Цитирам: "Моралот се разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во филозофијата или како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се однесуваат. Моралот е една од најважните карактеристики на човекот."
Зошто без цел ? Зарем навистина мислиш дека било кој вистински верник чувствува омраза кон оние кои се од друга вера? Светот денес е претежно атеистички,па не гледам дека е прекрасно место за живот. По таа логика сите атеисти се добри ,чесни и мирољубиви. Инаку секако дека со духовното образование треба да се спомнат и другите светски религии ,но секој својата да си ја изучува....тоа е мое мислење,бидејќи верувам дека со причина сме родени токму таму каде што сме родени.
Сето ова спаѓа под индоктринација, да не се правиме дека е учење кога се работи за деца. Посебно моментот кога родителите би бирале која ќе ја учат? Зошто родителите би бирале која религија ќе ја изучуваат во училиштето ако веќе приватно по дома си ја практикуваат?
Затоа што најмногу од религиите произлегува моралното учење, од самиот почеток на религиите, концептот на самата теорија на религијата е доброто однесување и почитување едни спрема други како и правење добри дела. Не дека не постои друг начин, секако за тоа е битно и домашното учење но сепак како предмет е потребен за да се насочат децата кон прав пат. Веронаука/религија јас кога учев беше изборен предмет помеѓу него и класична култура на европските цивилизации. А во 7мо учевме "Етика на однесување" задолжителен каде пак беа најмногу спомнати религиските теории во лекциите покрај мислите на големите доброделци (Ганди,Тереза и сл).
Ne se soglasuvam celosno. Moj izbor e dali ke sum hristijanka ili muslimanka ili budist, ateist i sl. Apsolutno ne gledam potreba od izuchuvanje vakov predmet. Namesto da se uchi ova, bi trebalo da se uchi za bullying, i za sekakov vid nasilstvo, od aspekt kako da se prepoznae, kako da se sprechi, kako da se pomogne na zhrtvata, kade da se prijavi nasilstvoto i sl. Vo uchilishte mnogu e zastapen bullying, posebno vo posledno vreme. Na toa treba da se obrne vnimanie, a ne na religii, veruvanje vo Bog i sl.
Моментот кога религиски пропагатори ќе се најдат во училница укажува на почеток на крајот на образовниот систем. Настрана тоа што некои религии имаат тврдења што не вреди ни да се дискутираат од научен аспект, самиот концепт на верување е целосна спротивност на концептот на учење. Во никој случај образовна институција не смее да си дозволи да создаде таква атмосфера. Воведување посебен предмет за религии е токму тоа. Да беше така фино како што опишувате, демек објективен осврт на сите религии подеднакво, изнесување историски факти и промовирање толеранција, дали поповите ќе бараа да се воведе ваков предмет толку ентузијастично? Бараат затоа што сакаат да се пикнат во образование и да ги трујат вашите деца со нивните демагогии. И верувајте нема ни да знаете што се дешава во тие училници и што им кажуваат успат на тие деца. Јас учев изборен Етика во религии во шесто. Дали го избрав? Фала курцу не. Школото е свесно на кој наставник му фалат часови и на нас ни беше кажано што да заокружиме на ливчето. Не верувам дека во сите училишта е вака, ама кај мене беше, а тоа е one too many. Етика во религии е широка дисциплина и има простор да се разгледува објективно, ама не за деца од шесто одделение. Учебникот беше прво општо за етика демек, а после за религиите посебно. Не се сеќавам која колку ја имаше, ама се сеќавам дека скренавме од учебникот и 80% од часовите беа за христијанство. Читање Библија за деца и слично. Ама има многу поекстремни случаи. Во друго школо истиов предмет, наставничката им ги сечела мартинките на деца со изговор дека тоа е паганска работа. Друг случај, далеку посериозен, наставничката буквално ги терала децата да постат, а родителите дознале за тоа дури откако детето почнало да одбива да јаде дома. И ми кажувате сега дека ви се ризикува доволно да ставите вакви луѓе во училница и ви се ризикува да им верувате што ќе им кажуваат на тие деца зад затворени врати? Ниеден родител не смее да го дозволи ова, рецепт за катастрофа е. Мораме да ги чуваме догматските концепти на размислување надвор од училниците, тоа е единствен начин да се заштити науката, за да не дозволиме да израснеме наредна генерација на луѓе што веруваат во петџи чипови, бил гејц итн. Воведување веронаука или како и да се викаат предметите, е slippery slope до таква катастрофа.
