Основниот постулат на науката е тестабилноста. Што од веронауката е тестабилно и може да се создаде и во лабораториски услови?
Добро, утврдивме дека веронауката не е природна наука, па ајде сега да ја протнеме како општествена. Историјата си има материјални докази за она што го проучува, од кои докази потоа влече заклучоци и ако е потребно теории. Веронауката какви материјални докази има?
Споредуваш веронаука со историја? Ете да те потсетам на историските извори, кои докажуваат за историските настани и со тоа историјата се вбројува во науки. Кои докази има за религијата?
Ја не знам дали си сериозна или саркастична, али не само што не е наука, туку е нешто спротивно на наука. Науката се базира на докази, експерименти, факти, религијата на субјективни верувања и догми, а догма по дефиниција е нешто што треба да се прифати слепо, без никакви докази или проверки, науката трпи промени, секако со соодветни докази...догмата е непроменлива. Да не зборувам колку е смешно што имаш куп религии и сите тие тврдат различни работи, често контрадикторни. Тоа ти е коа да имаш куп математики, во едната 1+1=5, во другата 3, во третата 14, во четвртата 28, во петтата 90...и сите тие тврдат дека се вистинската математика.
Секако дека е наука, изучувањето на кој било јазик спаѓа во наука т.е. лингвистика. Фонетика и фонологија (изговор), морфологија и лексика (зборови), синтакса (реченици), семантика (значење) - сите тие се гранки на научна анализа со свои практични правила. Историјата, пак, се занимава со факти и реални настани во минатото. Во нејзин склоп доволно објективно се учи за карактерот, развојот и ширењето на најпознатите религии - со своите заслуги во ширење на писменост, уметност, архитектура, но и негативните страни - насилството, војните и окупациите во нивно име. Што не е случајот и намерата зад посебен предмет како веронаука
Па...можеш Пример по полураспад на C12 да докажеш некоја вазна или статуа или оружје или било каков антички предмет колку е стар и по тоа да познаеш кој и каде го изработил или користел
Дали според историски и лингвистички факти, постои македонски јазик и нација, и ако да, како може да е тоа предмет на преговарање Се е подложно на ревизија и поинакво толкување, ко стигнавме до фаза да негираме биологија, не знам за што праиме муабет. Се е наука и ништо не е наука. Се е политика уствари. Зависи само од маркетингот.
Религијата не е наука, не знам што има тука да се дискутира, науката бара докази. Не мора да е наука за да се учи во школо, музиката, ликовната уметност не се исто така.
Е видиш у религии го немаш тој проблем...си пишуе у китапот дека Земјата е 6000 години стара и тоа е тоа, ни тестирање, ни докажување ни ништо...е сеа е малце заебано ако друга религија вика нешто друго, а уште позаебано е ако има докази кои го негираат тоа...али ти си се држиш слепо до твојот китап и ич не ти чуе.
Ако има факултет, признаен од државата, во рамки на УКИМ, што е тоа? Извидничко друштво? http://www.ukim.edu.mk/mk_struktura_contact.php?inst=38