1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на дигитални учебници

Дискусија во 'Образование' започната од злоба, 19 април 2021.

?

Дали сакате да се воведат?

  1. Да

    15 глас(а)
    11,5%
  2. Не

    115 глас(а)
    88,5%
  1. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    20210419_172115.jpg

    20210419_172331.jpg
    20210419_172348.jpg
    20210419_172407.jpg
     
    Последна измена од модератор: 20 април 2021
  2. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Најголемата глупост што може да се случи со воведувањето на дигитални учебници.Сведоци сме во изминативе година дена како децата се снаоѓаат со онлине наставата.А плус згора на тоа уште и дигитални учебници.Дали тие се запрашале дали секое дете има можност за да поседува компјутер, што ќе биде со видот на децата тука ќе страдаат очите и онака повеќе од половина од децата се со слаб вид 1/3 носат наочари а сигурно уште толку треба да носат или се страната или пак немаат пари да ги купат.А овие ќе воведуваат Електронски учебници.Катастрофа
     
    На NewMama, mssuniquee, Selest и 12 други им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.962
    Допаѓања:
    8.701
    Пол:
    Женски
    Не сум и никогаш нема да бидам. Колку сакаат нека одат напред со "новитетите", едноставно ништо нема да произлезе добро, па генерациите многу повеќе ќе паднат на ниво на знаење. Не дека и досега го имаше, туку ајде.
     
    На NewMama, christinnn, Traveler91 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Сметам дека екстерното тестирање беше шеќер заразлика од оваа глупост што ја предложи оваа неспособна и каприциозна мала министерка.Зарем мисли дека ние со ова на Марс че стигнеме а немаме елементарни услови
     
    На NewMama, Traveler91, Selest и 6 други им се допаѓа ова.
  5. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Фактички сами ќе си ги принтаат. Значи трошоци плус.
     
    На Traveler91, t.a.m, Karamela12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост од ова нема. Каде пола младина е неписмена поради компјутерите, сега уште повеќе да отупат со нечитање книги. Ова не се однесува само на учебниците, туку ќе има влијание општо на навиката за читање книги.
    Мора да се направи голем притисок, инаку децата и неписмени, и оќорени ќе ни станат.
     
    На Traveler91, Selest, edna_malecka и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1618909893910.jpg се што имам да кажам на темава....
     
    На christinnn, shz, VDT2906 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.350
    Пол:
    Женски
    Тешка глупост.
    Ем немаат сите деца компјутер и интернет(некои немаат пари ни за печатени учебници,па камо ли за овие),ем и за и тие што имаат не е добро да седат саати пред компјутер поради видот.
     
    На NewMama, Traveler91, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Не е ниту потребно да се направи ова, ниту добро.
    Читав дека оние кои немале услови ќе им испечателе книги, наставниците ќе им обезбедиле учебници. Прво е дискриминирање спрема тие ученици а второ сите знаеме какво е образованието кај нас така да секако лошо ќе се одрази на тие ученици, сами ќе треба да се снаоѓаат, тоа обезбедување книги е само мачкање очи.

    Со дигиталните учебници само ќе се уназадат сите. Не треба да се спроведе ова, само штета ќе донесе.
     
    На Осе, Traveler91, Selest и 4 други им се допаѓа ова.
  10. sunshinebabe

    sunshinebabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    6.563
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост од ова амин.

    Нашето образование е еден голем хаос, а со ова ќе биде донесено до пропаст.
    И самите знаеме дека децата поголем дел од денот го поминуваат пред телефоните, а кога ќе ги воведат и овие дигитални учебници, децата нема глава да кренат од телефоните.
    И онака има неписмени деца, вака уште толку ќе има.

    Едно големо НЕ.
     
    На Traveler91, Anie93, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Дигитални учебници како опција покрај печатените - да. Но не и како исклучок. Не гледам причина и корист од ваквото решение. Само уште повеќе зјапање во екраните, главоболки и неефективно учење.
    Така што, апсолутно сум против.
     
    На Traveler91, edna_malecka, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Божеее
    Па уште и кој нема ИТ опрема да си испечати книга :drunk::drunk:
    Па не се свесни дека уште повеќе ќе се деградираат децата од посиромашните семејства...:headbang::headbang:
     
    На nena2010, Traveler91, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.025
    Допаѓања:
    10.582
    Пол:
    Женски
    Ќе даваале таблети и ИТ уреди на реверс. Што значи ќе даваат таблети и ИТ уреди на деца од социјални семејства и деца што не можат да си дозволат, но ќе бараат од родителот да потпише изјава дека ако се оштети или скрши уредот ќе го платат. Тоа е дете, може да му падне, може да се оштети, океј е да даваат ама да го обврзеш да го плати ако го оштети не е во ред, знаејќи дека еден уред кошта отприлика колку месечната социјална помош. Во однос на другото, немам замерки што ќе учат од компјутери и таблети наместо од учебници, тоа го сметам како придобивка за околината.
     
