Многу голем проблем е што се злоупотребуваат учениците да бојкотираат настава. Треба да има казни за организаторите, затоа што злоупотребуваат малолетници. А прашањето е сосема тривијално, не што ќе пишува во учебниците, туку какви ќе бидат. Не содржина, туку форма.
Дел од нив ќе бидат дел од самите учебници. Дигиталниот учебник е соодветен ако во себе треба да има биде интерактивен. Друго содржини треба да има на различни платформи (на пример ЕдуИНО, Отворени Образовани Ресурси, и платформата на МОН). Може да се користат и едукативни видеа и слично. Наставниците треба да се подготвени и да бараат такви материјали. Пример за математика може да се симнуваат многу задачи онлајн. Има милион на интернет. Супер скоцкани и подготвени. Во Обединето Кралство самиот наставник прави компилација на материјали од различни извори (вклучувајќи и видеа што се гледаат на телевизор или бела интерактивна табла; квизови, инстукции како нешто дома да се направи -пример вулкан со сода и оцет и слично). Кај нас може и да се додели улога на Биро за Развој на Образование да развива такви материјали. Може Наставниците Советници да се вклучат во развој на материјали (секако тоа им е напишано во закон како задача).
Супер, во обединетото кралство имаат трилиони материјали на англиски. Во МК што? Секако се може, ама ми се чини дека идејава им е само да не го принтаме материјалот и тоа е тоа.
Е па пишав дека треба да се развиваат материјали де. Не реков дека сме супер. Ама исто пишав дека парите што се користеа до сега за печатење на учебници може да се пренасочат на другите активности. Пишав и кој би можел да се вклучи во развој на материјали и каде би требало да се поставуваат.
Секако. На пример тренирање коњи и магариња. Историски емпириски е потврдено дека пренасочувањето е секогаш правилно. Ништо лично против твоите идеи, искуството не направило скептични.
Е тие пари за кои ти се смееш беа Европски. Од Еразмус. И тој конретен проект беше навитсина ОК. Ич беше за тоа за што медиумите го спинуваа. Зашто лесно беше на сите „стручњаци“ да се смеат на тоа. А и да било за тренинг на коњи и магариња пак е во ред зашто било вклучено Средно Стручно школо. Оспособување на децата да работат после средно стручно е навистина битно. Парите без проневерени на друго место. И директорката ќе си го добие за тоа. Не знам како поврза баби и жаби ама ај нема врска.
Зборувајте ми колку треба да сме како во светот и Европа... па ГБ вака, САД онака, Финска... Ќе сме биле модерни, од таблети ќе учеле децата, бла бла. Од се што требаше да се среди во образованието, тие за дигитални учебници се фатија. Во прилог слики од училиштата во МК.
Ќе се пренасочат, my ass. Досега што не ги средуваа распаднатите школи било зашто немало пари за тоа? Хахахаха насмеј ме уште малку те молам. Пред 10тина години сами ученици купуваа учебници. А тогаш не се сеќавам дека блескаа вецињата, барем јас каде што учев. И во државна во едно веце врата немаше до полани, сега кујзнае дали ставиле. За една врата да се стави на што да се скрати?
Ако се смени формулата за финансирање на школите и ако школите се обврзани да ги трошат парите како што треба (без малверзации на пример за потпишување дека примиле нафта кога не примиле и слично) ќе има пари за се. Знаеш дека сега е со блок дотации кои поминуваат преку општина. И тука има на ти го дај ми го со градоначалници и слично. Ова се е резултат на недостаток на финасирање на образование и недомаќинско работење од сите страни. Пишав дека требаат повеќе пари за образование, ама и промени во начин на финансирање на школите.
Образованието може да се финансира повеќе и без ваквава мерка. Ако се дигитализираат, ако не ги бива, и со дигитални учебници нема да ги бива, факт. Не знам зашто мора едното да се случи за да го има другото. Ене за зградите кај Холидеј ин ме интересира од што морале да скратат, пошто нели, немале иначе пари за толкави згради? Може да не се градат тие згради и истите работници да се платат за да се санираат школите. Зашто баш од нешто битно за децата да се крати? Али касно е за тоа.
