1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на веронаука во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од gingerchild, 17 април 2012.

?

Дали да се воведе веронаука во училиштата?

  1. Да

    11 глас(а)
    17,7%
  2. Да, но само како изборен предмет

    17 глас(а)
    27,4%
  3. Не, никако

    34 глас(а)
    54,8%
  4. Немам мислење

    0 глас(а)
    0,0%
  1. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Не е природно и не е нормално гласи ставот на многу многу луѓе. И не може со сила ти или некој друг да им наметнуваш ништо како што ни тие не можат тебе да ти наметнат да учиш за бог.
     
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    2 минути работа е да ми посочиш каде точно се спомнати диносаурусите.
     
    На lovestoneddd и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не е прашање на став тоа дали постојат, или не.
    Прашање на факт е.

    Исто како што е прашање на факт дека постојат христијани и муслимани.

    Сакаш на Христијаните да им се забрани да стапуваат во брак и да имаат деца?
    Во ред ќе ти биде?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.875
    Абе сегде има секакви.
    На повеќето им е доволно да бидат селски попови, да живеат од баци рака, па соодветно на тоа и нивото на ука и духовност. :doh:
    Тие што имаат за пренесување, пренесуваат, ама колку се такви, тројца, плус-минус. Секако нема изборен предмет да предаваат.
     
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    24.954
    Пол:
    Машки
    Не знаев дека воопшто го тргнале предметот веронаука. Јас во основно го учев како задолжителен :D Сеа сум атеист... Малку маваа на brainwashing дел од часовите, особено пошто беше детално изучување и пропагирање христијанство. Не можам да ја најдам книгата да ви пуштам кои глупости се учеа.

    Не е потребен таков предмет, ништо корисно не се учи од него.

    Едит: Изгледа беше Етика во религиите. Во секој случај, непотребен беше.
     
    Последна измена: 22 јуни 2021
    На Ugly Duckling, Just.do.it, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Значи се согласуваш дека никој не може да те учи нешто во што не веруваш. Зошто треба децата да ги тераме да го прават тоа?
     
    На Just.do.it, WildMk и asdas им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па и имам.:D види, објавен е на
    academia.edu и на
    https://www.researchgate.net/ (освен оригиналната публикација од која беше дел де).
    Бесплатен е, плус. Слободно симни си го да го прочиташ и да се просветлиш :D
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Учеа ќерка ми Етика на религии.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    24.954
    Пол:
    Машки
    Уствари можно е и ја тој да сум го учел. :) Непотребен во секој случај.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Маж ми секој ден мини срцеви удари добиваше кога ќе прочиташе што учат :D
     
    На Just.do.it и staycalm им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.875
    Де кажи што учеа, да си го тестирам срцето:D
     
    На Bezimenka90 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не памтам.
    Имам селективна меморија.
    Тоа што ме нервира, го заборавам.

    Пребарај на гугл, може на Мин. за образование да ги има учебниците.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    24.954
    Пол:
    Машки
    Од овој ли учеше?
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Можно е... не памтам стварно :$

    Изгледа тоа е.
    Знам дека за Православно Христијанство учеа, а не за сите религии.
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во етика на религиите или веронаука најзастапено беше изучувањето на христијанството. Дури некаде за домашни им даваа и молитви да напишат.
     
    На theowndemon, Lady D ❤️ и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Баш то е моментот кој е проблематичен.
    Едно е да учат за сите религии, друго е само на една да го изучуваат верувањето и толкувањето.
    И то православието е само гранка на Христијанството, не учеа за католицизам, адвентизам, мормони и разни други...

    Ептен догматска индоктринација
     
    На Bezimenka90, Asparagus и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    :rofl: Се пресмеав на ова, ме потсети на мемево:
    [​IMG]
    ---
    Работата е што науката без проблем ќе признаеше дека постои бог или виша сила да имаше некаков доказ за тоа.
    "Го чувствувам во срцето" не е доказ. Не дека некој овде така рече, често сум го читала ова од верници. :D
    [​IMG][​IMG]

    Да, секој има право на верско изразување, ама никој нема право да ги наметнува на други неговите верувања. Религијата никогаш нема да биди наука. Она што го проповеда никогаш не се променило, додека науката многу нормално е да се менува како што напредува човештвото. Не смееш да се сомневаш во религиските учења, а науката постојано се сомнева и држи отворен ум. Фактите се многу побитни од верувањата.

    Религиските учења нека си останат подалеку од образовниот систем.
     
    На lovestoneddd, WildMk, Mikha4 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Точно така. Душа досега никој нема изолирано или видено на магнет. Ниту еден доктор или научник нема проблем тоа да го признае. Религијата исто така нема изолирано или покажано душа. Сепак, тврди дека постои, ама проблем е ако побараме да го видиме тоа.
     
    На lovestoneddd, Asparagus, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Како модератор ве замолувам да се држите до темата и да не пишувате офтопик мислења, за да не морам да ве бришам.

    Ви благодарам за разбирањето,

    @cresa-jagoda
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Јас учев од овој. Гледам сега три од пет теми стриктно за православие. Учење историја на религии my ass.

    Баш разгледајте го учебников вие што мислите дека е океј како изборен предмет.

    Во деловите за ислам вели ,,според исламот...", ,,муслиманите веруваат..." итн., а во деловите за христијанство директно кажува ,,тогаш Исус земал леб, го благословил, го прекршил". Каде е објективноста, резервираноста? Каде е ,,според христијанството..."? И после сакаме да мрднеме од мртва точка како општество кога уште е предмет на дискусија дали на деца да им трубиме вакви дезинформации и да се пласираат на еднакво рамниште со другите предмети. Попови пишуваат учебници на ист начин како што ги пишуваат нивните трогателни фб постови, ни ги бутаат во официјални државни програми, а ние као демек поддржуваме учење филозофија и теологија. Трагедии.
     
    На theowndemon, lovestoneddd, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.