1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на веронаука во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од gingerchild, 17 април 2012.

?

Дали да се воведе веронаука во училиштата?

  1. Да

    11 глас(а)
    17,7%
  2. Да, но само како изборен предмет

    17 глас(а)
    27,4%
  3. Не, никако

    34 глас(а)
    54,8%
  4. Немам мислење

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Добро, штом зборуваме општо а не конкретно за црква и христијанството, кажи од аспект на која религија треба да се изучува сѐ ова? Бидејќи тврдиш дека во образованието фали предмет веронаука но од аспект на религијата, како мислиш да ги опфатиш гледиштата на сите религии во светот? Со оглед на бројот колку религии постојат и постоеле низ времето колку часа од прво одделение до 4та средно ќе треба за да се покрие цел материјал?
     
    На WildMk и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.573
    Последното е наука... Не е баш во склоп со предметот. Тоа веќе зафаќа биологија, хемија...
     
    На Bezimenka90, WildMk, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Не работам во Министерство за образование, ако јас се прашувам, мислам дека треба да се учи како историја на религиите, нормално на овие најзастапените.
     
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Тотално бескорисно и неприоритетно.
     
    На staycalm, Bezimenka90, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 Веронаука во петто одделение беше изборен. Ама изгледаше како задолжителен зашто беа понудени два слични предмети, од кои мораше да се избере еден. Освен предметот Веронаука имаше и предмет Запознавање со религиите. На ниво на генерација половина го имавме избрано Запознавање со религиите, а другата половина Веронаука.
    Ти си одлучила да го слушаш предметот Веронаука и затоа на часовите си учела само за Христијанството и дури и сте се молеле и крстеле.
    Но, предметот Запознавање со религиите ги имаше опфатено и другите религии Ислам, Будизам... И многу поинтересни и поедукативни ни беа нашите часови, за разлика од вашите по Веронаука.

    @sonuvana Велиш преку анкета да се избере која религија да се изучува. И претходно во темава се изјаснив и пак ќе кажам. Голем верник сум, ама сметам дека во училиштата предметот Веронаука не треба да постои, ако сакаат учениците да изучуваат една религија тоа нека си го учат дома од нивните родители. Ама затоа немам ништо против да биде изборен предмет Запознавање со религиите, каде учениците ќе имаат можност да се запознаат и со другите религии, да ги почитуваат и туѓите религии и да развиваат верска трпеливост. А сето тоа ни е потребно за еден соживот во нашата држава.

    @Jana06 @Mikha4 Има голема разлика меѓу предметите. И затоа е добро да се разграничи. Предметот Запознавање со религиите не форсира ниту една религија, нема молење, крстење и такви слични работи. Ама затоа предметот Веронаука е изучување само на Христијанството или само на Исламот во зависност од училиштето, на која религија припаѓаат учениците. И затоа на тој предмет местото не му е во училиште.
     
    На nevermet18 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не се сеќавам на ова, мислам дека немавме избор. Цел клас бевме веронаука. И да имало избор не гледам голема разлика.

    Само да не се повтори повеќе. Како што реков, доволно е религија да се учи како концепт во друг предмет (историја, филозофија), не цели предмети да се посветуваат и да се учи како научен факт. Ако некој сака подлабоко да навлези во религија (и за ова сметам дека на деца не треба да им се наметнува, туку само за возрасни) самите верски институции нека организираат нешто ко часови.

    Некој спомна погоре за психологија, мислам дека е многу попотребно сметајќи колку скршени луѓе има наоколу и колку народот е неедуциран кога станува збор за менталното здравје.
     