    На edna_malecka, theowndemon и Indiegurl им се допаѓа ова.
  14. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Доколку сакааме да не се случи оваа глупост само надвор на улица ништо друго
     
    На Traveler91, Selest, Anie93 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Различно е чувството со физичка книга и веб верзија зошто се може да се случи. Овака со физичка копија немаш зафрканции, не ти се губи, не треба лаптоп или таблет да ти се исклучи сред учење. Мила сакала визуелна репрезентација да им се дадело, епа easy, инвестирајте во софтвери што ќе бидат наменети за различни предмети. Пример хемија нека имаат апликација за да изведат експеримент со различни состојки, исто и за физика, поинтересно е да гледаш задачата како визуелно ќе ти се изведе, неголи само формули да бубаш на памет. Или нека инвестираат во лаборатории за училиштата. Значи имаат опции, само со глупи иновации постапуваат.

    Единствено што ми се допаѓа е учебниците на Брајово писмо и аудио книгите. Тоа одамна требаше да го воведат, тек сега им текнало...
     
    На sunshinebabe, Traveler91, glosipgirl и 6 други им се допаѓа ова.
  16. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    ^потполно се согласувам за аудио и книгите со Брајово писмо. Тоа е единствената позитивна работа што ја прочитав.

    Јас сум за да има дигитални учебници кои ќе се користат во училиштата паралелно, како дел од наставата. На овој начин децата не ќе мора да носат тешки учебници со себе. Но, за учење неопходно е да се користат печатени учебници. Пишува дека не се обврзани сите да користат дигитални, а дали ќе можат да печатат бесплатно во училиштата е друго прашање. Најдобро е да им се даваат и печатени и дигитални учебници на сите подеднакво.
     
    На Ambitious и злоба им се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Колку глупа работа е ова се со цел да ги осакати децата и ќорави да шетаат.
    Друго колку по нови и напредни трендови смислуваат толку општество поназадно и по затупавено станува. Не, воопшто не сум за да се воведат дигитални учебници, а идејата за брајово писмо и аудио книгите им е добра.
     
    На eliesaab, edna_malecka, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Ако ова се оствари, ни следуваат уште повеќе неписмени генерации. Веќе и вака децата поминуваат премногу време пред компјутер и телефон, плус онлајн настава, ајде сега и учебници електронски. Па ајде веќе се нека се одвива на компјутер, нека нема повеќе социјализација меѓу децата и луѓето. Дали се нормални?
    Ништо добро не би испаднало од тоа, освен оштетен вид кај децата, умор и неписменост.
    Јас кога во средно и на факс морав да читам скрипта од компјутер или на мобилен очите ме болеа, се нервирав и најчесто на крај морав да испечатам за да можам да научам.
     
    На Traveler91, Selest, злоба и 2 други им се допаѓа ова.
  19. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Во врска со учебниците треба да им се даде избор на учениците покрај книга како досега , да можат и да се користат и дигитални учебници.
    А не како жабата кога видела дека на коњот му ставаат потковица и таа ја кренала ногата:D.
    Значи и многу поразвиени земји од Македонија не ја имаат воведено оваа глупост иако имаат услови многу подобри од нашиве да не кажам 10пати.
    Е сега сметам дека тука кај нас министерството секогаш кога ќе воведува некоја новост во образованието тоа го прават од ракав без да размислат дали имаме услови за тоа.Исто се случи и со онлине наставата, се воведе без пред тоа да се обезбедат минимални услови за истата.И затоа сега успехот на учениците е таков каков што е, со половина и повеќе послаб.
    Нашава земја е на ниво на Занзибар , Того, Кенија и некои посиромашни земји.Не секогаш имаме струја во секое населено место, нема секаде 100% покриеност со интернет врска, не сите имаат уреди за да се вклучат.Значи тука треба етапно да се исполнат овие услови и пак ефектот на е ист.
    Книгата е најверниот другар на учениците , многу му дава а за возврат не бара ништо.
    Од искуство држам онлине часови а децата место да ме следат они си играат игри и кога ќе го прашаш не знае до каде е што и како.Затоа оваа глупост треба да престане под хитно!
     
    На Selest, Ladyyyy567* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.