Апсолутно не гледам потреба. Училиштето е секуларна установа и како за во таква, опфатеноста на информации околу религиите под историја/граѓанско/социологија/филозофија е сосема доволна. За сѐ повеќе од тоа, децата треба и можат самостојно од одредена возраст да истражуваат и да се пронајдат.
Непотребно е, според мене. Да не се повторувам со членките пред мене, сметам дека е доволно опфатена и дискутирана религијата во рамки на други предмети.
И јас мислам дека е непотребна. Нема да се повторувам со другите. Плус, во основните училишта има изборен предмет „Етика на религиите“.
Не, не и не! Апсолутно непотребно. Религијата не поседува истражувачка компонента па да го “анализира” човековото постоење. Религијата ТВРДИ и тоа е крај на приказната. Многу попаметно е да се посвети повеќе внимание на биологија, околу теориите на ЕВОЛУЦИЈА, Чарлс Дарвин, Грегор Мендел, историја и сл.
Изборен предмет - Запознавање со религиите, да нека има. И јас во основно училиште имав. Ама предмет насловен како Веронаука каде ќе се учи само една религија, не се согласувам да има. Некои мои соученици имаа избрано Веронаука. Но, сметам дека подобро е во еден предмет учениците да се запознаат со туѓите религии и истите да ги почитуваат. А својата религија може подетално и дома да ја научат од своите родители ако се заинтересирани за тоа. Го делам истово мислење со членкава:
Да, тврди, но пак ќе се повторам, јас не викам да се учи дека е факт дека Исус правел чуда, туку да се истакне значењето на меѓучовечките односи, простувањето, помагањето, неосудувањето, кои не се вклучени во предметите биологија, историја и сл.
Сметам дека религијата не е единствена, ниту добра алатка за учење на моралот, бидејќи успат се протнуваат илјадници други доктрини кои оставаат простор за нивно алтернативно толкување, вадење од контекст и преувеличување. За неосудување, безусловно помагање, прифаќање и сл. го видовме аирот од религијата и црквата. No thank you.
Основно домашно воспитување на пример, плус она вообичаеното пропратно што го прават наставниците/професорите покрај едукативната улога? Во општествените науки како социологија, филозофија и етика исто така и тоа како ги има продлабочени тие елементи...
Религијата постои, да се научат различни религиски концепти не е наметнување. Тогаш секој предмет е наметнување, што имам јас да учам историја, не сакам да ми наметнуваат.
За среќа постои нешто што некој преку истражување и наука потврдил дека е факт па истото се пренесува во учебници. Ако мислиш дека нема што да ти наметнува тебе некој знаење и наука и не можеш да препознаеш разлика меѓу наука и религиски прикаски, имаш голем проблем. Ти се залагаш, ако добро прочитав да се изучува религија од аспект и страна на самата религија. Пази, ниедна религија досега не потврдила со докази, иако се основани на тезите што ги проповедаат, дека нивната е вистинската. Напротив, за да следиш било која религија мора да имаш вера. И тоа е во ред, затоа што како човечки суштества досега вербата во нешто за некои од нас е многу потребна. Проблемот е што сите религии ова го злоупотребуваат, затоа и никако не смее да се наметнуваат во училиштата, да се проповедаат ТЕОРИИ на деца кои сеуште се оформуваат како личности. Било каква вештина да учат буквално би им било милион пати повеќе од корист, отколку да бидат подложени на религиски убедувања. Всушност скоро сум сигурна дека ова што го туркаш во темава спаѓа под повреда на правата на децата.
Не, не сѐ што се учи е факт. Етиката, филозофијата и на нив сличните се базираат на теории, кој може научно да потврди дека Ниче е во право?
Наместо да барате да се учи лични финансии, даночни системи, домаќинство, основи на електрика, водоинсталатерство, вие за веронаука сте запнале. Магариња од 40 години не знаат уплатница да пополнат, ама крстот златен свети на вратот. Срамота.
Тоа не е одговор на мислењето. Што потреба од домаќинство? Ќе гледаат рецепти на Youtube? Или ќе учат да плетат?