    На staycalm, noteforself, Ladybug98 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Ако читале библија тие што зборат за чување, ја Биљарка не се викам.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Според некои од мислењата оставате впечаток како некои од вас воопшто да не посетувале училиште.
    Не сум имала веронаука, кај нас имаше изборен предмет запознавање со религиите. Општо се запознававме со исламот, христијанството, јудаизмот, некои правила што се проповедаат, се учеше за храмовите и отприлика тоа беше. Се споменуваа и многубожните религии, кои богови постоеле во грчката и римската митологија итн.
    Во историјата никогаш не сме споменале религија, ниту пак по предметот филозофија. Во основно и во средно имав изборен предмет етика, тука се спомнуваше Исус, ама само во однос на тоа што го проповедал за тоа како треба да ги третираме луѓето, нели она познатото ако те удрат сврти им го и другиот образ, а не самиот концепт на религијата. Во врска со Библијата, ние по македонски јазик ја читавме во средно.
    Ако предметов постои како изборен, како што беше целиот концепт во нашиот случај, а знам дека и се` уште постои, сосема го почитувам и не сметам дека со ова им се наметнува било која религија на децата. А за воведување на нов предмет со кој би се пропагирало христијанство/ислам, учење молитви и шо ти знам друго, не сум.
     
    На cresa-jagoda и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Значи по историја не сте учеле за крстоносни војни, исламизација на Европа и инквизиција? Каде ова, можеш да ни кажеш?
     
    На Someonespecial, Amellie13, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Тоа не е учење на религијата, тоа е историја. Учењето на религијата подразбира да се анализираат религиски текстови и пракса.
     
    На Just.do.it, Bitter-Sweet, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Крстоносни војни и инквизиција немаме учено никогаш, ниту во основно, ниту во средно. Колку што се сеќавам ниту во книгите не е опфатено. Исламизација да, преку Отоманската империја, ама само накратко од историски аспект. И како што спомена членката погоре, тоа не се однесува на изучување на религија.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не треба да се учи ни етика на религии, ни да го има како изборен предмет, ни никако.

    Дома, учете ги што сакате.

    Религијата не те учи на етика, тоа што го гледаш од семејството и околината, тоа те учи на етика.
    Прост пример: Да не фрлам ѓубре на улица, научив од родителите.
     
    На staycalm, noteforself, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Љубопитна сум кои се аргументите за учење веронаука? Ја прочитав темава и наидов на тоа дека учи морални вредности, мир, толеранција итн. Звучи добро во теорија, кој не би сакал масовно да го имаме тоа? Сите ќе имаме придобивки и посмирен живот. Кога би се предавало тоа на некој идеален начин без да се наметнуваат ставови, туку како учење на прифаќање на различности. Така немам ништо против да се изучува.

    Е сега цел отпор е поради една огромна (и оправдана) доза на скептицизам дека кај нај би се предавал и изучувал соодветно овој предмет. :D
    Прво, треба да најдат наставници во доволно голем број за да бидат застапени во секое училиште кои се со целосно отворени видици и толерантни за да може да го предаваат предметот.
    Второ, ќе треба да се изучуваат поголем број религии приближно еднакво. Мислам дека можно е дел од поборнициве за изучување на веронаука да се премислат кога ќе треба децата да им ја учат 1/5 од времето нивната сопствена религија и 4/5 од времето да учат туѓи религии.
    Трето, освен интерактивна настава за да има поголем ефект, би требало да се предава и за атеизам/агностицизам. И неминовно би требало да има дебата наука vs. религија. Со оглед на масовноста на религиозниот народ кај нас и верувањето во теории на заговор, ова е прилично клучна тема. Идеално би било да се предава како науката и религијата не мора да се исклучуваат меѓусебно. И овде го имаш моментот кога свештениците ќе се замешаат со оглед на тоа колку се прилично анти-наука кај нас. Значи додатно во изучување на предметот ќе треба прилично да се ограничи влијанието од свештеници. Колку тоа би било можно во пракса?

    Мислам дека има подобри начини да се учат децата на морални вредности, мир и толеранција. Особено додека се помали, наместо трупање предмети без врска мислам дека би било добро да има спортски, музички или било какви други активности што се задолжителни. Затоа што прифаќањето на различности е многу полесно кога се директно соочени со нив. Кога ќе имаат преку некоја забавна активност интеракција со деца поразлични од нив. Би им ја олеснило работата и на родителите. Наместо да ги носат по активности децата, тоа би било достапно во училиштата. Уште поважно е дека би било достапно за сите деца, бидејќи е бесплатно.
     