И неверници знаат за почит. А од каде? И јас имав она со класични култури и етика после. И мило ми е што немав веронаука или слично оти неќам да замислам колку кринџ би бил еден таков час.
И атеистите имаат еден вид на свое толкување. Пример комунистичкото учење, каде најнапред е ставена еднаквоста на работничката класа која преку одредени шеми се водеше одреден концепт на моралот, не само на работникот туку на севкупниот човек како суштество како треба да се однесува, најмногу тоа го толкувал Фридрих Енгелс, каде вели дека религијага е отров за човекот и не може со сила да го натераш да се отргне од религијата но затоа дајте му на човекот да чита филозофија и наука и ќе ги спознае работите и законите на природата вклучувајќи го и човекот како дел од природата каде ќе ја сфати суштината. Некои атеисти се морални преку тоа што примиле од опкруженото опшеството можеби од религијата, пример се нашле во дискусија поврзана со моралот но останале цврсти на своите ставови околу бог, но сфатиле дека не човечките однесувања се штетни за самата личност и појава а и за самото опшество.
Ако ви треба семоќно и сеприсутно битие да ви наметне морал, моето скромно мислење е дека моралот ви е кревок. Моралот треба да се должи на common sense. *Агностик сум - ако го интересира некого.
Лол. Не знам од кај извади сега комунизам, па класи па Фридрих, Мидрих. Ако стават фанатици да предаваат, веруј ми нема да се учи за добро однесување. А секако ќе стават. Нема апсолутно никогаш никаде да им послужи ваков предмет оти ќе учат за нешто што е фиктивно. Јас велам да учат Атеизам. Why not?
Изучување на постапките на религијата. Ајде уште еднаш: зошто седмоодделенци би учеле религиска пракса?
Иако не го делиме ставот за тоа дали треба да има веронаука или не, многу добро аргументирано, ваквиот тип на дискусија е тоа што ме натера да се приклучам на форумов. Прво, си ги прочитала другите мислења и сфаќаш дека никој не се залага за индоктринација и читање молитви, туку за запознавање со религиите (множина). Многу ми се допаѓа идејата за паралелно учење и на Атеизам/агностицизам, тоа се термини за појави во општеството кои е штета и срамота да не се знаат како дел од општа култура. Мојата појдовна точка во дискусијава е од моето образование каде учевме за сѐ околу нас, а ништо за тоа во нас, како ние да живееме, како да се справиме со тагата, гневот, зависта, неуспехот и сл. Нека се предава психологија наместо религии, немам проблем, идејата за изучување на религија ми е бидејќи мене лично ми помогнала како водич низ животот, а е нешто што е илјадници години во секој можен систем и според мене, глупаво е да се игнорира.
Логично е. А и напишав дека основите на секоја религија треба да се спомнат. Да се спореди,да може да се препознае.
Аналогно на тоа, да не учат по историја за црнците кои биле угнетувани како робови порано пошто во РСМ нема црнци?
Значи будистите, таоистите и сите други религиски малцинства во Македонија ќе бидат дискриминирани според твојов концепт.
А доколку се воведе веронаука, дали тоа ќе биде дискриминаторски према семејствата кои не веруваат во Бог, богови, свети животни, што год и да веруваат? Зошто нема учење на атеизмот, побивање на теории за постоење на горенаведеното? Како што теистите ги наметнуваат своите верувања уште од најрана возраст на детето, така и атеистите не би сакале некој да му го пере мозокот на детето. Понатака ако сака да се информира, слободно нека се похристијани, исламизира, нека грепка со гребло у песок или нека чува крава и нек се моли во неа. Оставете ја религијата да биде избор. Воведување на веронаука ми е исто како јеховин стопан што ѕвони на врата и дели памфлети за воспевање на бога. Пошо образованието многу ни е арно, утепај ги децата уште со религии.
Се криете позади запознавање на религии, учење на морални вредности, а овде некоја членка спомна избор од родителите која религија да се учи. Како општеството да не нѝ е доволно поделено, па треба уште повеќе поделби за да се истепаме. Да не се лажеме, знаеме дека сите религии проповедаат дека баш нивната е вистинската и промовира нетолеранција кон сѐ што е различно или не се согласува со нивните доктрини.
Ниедна религија не промовира такво нешто, тоа е само грешно тумачење на некои грешни умови. Исто ко ,,најголемите,, верници што проповедаат burn the bitch . Ваљда пошто на фб се едуцирале Сепак, пошто веројатноста да предавачите бидат испрани мозоци е голема, веронаука на училиште- подобро не.