1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на веронаука во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од gingerchild, 17 април 2012.

?

Дали да се воведе веронаука во училиштата?

  1. Да

    11 глас(а)
    17,7%
  2. Да, но само како изборен предмет

    17 глас(а)
    27,4%
  3. Не, никако

    34 глас(а)
    54,8%
  4. Немам мислење

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Znachi vaka: nauka e neshto shto mozhe da se dokazhe, da se dade dokaz za istoto, da se ispita laboratoriski,da ima izvori za nekoja sluchka i sl. Primer istorija. Imame istoriski podatoci koi pokazhuvaat deka postoele aleksandar, filip i dr.
    Religija dokaz? Nauchnaa osnova?
    Istorija na religiite e nauka, a religijata ne e.
     
    На staycalm, noteforself, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Да не го заборавиме легендарниот владика Петар кој своевремено тврдеше дека жените се виновни за се поголемиот број разводи, дека Мерилин Монро се самоубила дека не можела да има деца(ова му беше аргумен против можноста за абортус), сега брзо тврдеше дека е невозможно преку причест од иста лажичка да се шири корона ама затоа коа се зарази прв се затрча да се лечи на приватно у Систина и тоа е човекот кој во Мелбурн беше уапсен за кражба и лажно сведочење.
     
    На staycalm, lovestoneddd, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Ова нема врска со темата.
     
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Како нема?
    Такви ликови држат часови по веронаука.
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2021
    На staycalm, noteforself, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не, има многу асални теолози за разлика од горенаведениот мафијаш.
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2021
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Верувам во Господ, ама во Библија, цркви, попови и слично не. И сега? :(
    Како да си го пратам детето во школо? :(
     
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Видов од искуствата колку асални теолози има.
    Им давале молитви за домашна и ги терале да постат.
    Од теолози не може објективност да се очекува, леб јадат од верници, нормално дека ќе им биде во интерес да им се зголемува стадото.
     
    На staycalm, WildMk, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Ама чекајте малце, сте испомешале многу ствари. Не е овде клучното сите да се согласиме дека не е (егзактна) наука веронауката, па тоа да е причина дека не ѝ е местото во образованието. Проблемот е од каква позиција и колку необјективни луѓе (би) го предавале тоа тука во државава, па дури и на теолошки факултет - ама таму разликата е што станува збор за полнолетни луѓе што по свој избор се одлучиле за таа определба, па што сакаат нека прават.

    За мене идеална едукација околу религии подразбира на пример еве за наше поднебје ко прво да е опфатена и словенската паганска митологија како постари корени кои претходеле на христијанството (и е стопати побогата и поинтересна од мејнстрим религиите), па потоа будизам, хиндуизам што сте спомнале и други позначајни учења освен авраамските. Да се различат форми на верување како деизам, пантеизам, агностицизам. Па дури и за сатанисти да се разјасни дека луѓето по светот денес што се декларираат така не се монструми со рогови што колат жртви за принесување, туку тоа им е само малце поише edgy statement на сатира и независност од опресивните организирани религии.

    Али тоа кај нас нормално е научна фантастика и од аспект на едукатори па и на тоа што сакаат родителите верници, овде можеме само да очекуваме во училница да влезе некој апологет на лижење лажичиња за причест у време на пандемија, што е катастрофално. А крај краева и општо, било каде во светот, е подобро на оваа тема млад човек да истражува сам со свој мозок колку сака, без авторитет и формална евалуација.

    И да, религија и идеологија се наметнува, сексуалност не, на никаков начин. Аман.
     
    На staycalm, KateKane, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Спротивно мислам.
    Многу е битно на правилен начин и со помош на едуцирана личност да навлезеш во духовниот свет.
    Да научиш да распознаваш опасности.
    Некои луѓе имаат природен инстинкт , но многумина биваат изманипулирани од разни "духовни"водичи.
    Многу,многу е битен квалитетен наставен кадар.
     
    На Peanut Butter, Biljarkata и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.343
    Пол:
    Женски
    НЕ сум за воведување на веронауката.

    Мислам дека малку го испомешавте учебникот за етика со веронауката. Го фатив баш тој период каде учев баш Веронаука и еден друг предмет кој се викаше Вештини (во осмо одделение). На предметот Веронаука беше каде-каде помизерно и со потсмев и онаа што ни предаваше беше колку да исполни фонд на часови. Буквално непотребен експеримент врз децата.

    За разлика од веронауката, кај Вештини веќе учевме стварно корисни работи - не од учебник теоретски туку баш практични реалцизации.

    Човек сам може да си процени дали му е потребна или не верата во Бог. А за попови/водачи/како сакате наречете ги, се само од корист и нормално - грабење на парите. Ако толку сакаат да ги учат луѓето, нека се откажат од таканаречени донации/прилози за црквата. Нека прават крштевки без да земаат пари.

    И ова со поповите никој нема да го изрегулира бидејќи се во тесна врска со политичките партии, па тотално се заштитени и едните и другите.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    @Asparagus има 3 дневен бан во темава, поради офтопик мислења со несоодветен речник.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Сеуште стојам зад тоа дека не треба да се учи веронаука, ни овој 'вид' на Етика на религии што го учеа, ниту да има теолошки факултет финансиран од државни пари.

    Религиозните институции имаат доволно пари да си направат свои школи.
    Таму нека нека предаваат што сакаат.
     
