1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на дигитални учебници

Дискусија во 'Образование' започната од злоба, 19 април 2021.

?

Дали сакате да се воведат?

  1. Да

    16 глас(а)
    12,2%
  2. Не

    115 глас(а)
    87,8%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    На ќерка ми класот синоќа одлучија да 'бојкотираат', оти не им се следеше часови.
    Буквално.
    Си се договорија децата... не ни знаат за што е бојкотот.

    И сега ќе бидат прикажани во бројка која е 'против законот'
    А нема врска.. само не им се учи.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    барања.png

    Ова се официјалните барања на ФБ групата “Учебници и настава мора да има“, кои се сретнале со МОН.

    Прочитајте ги точките и да видиме колкумина од нас се согласуваат со ова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост од ова со дигитализирање на учебниците, одамна немам слушнато.
    Дајте им гуд олд печатена форма учебници, ние од такви што учевме што ни фали? Ќе оделе технички напред, без очи ќе ги остават.
     
    На Ева33, Just_a_kid, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Во далечната 2011 година јас имав Етика на религии како изборен предмет. По тоа што се сеќавам матријалот беше натрупан, учевме за христијснството дури најпоследно (според мене требаше да биде меѓу првите), немавме ни учебници, ни диктираше наставничката од нејзина тетратка. Во глобала многу лошо беше за мене зошто немаше структура, си мислев дека предметот е повеќе за средно зошто на тие 11 години што ги имав, превише ми беше. Сигурно сега имаат книга, бар се надевам имаат.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ќе има и печатени.
    Секој ученик може да побара, ако му треба.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Прав ученик се знае како изгледа, независно дали е основно/ средно/високо образование. Со ранецот на грб со КНИГИ а не зјапнат по цел ден во компјутер, лаптоп, таблет и уште не знам што.

    Не значи дека се што е НОВО е во исто време и ДОБРО. Следно можеби ќе воведат да нема рачно пишување, доволно е да тајпува на тастатура.

    Секогаш имало неписмени ама ова сега веќе се допира дното. Арно рекле, ако сакаш да уништиш нација, почни од образованието.
     
    На Ева33, cresa-jagoda, Starrrrgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Па така нека кажат де, се знае што е болката, родово сензитивното сексуално образование наместо религиите. Целава хистерија е беспредметна, изјавено е дека избор ќе има и хартиени учебници ќе се обезбедат за тие што сакаат, а што се однесува до инклузијата на деца со посебни потреби - токму во измените се вклучени и аудио книги/Брајово писмо за учениците со оштетен вид на пример.

    Инаку, групиве за родители се тешка секта, гледам по принтскринови на социјални мрежи навреди до министерката и велат исфрлале разумни родители. За таа главната фб група што им е за протести добив инвајт, уште во полуписмениот опис на групата вришти иронијата.
    Искрено, мене како тазе дипломирана со официјално звање професор ова ми е толку демотивирачки. Страшно изгледа да треба да се справуваш со вакви луѓе, а и страшно е самото тоа што воспитуваат деца...

    Ооо не, ич не им го чепкајте на бумерите ранецот на грб од кој пола генерации добивме сколиоза, ама само мобилните и компјутерите се важи дека се лоши за очите :D
    Не значи ни дека сѐ што е „право“ и „се знаело“ со години наназад е во исто време и добро, ама кој да сфати :)
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На M.B., boomsleng, злоба и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Точно дека сѐ од порано не е правилно, ама точно е и дека сѐ што е ново не е прифатливо само зашто е ново.Не може на деца во развој да им се скрати изборот да ги тргнат очите и телото од екран, едноставно има многу здравствени проблеми кои ќе искочат и тек допрва ќе се гледаат.

    Рекла министерката дека ќе има печатени за тие што сакаат, хмм, баш ме интересира кое ќе биде тоа дете што ќе сака да се издвојува, се знае дека сите ќе молат и тие да бидат како другарите и се кладам дека печатени учебници ќе има многу малку, само за најзагрозените, таман уште толку да се издвојуват од другите.

    Не разбирам, која е придобивката од дигитален учебник, според вас кои ја браните одлуката?
     
    На cresa-jagoda, babybells и Celltica им се допаѓа ова.
  9. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Го почитувам секое мислење и како секој совесен човек сум за новитети во образование, но куќа се гради од темел а не од кров.

    Во држава каде што сеуште има училишта каде што се затоплуваат на дрва, а да не зборувам за хигиена и училишта со полски тоалети во 2021 година, каде за жал бројот е голем. Да тргнеме од таму, Второ, минималната плата на просечно семејство ја знаеме колку може да биде и сите сме свесни што се случи по училиштата со статичните компјутери. Трето, што е со физичкото и психичкото здравје на децата и тинејџерите? Мислам дека нема потреба да се коментира.

    Како што кажав, го почитувам секое мислење, ама дајте да бидеме реални. :)
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Баш тоа им е целта.
    Нема врска учебниците, пошто секој може да си ги има и во печатена форма.
    Да се укине родово сензитивното образование и од септември децата да одат со физичко присуство, без разлика каква е епидемиолошката слика.

    Иначе, истите тие “бумери“ (не се бумери, иначе, ГенХ се :D Ќерка ми ме вика бумер кога ќе се налути :D )
    ...истите тие... до пред 5 минути квичеа оти децата носат тешки ранци, ама сега, наеднаш, магично... заборавија на тоа...
     
    На boomsleng и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Остај ти што е изјавено за мачкање очи на јавноста. Во законот што сакаат да го донесат по брза постапка убаво си пишува.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Кој ќе обезбеди печатени книги ако некој ученик побара?

    *Сето тоа ќе оди на трошок на родителот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Колку што разбрав, МОН ќе обезбеди.
     
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ахааа, да спиеме на тоа уво!

    Ако е така, тогаш секој ученик ќе сака печатен учебник, а не дигитален.

    Грото родители(вклучувајќи ме и мене како родител) ќе се изјаснат дека "немаат" дигитален уред, и ќе си учат децата со книги (нималку срамно или деградирачки)

    Дупло трошоци за МОН?

    "Чуму" дигитализација тогаш?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Оти во училница ќе се учи со дигитални презентации.
     
  16. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Моментално еве сестра ми две години немаат учебници по некои предмети, “сеуште биле во печатење” и ти сакаш да ми кажеш дека они сега кога им е задолжително да обезбедат не обезбедуваат а па тогаш.. смешки
     
    На cresa-jagoda, babybells, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ахааа, пак ќе кажам.. ДОЏИ ЈУЧЕ...

    Тие една Национална Програма не можеа да направат саглам, и да ја стават во функција(а грна пари зедоа за тоа) ќе воведуваат целосна дигитализација (facepalm) (facepalm)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ви го разбирам скептицизмот.
    Искрено и јас сум скептик дека ќе биде ефикасно спроведено.

    Ама се надевам.
    Пошто навистина ни треба реформа во образованието.
    Греота е што произведуваме неквалификуван кадар.
    Глобалниот пазар ќе не изеди... и веќе не јади.
    Не можеме да опстаниме вака.
     
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Реформи да, ама прво најосновните и најпотребните.

    Сегашниве се најнепотребни во моментов.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Се потребни и овие.
    Моделот на кој се одвива наставата не е ефикасен.
    Затоа ни се толку ниско рангирани учениците по знаење.

    Се согласувам дека треба и училишта кои не се распаѓаат и опрема и греење, а не родителите да купуваат греалки... ама тоа нема да го реши проблемот со методите кои се користат и кои се неефикасни.