1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на веронаука во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од gingerchild, 17 април 2012.

?

Дали да се воведе веронаука во училиштата?

  1. Да

    11 глас(а)
    17,7%
  2. Да, но само како изборен предмет

    17 глас(а)
    27,4%
  3. Не, никако

    34 глас(а)
    54,8%
  4. Немам мислење

    0 глас(а)
    0,0%
  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    [​IMG]
    Да се училе веронаука сосем друго ќе беше сепак.
     
    На theowndemon и asdas им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    А зошто е тоа битно? Треба да споделам работи на кои не сакам да се враќам? Поентата си кажав која ми е, а како сум стигнала до неа ќе си зачувам за себе. Извини.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Битно е бидејќи ги нарекуваш верници, а те застрашувале и ти ја згадиле идејата за Бога.
    Па сум некако уверена дека не се верски воспитувани ( за образование станува збор овде )
    Не би се повикувале на " горење во пеколот " и слични глупости.

    Секој може да се скрие зад маската верник, поради тоа и мислам дека е потребно познавање на основите на религиите, особено на онаа на која и припаѓаме.
    Да имаме аргументи за одбрана барем.

    Извини ти, ако јас грешам,престрашно би било да се верски институционално потковани, а така....
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да почнеме од поповите, па надаље? :D
     
    На Amellie13, Bezimenka90, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Што со нив?....ги заплашуваат верниците?
    Или не се доволно упатени во својата наука?
     
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    А, тие што не припаѓаат на ниедна религија што ќе учат?
     
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    И двете. Зарем не согледуваш како се однесуваат и што прават? Имаше член кажано за владиката. Немаш некој коментар за тоа?
     
    На WildMk, Bezimenka90 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Изборен друг предмет...ти бираш водоисталатерство,ако добро се сеќавам.
     
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Значи водоинсталатерство или религија, тоа ќе е изборот?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Па поповите ќе си платат,онолку колку украле....само некако е толку пати тоа повторено, а и мојов одговор.
     
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Јас учев веронаука. Чувам учебници и знам да ги прелистам и после десетина години. Научив дека сакам да сум атеист, не тогаш, ама сега да.

    И да биде изборен предмет, дете не знае да избере, пак ќе е наметнато од родителите исто како и религиозноста. Така да, не.
     
    На Amellie13, KateKane, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Старото добро "no true Scotsman". Од сите што повредуваат други луѓе во име на религијата и нејзините застарени вредности да се оградиме дека не се „вистински“ верници за да не навредиме верски чувства, иако догмата е right there.

    И овој и сличните на него ли се недоволно верски институционално потковани и запознаени?

    рѕхрт6ујх.PNG ртхтѕјтј.PNG
     
    На Amellie13, KateKane, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Јас напишав некаде кој е изборот...а ова со водоинсталации е твоја желба.

    Бомбастични наслови.
    Жал ми е што не знам повеќе да можам да ти одговорам.
    Ништо не знам за владикава....а цитираново е недоволно.

    Навистина дете не знае да избере и не гледам што е лошо во тоа што родителот избрал.
    Си научила нешто и сепак си слободна да се декларираш како атеист...никој не ти испрал мозок.
    Ништо страшно.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2021
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да, ги заплашуваат верниците, некои и со параноични тврдења и типична коерзивна контрола.
    Работата беше секој може да се крие зад маската верник. Еве, меѓу поповите одма имаш примери што се кријат зад маската верник.
    И лакомари, и педофили, и силувачи.
    Геј попови што зборат против хомосексуалноста мора да ти се меѓу омилените :D
    Ама мислам темата не е за "верници што се прават верници"
     
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Сум можела тоа нешто да го научам и без да ја кажувам Оче наш на почетокот на секој час.
    Во мојот случај можеби не е лошо, сепак имам родители кои ги почитуваат моите избори, сега. А тогаш имаше избор: веронаука и религии. Татко ми не сакаше да слушни ништо друго, па само јас и уште двајца од класот избравме веронаука. Но не мислам дека секаде е тоа случај, наметнување како дете, може да значи наметнување и кога си повозрасен.

    За перење мозок, ми беше и тоа како. Па цртав цртежи поврзани со темата, палев свеќи пред тестови од страв, одев по манастири, еден од овие попознатите ми е комшија трчав рака да бацам итн. Зборуваме за дете, се' ова наметнато од еден час неделно.

    Немам против, ако нешто за мене нема смисла, не значи дека и за друг е така. Само споделувам искуство.
     
    На Amellie13, KateKane, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Neli be site bevme isti pred Bog?!?! Kako sea ispadna mazhot glaven?!?! Neli nema razlika vo pol, rasa i dr pred gospod?!?!
    Lele koga ke prochitam vakvi gluposti, jasno mi e zoshto ne idam vo crkva. Pravoslavna sum, ama crkvata ne ja pochituvam
     
    На KateKane, WildMk, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Па и не е.
    Немам омилени попови, нити би се осмелила да изведувам заклучоци врз основа на наслови од весници.
    Баш безвезе што секоја тема за религија се завршува со попови лопови.

    И баш поради тоа, се залагам за едукација,ете.
     
    На Angie1432 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  18. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Кој е изборот?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.447
    Допаѓања:
    165.466
    Пол:
    Женски
    Јас сум против предметов. Јас се префрлив некни кога зборав со другар ми. Ќе објаснам покасно и за шо зборавме.

    Веронаука имаше брат ми и идеше дома со молитви за домашно и денот го почнуваше со молитва. Во иднина јас не планирам детето да го растам во религија и ваков предмет не би сакала за него ( кај брат ми беше изборен, ама без избор if you know what i mean). Следно дете е од башка вероисповед, а јасно се пропагира одредена. То ме носи до муабето од лред две вечери со другарите.

    Едниот сподели искуство за другар кој татко му ќе го отпишваше од то училиште оти наст по веронаука го тераше да кажва молитви, а тој муслиман. Инаку тие имаа веронаука изборен, ама без избор, исто. Со се притисоци да земи молитвеник дома била работата. Брат ми ко беше, споредвавме шо учеле, исто се учеше само шо наст на брат ми беше потолерантен кон муслиманите во класот и имаа дозвола да не ја кажват молитвата за почеток на часот. :) :) :) Клавам ова емоџи оти нема кловн.

    Е другиот другар учеше историја на религиите. Иако сум неверник, имам голем интерес да читам на та тема, и другаров сподели позитивно искуство. Наставникот бил по историја, немало молење, туку буквално е историја за религиите, настанок, значење, за сите. Идеологии, шо е нормализирано, морал и сл. Ова би го учела и јас. Ова уствари го читам и јас. Ова би сакала и мое дете да го учи. Оти ќе поткрепи критичко мислење, ќе научи нешто интересно и ако се пронајди во религија можи и ќе верва. Ама нема со инка да му е турено да пеј молитви за оценка.
     
    На Amellie13, KateKane, Celltica и 7 други им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Драго ми е што сподели, бидејќи искуството е тоа....многу мал процент само од часови на училиште стануваат верници.... но сепак останува она што сметам дека е битно...идејата дека постои
    некој духовен свет и добро и зло во него.
    Тоа со молитви и бацување рака е слатко,убав спомен од детството.