Нека се учи како дел од филозофијата, ама не како засебен предмет, па уште да се молат учениците на сред час.
Леле Вајлд, 100 пати напишав дека сум против молење и темјани во школо, аман. Како да го толкувам "Бог е мртов" ако не знам ништо за концептот "Бог"?
Супер. Значи може да се изучува како дел од некоја социјална наука, не мора како засебен предмет. Нели?
Да имаше прочитано бар нешто повеќе од таа единствена реченица, ќе го значеше вистинскиот контекст, ама нормално, Ниче атеист фуј, дајте попови!
Затоа што не признава дека сме создадени од Бог туку вели дека сме настанати од ништо така само од себе сме еволуирале. Науката уште нема разјаснување за душата на човекот и што се случува кога умираме додека религијата има. Науката не се занимава со Бог и го отфрла неговото постоење или секаква поврзаност со него. Незнам што ми пишуваш не те сфаќам што збориш. Ова што го пиша изгледа како: За да докажеш дека не постојат вонземјани треба со вонземјани да се занимаваш и да проучуваш. Лол.
Зошто да не се молат? Зошто кратиш нечие право? Не секому му е логично тоа и има смисол. Теоријат на еволуција се појавува како "теорија" Веројатно знаеш дефиниција за теорија.. Врз основа на нечија замисла градиш наука ама се правиш попаметна од луѓе кои илјадници години делат ист или сличен став за тоа дека луѓето и Земјата имаат творец. Ако, тоа е твој став. Не ти брани никој. Ама не му забранувај некому да учи религија да се моли или слично.
Не ви бранам да се молите. И јас се молам. Ама молењето е за во религиозни институции и дома, а не во државни институции во секуларна држава. По милионити пат... Иначе има докази за еволуцијата. Еве ти го ковидот. Најнов пример. Секоја нова варијација е производ на еволуција.
Лелелел.... страшна работа е значи религиската пропаганда. Биг Бенг е само теорија. Еволуција на човекот како вид е нешто што е материјално докажано. Исто како што диносаурусите кои не се спомнати во ниедна религиска книга се материјално докажани. Да, нема, пошто никој досега не успеал да изолира и дисецира душа. Религијата само вели дека има. Каков доказ имаш за ова? Знаеш што значи зборот оксиморон? Тоа е да речеш дека науката не се занимава со богови пошто е материјалистичка, ама пак во исто време таа го отфрла постоењето на богови. Како може да го отфрли ако воопшто не се ни занимава со тоа?
Аха, а пропагирање на разврат и лгбт може? Зошто не направите институција за такви работи? По милионити пат исто Во Библијата се спомнуваат диносауруси со сигурност ти кажувам. Не се плаши да ја прочиташ не јаде луѓе.. Проверувај информациите пред да пишеш. Има по форумов религиозни членови што имаат знаења така да прашај. Јас кажувам со она што го знам, но не во најситни детали. Знаеш што вели религијата за душата што бараш да ти се објаснувам или интересно ти е да тепаш време?
Во која библија, мормонската? Не е битно што ВЕЛИ религијата за душата. Секој може да вели што сака. Битно е колку е тоа вистинито и дали може да се докаже. Како стигнала библијата до сознанијата за душата? Тебе ако не ти е ова седми акаунт...
Во Ватикан има посебен оддел каде секое пријавено "чудо" го дијагностицираат прво дали е вистинско или не. Како на пример некаде некоја статуа Богородица пример, почне да плаче, прво се осигуруваат дали може да се ствара кондензација, влага или некој друг надворешен фактор придонел за солзите па потоа даваат официјални изјави и објаснувања.
Како е пропаганда, кога е факт? Постојат хомосексуалци? Постојат. Треба да ги дискриминираме и маргинализираме? Не. .... или можеби треба?
И ја не сум некој верник ама ти блага веза немаш со Библија и религија изгледа. Само слушнато имаш за називот. Отвори прочитај ако те интересира или прашај во темите за религија има членови со доста познавања.