Може не се залага овде во темава (всушност и во темава еве погоре за тоа се залага членката), ама надвор од темава тука? Всушност сите поборници за воведување на веронаука баш за тоа се залагаат. И затоа има толкав отпор, нормално, затоа што сепак сме секуларна држава. На пример, јас додека учев се запознававме со религиите преку историја и македонски јазик и литература. Се обработуваа во прва година како дела Библијата и Куранот (90% Библијата) и ја читавме од корица до корица. Мене ми е тоа прифатливо особено поради начинот на кој се обработуваше Библијата. Читавме и дискутиравме слободно и после тоа се просветлив и од дете воспитувано како православен христијанин станав агностик. Значи ако предметот дозволува дискусии и отвара простор за критика на учењето на религиите, не би ми сметало многу. Ама гарантирам дека тогаш не би барале таков предмет. За психологија, философија, социологија се согласувам. Веќе се учат, ама само на некои смерови мислам. Според мене би требало да се учат на сите смерови и во сите години.
Па ако некој родители сметаат дека нивните деца треба да изучуваат будизам и сл.....и ако пронајдат наставник кој ќе им предава , а да е квалификуван за тоа ,лично немам ништо против...секако цело време зборувам за избор...
Скоро цело полугодие ја обработувавме, дел по дел. Не знам дали толку било предвидено. Не верувам, затоа што професорката си тераше по нејзина програма.
Веронаука ни како изборен ни како задолжителен. Школото не е место кадешто треба да се учи веронаука.
Да, филозофијата се учи и треба да се учи, најстара наука од која се развиваат другите науки. Религијата не е наука, веќе членките наведоа причини зашто да не се изучува веронаука.