронаука во училиште. Ама па мене ако ме прашува некој, ретко кој би останал подобен да врши образовна дејност. Оти ретко одговорна работа е.
Абе религијата е догма, а догма по дифолт не е наука. Тоа што државите се декларираат како секуларни, а имаат Теолошки факултети, не ја прави наука.
Мислам, јас апсолутно не сум религиозна и мое дете нема да учи богословие, ама да кажеш дека не е наука е глупост затоа што е филозофско учење, ти се допаѓало тоа или не. Мешаш природни и општествени науки.
Не е ни филозофско учење. Перење мозок е. Оти така им чини на оние што имаат моќ Поарна алатка за контролирање на масите, ни имало, ни ќе има.
На факултет се запишуваат полнолетни личности кои решиле да се посветат на одредено поле, во случајов на православието. Има причина зошто не се наметнуваат религиски доктрини на деца и малолетни.
Како мешам? Религијата не е општествена наука. Освен ако не е компаративна анализа и историја на религиозноста. Ако навлегваш конкретно во учењето на една религија, перење мозок е. Јас би ги забранила и теолошките факултети. Ако сака Црквата, нека си направи школи. Ем секуларна држава, ем даноци не плаќаат религиозните институции, па уште од државен џеб да плаќаат даночните обврзници, за да се шири нивната догма.
Ама во која тема сме и што се фативте за тоа што е наука? Дали заклучивме дека во образованието се вклучени и сегменти кои не се наука, или слабо дедуктивност? Има и средно теолошко. И да повторам- на деца не треба да им се наметнуваат никакви доктрини. Не само религиски.
Филозофија не е перење мозок? Мислам, да не навлегуваме во тоа колку questionable филозофи има. Или психолози Теологијата е систематичка студија на природата на "божественото". Учење е. Ти се допаѓало тоа или не. И ако "не е наука" ти е единствен аргумент за зошто не треба да се учи во училиште, ептен си ја промашила поентата Патем, кај со она gatekeeping на знаењето? Ако не па ајде и книги да палиме
Филозофијата се учи компаративно. Учиш за повеќе филозофи и нивните филозофски теории. Да го изучуваш само Ниче и тоа да биде догма, тогаш поинаку ќе изгледа.
Да се вратам на муабетот, оти ми вртиш како киша око Крагујеваца и се изгуби тотално. Припази на сите други догми кои ги практикуваш, многу од нив ти се на ранг на религија
Ако не е наука, зошто се вика веронаука? Тоа е поентата. Питагора бил филозоф, ама тоа што тој го проучувал било научно, може да се види и тестира. Жан Жак Русо, Маркс, Фројд, одбери кој сакаш од модерните, сите нивни учења иако се „невидливи“, имаат основа во реалноста. Најголемата разлика е што не се догматични учења. Подложни се на критика, надградување, отфрлување. Што од теологијата може да се види? Што е базирано на реалноста? Некој успеал да фотографира ангел? Или пак да сними чудо со камера? Може чудата и ангелите и молитвите да се манифестираат одново и одново како што Питагоровата теорема секогаш идентично и точно се манифестира?
Би ги забранила теолошките факултети и као демек после велиш дека си некој либерал и демократ? А всушност само сакаш да наметнеш свој став некому. Не си ништо поразлична од другите со такви ставови. Те читам велиш религијата само перење мозок било. А лгбт пропагандата за која толку многу се залагаш не е перење мозок? Некому такво перење некому онакво перење му одговара и точка. Дај малце позитива нели ви се здосади ова трте мрте само некои сукоби. Немам ништо против тебе да не сфатиш погрешно ама грешиш и брзаш некад.
Не. Не треба да се плаќаат државни пари за да се учат религиозни убедувања. Противуставно е. Наметнување на верување не е демократија. Напротив. Обратно од демократија е. Спиритуалноста е интимна и лична работа. Различна за секого. Религиите се организирани политички институции. Ја користат религијата заради моќ. Не се учи спиритуалност. Сприритуалност се доживува. Исто како што не се учат чувства.
Не, филозофија се учи селективно, според креаторот на програмата. Тој некој решил, ова е ок да се учи, она не. Кога ние дојдовме да учиме, ни М од Маркс не чувме. Јер умрено беше марксизмот, забрането знаење, ерес, Маркс не бил филозоф. Така се се учи селективно.
Ама вие мислите дека теологија е да станеш верник, тоа брз база на нашиов теолошки факултет ви е базирано. Секаде во светот има студии за теологија и не се курсеви за станување верник. На универзитети на општи науки низ светов има секаде такви или отсеци или предмети. И најнебитно е тоа во темава што е теологија, ама нели мора да се скршне негде Јас не сум за веронаука во школи инаку.