    На theowndemon, staycalm, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    Па мораат религиозните гревови некако да пробаат да не ја изгубат контролата која и онака им се губи полека од раце. Се повеќе и повеќе луѓе ги отфрлаат религиските обичаи и верувања и си го живеат животот како што им чини, а не како што религијата вика. Во државава нема верници како што библијата налага, не се залажувајте со тоа дека идете на причесна, се прекрстувате три пати пред црква и палите кандила дека сте на позитивната страна кај Хесус. Библијата има толку големи рестрикции, толку работи забранува што нас ни се секојдневие што смешно ми е како некој оценува добро/зло според таа книга.

    Со достапност на литература и интернет секој може да се информира за што сака, факт е дека не еден, десет религиски предмети да изучуваме пак светот полека ги отфрла "традиционалните вредности" и дека нема да живее живот како што е наложено. Кај мене дома сите се религиозни, јас сум атеист до коска.

    Прејаки ми се стварно забеготиниве, мислат дека со книга во која има змајеви, делење вода, претворање вода во вино, лечење лепра со допир ( :D ) грмушки што зборат ќе ја заузда младината која не само што не чека до брак за некои работи пример, туку стапува во односи многу, многу рано.

    Али да, наместо да се едуцираат децата што е пенис, што вагина и како се прават деца и што треба на курот да се стави за да не закачиш ХПВ што младинава се почесто го има, па да мачат мака со бременост понатаму и со стерелитет, ќе учиме како треба да се невини до брак, пошто нели тоа магично ќе им ги смири хормоните и ќе речат, аха важи.

    Само некој кој нема ни 2% мозок може ова да го смета за успешен предмет за едуцирање и носење на дете на прав пат. А што е најтрагикомично нема да успее, пак светот ќе тежнее кон дистанцирање од религијата и живеење како што се сака.
     
    На WildMk, staycalm, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Само да знаеш, ова е нетрпеливост и говор на омраза кон верниците, или како што ги нарече забеготини. Тоа од старт кажува дека ти не си спремна да ја ислушаш другата страна и имаш предрасуди. Твоите дома забеготини се? Контрадикторно е тоа што се залагаш за прифаќање, а ти прва отфрлаш и главниот "аргумент" се навреди кон другата страна. Биди до утре атеист, ама научи се да почитуваш и поправи го речникот.
     
    На Аргентина * и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.875
    And yet, врховниот суд на Америка, донесува едногласна пресуда дека правата на едните не се побитни од верувањата на другите. Ама они се колнат на суд со -so help me god, и рака на библијата.
    https://www.alternet.org/2021/06/supreme-court-2653467066/
    И викате комунизмот не чинел?:wasntme: Ова ви е демократија, поларизација на екстремни ставови, дури не се поколат меѓусебно:angel:
     
    На Mikha4 и KateKane им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    Знам дека е. И ич не ми е гајле дали ќе повредам некој што ми кажува дека мојот начин на живот ме носи во пекол, каде ме чекаат огништа, маки и патење кое нема да престане никогаш. Јас си знам како ми било кога ми ја форсирале истата таа религија и ја користеле како алатка за да ме заплашат дека некој мој акт е тикет кон доживотно патење. Тинејџер бев кога ми се допадна едно машко и кога и кажав на баба ми добив такво рецитирње на книгата што до ден денес не можам да го заборавам. Цел живот ми било пратен со закани дека ако скршнам од тој свет пат после тоа да му ја мислам кога ќе треба да застанам пред господ. А јас бев дете што многу се интересира, што многу се распрашува, што сакаше се да знае, па кога прашав каков доказ има за тоа дека светци со копја змајеви убивале (Св. Ѓорѓија) и зошто Св. Димитриј убивал а ваму тоа е најтежок грев според книгата добив одговор кој верувајте не сакате да го споделам. На се личеше, освен на одговор што треба да е упатен кон дете кое е радознало.

    Ај тоа, него во светот огромен број од свештените лица ги тресе скандал за педофилија, па ни на крај памет не би ми било да посакам мое дете да учи нешто што тие луѓе го одобруваат и промовираат.

    И да, да се вратам на почеток, ич, ама ич не се замарам дали некој се вреѓа од мојата перцепција кон религијата, затоа што таа религија била извор на мое психичко страдање, во многу ранливи години кога ми се формирал карактерот. Сега тие кревки години се зад мене, остана само да се смеам кога гледам во какви невозможни работи веруваат поединци и да направам се што е до мене мое дете веронаука никогаш во животот да не допре.
     
    Последна измена: 22 јуни 2021
    На WildMk, staycalm, asdas и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Како возрасна личност, ниедна траума не ти дава право да употребуваш говор на омраза. Тоа е исто како некој кој бил силуван да тврди дека сите мажи се силувачи и треба да бидат кастрирани.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    Снајке, мое лично право е да мислам дека религија е зло. Затоа што има религии кои налагаат пресекување на женскиот клиторис, максимално деградирање на жената со тоа што на маж му е дозволено да си ужива со 4 сопруги покрај него и тоа да му е законски дозволено, целосно покривање на женското тело како тоа да е срамно, прикажување на интимноста како грев, мастурбацијата како нешто ужасно, жените да зборат во црква и да влегуваат во тој олтарот внатре што им е, предбрачен секс и секс без цел за репродукција, жената да не го остава мажот ако е неверен итн итн итн.

    Луѓе кои сакаат ова да биде пренесено на деца мене ми се забегани. Извини навистина ако те вреѓа тоа.
     
    На WildMk, staycalm, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Истово можеш да го кажеш и без "снајке" и "забеготини". Да, верник сум, ме вреѓа. Како и да е, нема да дискутирам со некој кој понижува други луѓе поради нивни верувања.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    @KateKane, тие верници што ги познаваш и ти ја уништиле психата во најкревките години , каде учеле веронаука?
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.