Што е побитно, да знаеш што рекол некој пустински човек пред 1300 години или да знаеш да се прехраниш? Знаеш колку луѓе не се способни макарони да сварат?
Ок, за тебе може е тоа поважно, не велам дека тоа не е важно, но да се развива погледот кон светот од повеќе агли, вклучувајќи и религија и наука, за мене е поважно од варење макарони.
Религијата е спротивно на науката. Науката е одговор на сите појави, религијата не. Кажаа поназад, нека го има како изборен. Нема потреба некој со сила да се тера да учи за нешто што е личен избор. Што побогу ќе учи веронаука дете што е атеист?
Колку години ќе треба за да се изучат сите религии. Или ќе кажеш конечно која е таа за која што сите треба да плаќаме даноци за децата да ја слушаат во школо?
Не, науката нема одговор на сите појави, науката е секогаш во развој. Дете атеист може да прошири знаења и да ги развие толеранција кон верниците. Не викам да станат професионални свештеници, мислев на едно општо религиско образование бидејќи сепак религијата е дел буквално од секое цивилизирано и нецивилизирано уредување.
Дете не знае што е, и до возрасен може да се предомислува повеќе пати. Не треба ни како изборен да го има. Има цркви, џамии нека си ги учат таму тие што мислат дека нивните деца треба да го учат тоа.
Па го има покриено во други предмети, тоа зборувам цело време, зошто треба посебен предмет не ми е јасно? Не ми се верува дека се дебатира за ова, ејј! Не биле потребни кулинарски вештини колку што е потребна религијата во животот на едно дете. Срамота е ова што се обидуваш да го туркаш во 21 век, ама ти си знаеш.
Никој не те спречува уште денес да ги носиш твоите во црква, џамија итн и да научат од прва рака. Зошто треба тоа да биде покриено во училиштата кои се за сите.
Далеку, но не гледам зошто нешто што е илјадници години во животот на луѓето да се игнорира од страна на образовниот систем.
Па не е оваа тема омилено јадење, секое мислење треба да се аргументира. А, нешто што е моментално во животот како на пример основни водоводџиски и електрични работи или пополнување даночна пријава зошто да се игнорира на сметка на нешто фиктивно?
Илјадници години во животот на луѓето се мноогу работи што не се учат во школо. На пример - правење вино, оцет или леб. Знаеш како се прават?