Штета што има... А за мене побитно е да знам оцет и винце дома да си направам него да учам за некој чичко од памтивек.
Не, никако! Би било лудост да се воведи ова во образовен систем во секуларна држава. Не знам колку од тука учевте веронаука, ама на мојата генерација во петто одделение ни беше задолжителна. Знаете што се правеше? Пред почетокот на часот и откако ќе завршеше стануваме и кажувавме молитви, се крстевме. Религијата се учеше како факт. Имавме тестови небаре тоа научни факти се. Не' носеа по цркви неколку пати. Која лудост еј, ама дечишта тогаш што разбиравме. Од оваа перспектива стварно не знам како го дозволиле ова, многу блиску беше на brainwashing. Ако толку на некој му се учи религија ене ги црквите и џамиите нека организираат нешто, синкир малку пари лапаат од народов, можат да организираат нешто ко часови наместо јахти и скапи коли да купуваат. Буквално ништо во животот не ми значи тоа што една година учев веронаука. На религијата не ѝ е местото во образовен систем, барем не како факт, а и доволно е да се спомнуваат религиите како концепт во други предмети. 21ви век сме, треба да имаме избор во однос на религија, на која религија ќе припаѓаме и дали воопшто ќе сме религиозни.
Ок, не би било лошо и вие што скоро сѐ знаете да научите и нешто плус. Да се дебатира да, да се промовира не. Тоа стои во Библијата, што е лошо ако се дискутира за тоа?
И шо ќе дебатираш на таа тема жити сВе? Ќе кажуваат учениците мислење кои сакаат да се чуваат невини, кои не?
Историја и филозофија на религии, со основни карактеристики да биде како дел од историја, посебно веронаука не, премногу е наметливо. Во право е @asdas денешните деца треба да учат попрактични и применливи работи како домашна економија, домаќинство, да знае да се снајде во случај на незгода.
Кои се придобивките или side effects од таквиот пристап кон сексуалноста. Еве, нека се докаже дека е тоа нешто лошо, дека е потиснување на сексуалноста, третман на сексот како на нешто грешно, но исто така, тоа учи за посветеност помеѓу двајца партнери, одолевање на страстите во корист на врската и сл. Исто така, воздржувањето води до тоа да се одбира партнер со главата наместо со страстите.
Ако не читале библија и никој не им полнел глава со вакви срања, уопште нема да знаат за "чување" in the first place.
Епа еве постои, многу луѓе веруваат, меѓу кои и нивни соученици, можеби утре ќе се вљубат во партнер кој е верник и треба да имаат подлога да се разберат.
Се она што има да го каже религијата е содржано во филозофијата, само без глупостите за постење, крстење и чување до прва брачна ноќ. Сакаш ученици од седмо одделение да дебатираат за прва брачна ноќ, дали си при здрав разум? Баш така. Прва помош учат само тие што полагаат за возачка, а и во тој случај се учи колку да се положи. Каде е тука постапување во случај на пожар? Постапување во случај на земјотрес? Веронауката ќе ти рече чудни се патиштата господови, помоли се и ќе бидеш спасен од пожарот.