Реформите се потребни и неопходни во нашето образование, но...зошто се почнува од кровот кога нема темели? Одлично е да има дигитализирани учебници и тука не се мисли на пдф како што некои го сфаќаат тоа, се мисли на интерактивни учебници кои навистина ќе бидат интересни за учениците и ќе им помогнат и на наставниците. Сметам дека во овој случај треба да останат и печатените учебници, па со тек на време ќе се види дали се потребни или не, но... едно големо НО...ние го немаме скандинавскиот стандард и менталитет. Училиштата до пред пандемијата немаа сапун во тоалет, наставниците печатат тестови дома на свои печатачи или одат во фотокопир оти во училиште тонер и хартија нема. Сега за време на онлине настава наставниците користат свои компјутери, голем дел ученици следат настава на телефон, има и такви со печатени материјали бидејќи немаат ни телефон. Во зима во некои училишта греењето е минимално, па ученици и наставници седат наоблечени. Сега ќе имало библиотеки со дигитални уреди и ќе можело да ги користат учениците. И да ги има и да се обезбедат овие уреди кој ќе ги одржува, кој ќе одговара кога детето ќе го расипи, скрши или изгуби тој уред. Ќе се бара да се плати од родителот кој нема средства, ќе одговара наставникот, ќе има државни средства за да се купи нов? Децата сега учат со искинати книги оти нема пари да се обновуваат барем на 2-3 години ако не секоја година и сега веднаш ќе купуваме дигитални уреди. Да, еднаш можеби и ќе се купат со туѓи пари, но што понатаму, каде е одржливоста на сето тоа? Друг проблем се наставните програми. Постојано се експериментира и секогаш теоретски сите се залагаат за подобрување, но ефектот е спротивен. Не може во трчање да се прават промени на нешто што е толку комплексно. И зошто тие промени една година не се спроведуваат на неколку избрани училишта во град, во село, во училишта со различна структура на ученици и различни услови да се видат позитивни и негативни страни, па кога ќе се спроведе кај сите да има помали штети, да се отстрани негативното. Долга и широка е оваа тема. Жално е што секогаш се гледа да се исполитизира и секогаш губат децата, а со тоа губиме сите.
Народниот правобранител констатира кршење на правата на децата за еднаков пристап до образование во услови на онлајн настава. Најмногу биле погодени децата од руралните средини, тие од загрозени семејства, како и децата со попреченост се констатира во годишниот извештај за почитувањето на човековите слободи и права. Омбудсманот бара институциите да ги преземат сите мерки за ниту едно дете да не остане надвор од образовниот процес. Уште кој да дојде да и каже на госпоѓата дека се глупира?
Колку треба да си отцепен од реалноста за да предложиш вакво нешто во Мк? Мора нешто друго да има во позадина, толку глуп никој не може да биде.
Госпоѓата очигледно живее во сопствен свет каде што е најпрепаметна и не и е гајле што галамат "небањатите", зашто тие не се на доволно интелектуално ниво за да ја разберат. Заради нечии хирови, ќе патат генерации.
Спојлер Еве ви за промена малку постручно мислење, од професорка на Филолошки факултет и писателка, меѓу другото и на книга за деца која последно ја има издадено. Сметам дека единствениот (и значаен) проблем со ова е финансиската достапност и класната поделба меѓу децата, инаку голем дел од критиките се погрешно насочени кон самиот дигитализиран формат и на тоа се гледа со параноја како да се уништува книжевноста, а не е така - е-книгите се веќе со години многу популарни и го прават пишаниот збор токму подостапен. Според мене, ако се прави некаква промена во овој правец, учебниците треба да се обезбедат и во печатена и во дигитална форма за учениците да имаат избор... ...како што впрочем е и последната официјална информација од МОН?
Љубовта кон читањето, односот кон книгата who the fuck cares? Дотаму е дојдено да се дискутира? Пред оваа колумна или статус, што и да е, треба да претходат многу други каде ќе опфати клучни проблеми што лежат во основата на оваа идеја, па после песнички да пишува за љубовта кон книгата. Демек за децата и нивниот однос кон книгата е оваа реформа. Објаснувањето за тие што нема да имаат можности им е - за нив ќе има книги, хибриден некој начин, дали книги, дали дигитално, малку ова, малку она, за едни вака за други онака. Свашта. Сакаш да си дел од генерација каде треба да се изјасниш дека дома немаш интернет и лап топ и затоа ќе пишуваш во тетратка додека оној до тебе со најновиот ајфон сликнал/ископирал за 2 секунди или напишал три страни за 10 минути а ти пиши бриши? Ова само за нееднаквоста, за други работи пишале многумина тука.
Вие прашувате, Мила одговара https://lokalno.mk/tsarovska-so-odg...alizatsijata-postavuvani-od-informaticharite/ Знаете ли колкав % од учениците кои сега следат online настава пристапуваат од мобилен телефон со МАЛ ЕКРАН КОЈ НЕ Е УПОТРЕБЛИВ ЗА УЧЕЊЕ? Сигурно над 50%. Проверете! Пристапот до дигиталните учебници и форматите на истите ќе бидат прилагодени за сите уреди, вклучително и мобилни телефони. Сепак, уредите кои ќе се обезбедуваат од страна на МОН ќе бидат со доволно голем екран за непречено и лесно користење на материјалот. Битно и преку мобилен ќе имаат пристап, тоа што преку мобилен не се учи- нот мај проблем Сир Оние што учат преку мобилен. ќе си учат преку мобилен, не знам што не е јасно. Ароганција во движење