    На lovestoneddd, GrimTheReaper, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Најдобро би било да се бира помеѓу веронаука и друг предмет, кој од поинаков агол ќе обработува слични теми,а ќе го посетуваат оние деца чии родители се атеисти....( граѓанска култура или нешто слично )

    Во рамките на веронауката како предмет да може да се бира дали ќе се изучува христијанство или ислам.
    Не сме во Индија, па да изучуваме хиндуизам,браманизам, будизам и сл.
    А,секако едуциран наставен кадар,ќе ги обработи и тие теми, бидејќи сме дел од светот ,а децата се љубопитни.

    Идеално би било наставниот кадар да биде составен од идни свештеници или оџи , кои завршиле или се пред крај со студиите.

    Поголемиот дел од верниците и не знаат да си ги подучат децата, бидејќе освен традиционални обичаи и самите не знаат многу ,поради пола век комунизам , во кој живееле нивните родители.
    А и најважно и најинтересно е учењето врсничко.

    Не гледам што е лошо да се научи некоја молитва и да се посети некоја црква.....можеби токму тоа утре ќе помогне да се надмине некој страв, да се победи некоја траума, да се направи некој избор, да се преболи некоја болка.

    Не се сите верници монаси ,многу мал е тој процент....не разбирам од каде доаѓа толку голем отпор, кон нешто што базично само љубов и мир нуди...
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.573
    Не е време на Ренесанса па да се пропагира религија како решение на се. Мир ќе има некој кога ќе има добро ментално здравје, кога нема да има анскиозности и слични работи кои се почести денеска, а не со религија и со молитва. Океј е ако си го практикувате, ама проширување на тоа знаење може да се прави преку литература, интернет, одење кај свештени лица. И тоа само кај индивидуи кои доволно се возрасни за да знаат што е религија, Бог и свесно да се интересираат за тоа. За дете Бог и Дедо Мраз е исто. Детската психа не е доволно развиена за да ја гледа религијата како што ја гледа возрасен човек.
    Ете јас учев Етика во религиите. Професорот беше добар, но предметот чиста глупост. Не тераа да се прекрстуваме на почетокот и крајот на часот, да ги учеме божјите заповеди итн. Спротивно на тоа, во средно учевме предмет Психологија кој ми ги отвори видиците на скроз друго подрачје и работи кои се се почести денеска и реални.
     
    Последна измена од модератор: 21 јуни 2021
    На Bezimenka90, Someonespecial, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Pa ne sme ni vo Avstralija, Afrika, tuka nema pustini i sl, a sepak uchime i za toa.
    Generalno sum protiv izuchuvanje religija vo uchilishte od prichina shto ima pokorisni i povazhni raboti shto treba da se uchat. Primer psihologija, kako shto objasni @Just.do.it
     
    На Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Ајде да не се учи за хиндуизам, будизам.... Ама да не се бира помеѓу христијанство и ислам, туку и двете религии подеднакво да се учат, инаку часовите ќе бидат без вистинска цел. Целта на часовите не треба да биде детално запознавање со религиите, туку учениците да научат да ја прифаќаат и туѓата религија, да имаат почит и да бидат толерантни. Тоа е важното и потребното во оваа наша држава. Да нема омраза, да нема поделби според религија.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Како модератор сакам да ве замолам кога си ги искажувате своите мислења тоа да биде без да пишувате навреди кон религиите и верниците :)
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Машки
    Јас кога учев религија, си игравме игри на компјутер, ептен беше лабав наставникот :D

    Иначе мислам дека треба, не за да станат верници (тоа е право дали ќе бидеш или не) туку за да ги научат моралните вредности на животот!
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    А тие се?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.